Прерана средовечна криза

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Доста опширна тема која ќе се обидам да ја скоцкам во помал вовед.
Имено, ако некогаш важеше дека средовечна криза ве удира некаде околу 40-ка, сега границата е толку намалена што млади луѓе во 20-ти години се жалат дека ја доживуваат таквата криза.

Ко што вика Ведер:
24 years old, Mid-life crisis
Nowadays hits you when you're young

Имате еден куп млади луѓе кои можат да ви потврдат дека симптомите кои ги доживува маж или жена во 40-ти години ги имаат осетено и самите. Проблеми со идентитетот, страв од смртта, страв од иднината, староста, обид да ја предвидите на секој можен начин, се плашите од се и сешто. И она што е уште потрагично е што во средина на 20-ти се чувствувате истрошено и најтрагичното е што маваме дијазепами како бонбони на овие години. И не нема врска со тоа каде живееме ние, дека економијата не ни ја бивало. Ова е општ светски проблем и цело студии се обидуваат да му го најдат чарето.

Ја знаете онаа сцена од Fight Club кога Едвард Нортон посакува авионот да му се сруши?


Чак Паленик и Финчер само ја прикажаа духовната состојба на речиси целиот современ свет. Средовечна криза која те стига побрзо од било кога. Тогаш кое е чарето и уште подобро прашање, каде е коренот? Пребрзо ли живееме, прерано ли доживуваме работи кои генерациите пред нас ги доживувале подоцна? Ама ко ќе видиш имало сексуална револуција во 60-ти години и 70-ти години, па немало вакви дефектни генерации со толку изразени духовни кризи.

Најинтересното е дали сето ова е резултат на тоа што сме генерации со фиктивни проблеми. Не сме гладни, не сме жедни, либералноста ви овозможува да почнете врска кога сакате, имаме покрив над глава, современиот свет не се соочува со војни (тешко дека некој талибанец ќе ве сфати што зборувате). Па не направи ли новото време размазени, а со тоа и дефектни?

И последното и најважно прашање. Ви се случило ли досега да се соочите со ваква криза и како сте ја минале?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Чувај боже уште не ме стрефило ова, иако ги одминав дваесеттите.
Да не сум некаква аномалија, а?

Воспитани сме да се плашиме од се и сешто. Така фунционира системот во кој живееме, засилувајќи ги секојдневно нашите грижи и нервози и создавајќи нови (мас-медиуми, ви текнува?).

Човекот во текот на животот се соочува со едно чудо кризи, средовечни или не. Како и дали ќе ги преброди, зависи од тоа колку силен, односно слаб карактер е. За силниот секоја криза е предизвик од кој излегува посилен, за слабиот е уништување.
 
H

HoT IcE

Гостин
Ронекрола, јас сепак мислам дека твојата средновековна криза се должи на новата сезона од Suits. Веруј, и мене ме фаќа С.К чекајќи ја новава сезона.
Ако случајно некогаш ме стрефи вакво нешто во 20ка+, очекувајте ме на Драга Кајгана темата, до тогаш не знам што да ви кажам.
Постои ганџа, добри пријатели и забави со кои нема да се замарате со глупости и светот пак ќе ви биде розев.
 
R

Randy

Гостин
Не знам зошто, но воведниот пост ме асоцира на книгите од Умберто Галимберти, а него не го симпатишам баш.
И нормално сега автори од тој тип за да си добијат популарност плачат како некогаш било поубаво за младите бла бла бла. Порано пишуваа за криза на вредности, дека вредностите се во криза сега отишле и чекор понапред и луди не прават. И некој им наседнува и верува. Нека го потркрепат прво со научни докази тоа што го филозофираат.
Мојот (субјективен ) одговорот на твоите прашања е не.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.332
Поени од реакции
7.079
браво за воведниот текст,одлично кажано - можеби недоискажано,но едно е сигурно,Лошото(Ѓаволот) Се повеќе и полесно ги запоседнува луѓето,младината не ја прифаќа Природата(Бога) и она што им е дадено и пружано,ами нешто што упорно им се наметнува и ги прави робови во денешно време(корумпиран и мафијашки систем,зависност од пари,безпотребни знаења и сваќања итн итн
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Не е во прашање прерана средовечна криза, туку настануваат неколку кризи поврзани со идентитетот, односно созревањето на личноста, од кои првата настапува некаде во адолесценцијата обично и го претставува преминот од, условно речено, дете во светот на (по)возрасните... Средовечната криза повеќе е преиспитување на постигнатото во животот на професионален и емотивен план, обично пропратено со незадоволство во однос на резултатот. Во дваесеттите нема многу материјал за вакви интроспекции и калкулации...

