RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Доста опширна тема која ќе се обидам да ја скоцкам во помал вовед.
Имено, ако некогаш важеше дека средовечна криза ве удира некаде околу 40-ка, сега границата е толку намалена што млади луѓе во 20-ти години се жалат дека ја доживуваат таквата криза.
Ко што вика Ведер:
24 years old, Mid-life crisis
Nowadays hits you when you're young
Имате еден куп млади луѓе кои можат да ви потврдат дека симптомите кои ги доживува маж или жена во 40-ти години ги имаат осетено и самите. Проблеми со идентитетот, страв од смртта, страв од иднината, староста, обид да ја предвидите на секој можен начин, се плашите од се и сешто. И она што е уште потрагично е што во средина на 20-ти се чувствувате истрошено и најтрагичното е што маваме дијазепами како бонбони на овие години. И не нема врска со тоа каде живееме ние, дека економијата не ни ја бивало. Ова е општ светски проблем и цело студии се обидуваат да му го најдат чарето.
Ја знаете онаа сцена од Fight Club кога Едвард Нортон посакува авионот да му се сруши?
Чак Паленик и Финчер само ја прикажаа духовната состојба на речиси целиот современ свет. Средовечна криза која те стига побрзо од било кога. Тогаш кое е чарето и уште подобро прашање, каде е коренот? Пребрзо ли живееме, прерано ли доживуваме работи кои генерациите пред нас ги доживувале подоцна? Ама ко ќе видиш имало сексуална револуција во 60-ти години и 70-ти години, па немало вакви дефектни генерации со толку изразени духовни кризи.
Најинтересното е дали сето ова е резултат на тоа што сме генерации со фиктивни проблеми. Не сме гладни, не сме жедни, либералноста ви овозможува да почнете врска кога сакате, имаме покрив над глава, современиот свет не се соочува со војни (тешко дека некој талибанец ќе ве сфати што зборувате). Па не направи ли новото време размазени, а со тоа и дефектни?
И последното и најважно прашање. Ви се случило ли досега да се соочите со ваква криза и како сте ја минале?