Сите кризи на идентитетот доколку им се пристапи здраво се неопходни да се случат. А да им се пристапи здраво подразбира често да се пронаоѓаш себеси одново, да ги менуваш своите вредности и навики, и одново преиспитуваш своите цели. Оние кои се плашат од тие промени никогаш не ќе напредуваат како луѓе. Оние пак, кои никогаш нема да почувствуваат криза од било каков карактер, не се ни вредни за коментирање :)...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
I blame it on the internet, for the most part.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Сето тоа е точно, порано ги мавало средовечната криза на 40/50 год. но денеска да точно е тоа дека се повеќе млади луѓе уште на 20/25/30/35 год. ја доживуваат .......... со сите тие работи/симптоми кои ги опиша...
Мислам дека причина за ова е денешниот ултра брз и динамичен начин на живот, системот...
И зашто луѓето денеска уште на млади години се осеќаат истрошено и тажно ко да имаат по 40/50 год. тоа е поради обемното образование, секојдневното полнење на главата со разно-разни битни и небитни ствари, економската несигурност, пристапот до интернет кој го има скоро секој и од кој интернет исто така се црпат мал-милион информации секојден, мозокот/психата се заморува, слабата физичка активност(ОК освен онаа на работното место и чат-пат нешто по дома обврски), слабата комуникација помеѓу луѓето(зборам за комуникација во живо, не за виртуелна комуникација), влошените меѓу-човечки односи и ред други работи...
П.С. Само не ми е јасно доколку некоја млада индивидуа, било која и било машко било женско се чувствува истрошено и тажно уште на 20/25/30 год. како ќе и биде на таа индивидуа тек па во иднина кога ќе има по 40/50/60 години !
За депресиите па ич да не правиме муабет, некаде чув пред некое време дека сме биле како нација првенци во регионот по зимање на антидепресиви и сл. лекарства, пазете денеска деца уште на 12/13/14/15... год. ги носат родителите по психолози/психијатри, зборам за малолетни деца(било машки, било женски), а па што ќе остане за тие повозрасните/полнолетните ........... :facepalm:
--- надополнето: 9 ноември 2012 во 18:19 ---
Не е во прашање прерана средовечна криза, туку настануваат неколку кризи поврзани со идентитетот, односно созревањето на личноста, од кои првата настапува некаде во адолесценцијата обично и го претставува преминот од, условно речено, дете во светот на (по)возрасните... Средовечната криза повеќе е преиспитување на постигнатото во животот на професионален и емотивен план, обично пропратено со незадоволство во однос на резултатот. Во дваесеттите нема многу материјал за вакви интроспекции и калкулации...

Сите кризи на идентитетот доколку им се пристапи здраво се неопходни да се случат. А да им се пристапи здраво подразбира често да се пронаоѓаш себеси одново, да ги менуваш своите вредности и навики, и одново преиспитуваш своите цели. Оние кои се плашат од тие промени никогаш не ќе напредуваат како луѓе. Оние пак, кои никогаш нема да почувствуваат криза од било каков карактер, не се ни вредни за коментирање :)...
Лудо време е денеска, накратко кажано ............... колку и да сака човек да промени нешто во животот(во било која област) едноставно тоа е невозможно, бидејќи се е поврзано едно со друго, не зборам значи лично за мене туку општо зборам ........... пази во животот имаш повеќе области, не се само една или две области ......... а се е поврзано едно со друго ............. за да биде една индивидуа среќна потребни се повеќе параметри ........ задоволително здравствено ниво, задоволително економско/финансиско ниво, позитивна атмосфера во домот/семејството, позитивна атмосфера на работното место, задоволителен сексуален живот, здрава и позитивна средина/опкружување, нормална држава и.т.н. и.т.н. и.т.н. триста параметри влијаат ............. а никој нема волшебно стапче како што гледам околу мене за да нешто промени во својот живот .............. б.т.в. па и реткост се луѓето на кои се(скоро се)им е погодено во животот, само мал дел од луѓето го живеат животот(или мислат дека го живеат), повеќето луѓе се само обични смртници кои мошне лесно и подлегнуваат и и се предаваат на суровата судбина и реалност !
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Ех дијазепами последен пат кога пијав со црвено вино беше, и не беа поради депресија :icon_lol:.

Стварно бе дијазепами пијате еј немојте отров е тоа од искуство знам.

Фали љубов малку во животот авантура секс на карпи долу под манастир е за тоа се живее :icon_lol:.

Шаманот вика вистински кога сакаш да се запознаеш себеси мора да го одбериш патот на воинот и да се соочиш со стравовите, е после е интересното т.е. сега за мене.
--- надополнето: 9 ноември 2012 во 19:16 ---
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе шо ви е луѓе? Неможам да разберам, средовечна криза на 25 години? Најверојатно мојот поглед на светот функционира обратно (едвај чекам да начекам слободно време да се видам со другари/другарки/колеги, кафе, мафе, планина, скијање, езеро....), имам 25 години, работам некогаш и по 20 сати на ден, па не сум осетил никаква криза...

Како и да е, прикаската веќе ми е видена во животот, и не ми е непозната. И никој не ви е крив за вашата така наречена “криза“ пошто има катаљарда попаметни работи шо можи да се прат во животот отколку да се дреми по социјални мрежи, да се гледаат турски серии и да се анализираат туѓи проблеми како сопствени. Многу јасно дека “се плашам од иднината, шо ако утре скинам конци“ и уште миљарда безвезни филмој, ко си затворен во 4 ѕида и непрајш ништо продуктивно шо можи да те умори, исполни и да ти ја одземе концентрацијата.

Несум психолог, и незнам да поставам дијагноза, мада то мене ми делува како последица од немање на пријатели во животот, праење исти те исти работи и непроживеаност. Ај сега излезете со 1500 теории како требаат пари за се, и како чоек шо нема работа неможи да живеј. Не за друго, оти ако излезиш да трчаш 2 сати во дено, ти требат 5000 денари в џеб. Оди таму скитај, лумпувај, напрајси ќеф на душата, троши пари на аклохол/трева, проживеј го животот...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ова во психологијата се вика quarter-life crisis (криза на четвртина од животот?). Нормално, почеста појава е во модерното општество.
Инфо од Википедија и од Гардијан.
Да читав за ова. Тумачев на македонски како да го преведам ама не ми успеа, ако имате посоодветна идеја, предложете ја верувам Магде може да ја смени. :)

И еве супер пишале Гардијан. Возрасната граница е меѓу 25 и 35, значи нема врска со преминот од тинејџер во возрасна личност, нити мавање ретроспектива за време на 40-ка.

Патем каква врска има социјален живот со чувството на средовечна т.е quarter-life crisis? Колку пријатели имате, врски, колку излегувате нема врска со чувството кое може да се вроди во било кој човек или уште ќе одиме по онаа сите кризи се резултат на лош социјален живот. Затоа сосем океј луѓе чуваат апчиња за смирување во фиоката на работа. Познавам личност со топ работа, супер ситуирана, мноштво пријатели и патем во брак, а бев сведок дека го доживуваше токму она што го пишувам во првиот пост и никој не разбираше што и се случува. Мислеа дека е тотално неблагодарна кон животот. Тотално промашена поента ви е да го поврзувате социјалниот живот со појавата на ваква криза.

Ова ко родителине што викаат, се ви е од компјутерите. Не дека до пред пет години не постоеле вакви работи, ама сега обвини го Фејсбук за се. Модерно е, шта ќеш.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Ajde be krsete glava site.
Sto da recam so 27god sto me fakaat krizi
Sto nemam ni prijateli ni partnerka, edniot roditel pocinat i drugiot koga ke zamine ostanuvam totalno sam....Sto koga sum sam doma me fakaat paniki koga razmisluvam za ponatamosniot zivotot koj nema apsolutno nikakva idnina
Sto mi naviraat solzi i ne mozam da disam i moram da legnam da spijam za da izbegam od agoinijata
Sto ne sum se realiziral kako sto sum sakal. Sto site okolu tebe gledas kako te odminuvaat i stanuvaat luge.
Sto ne mozam da podnesam da otidam na edna ebena svadba od prijatel zatoa sto me potistuva samata gletka na sreka koja nikogas nema da ja doziveam.
Sto vo ocite na site izgledam kako razocaruvanje
Sto ziveam od denes za utre. Sto nemam ni 200eura nastrana. Sto rentam zivealiste i edno gubenje na prihodi znaci Socijalen prilog na TV i paket hrana i dusek.
Sto begam od realnosta i naogam zanimacija vo kupuvanje sitni materijalni stvari.

A nemam nekoja golema slika, Eden svoj dom so zena i dete koe ke mi trckara niz sobi Edna stabilna rabota koja ke mi ovozmozi pristoen zivot i 2-3 prijateli kaj koi ke mozam da otidam na gosti da mi dojdat na gosti, na slava, na kafe...
Jebiga, ne bilo pisano.
 
H

HoT IcE

Гостин
Абе шо ви е луѓе? Неможам да разберам, средовечна криза на 25 години? Најверојатно мојот поглед на светот функционира обратно (едвај чекам да начекам слободно време да се видам со другари/другарки/колеги, кафе, мафе, планина, скијање, езеро....), имам 25 години, работам некогаш и по 20 сати на ден, па не сум осетил никаква криза...

Како и да е, прикаската веќе ми е видена во животот, и не ми е непозната. И никој не ви е крив за вашата така наречена “криза“ пошто има катаљарда попаметни работи шо можи да се прат во животот отколку да се дреми по социјални мрежи, да се гледаат турски серии и да се анализираат туѓи проблеми како сопствени. Многу јасно дека “се плашам од иднината, шо ако утре скинам конци“ и уште миљарда безвезни филмој, ко си затворен во 4 ѕида и непрајш ништо продуктивно шо можи да те умори, исполни и да ти ја одземе концентрацијата.

Несум психолог, и незнам да поставам дијагноза, мада то мене ми делува како последица од немање на пријатели во животот, праење исти те исти работи и непроживеаност. Ај сега излезете со 1500 теории како требаат пари за се, и како чоек шо нема работа неможи да живеј. Не за друго, оти ако излезиш да трчаш 2 сати во дено, ти требат 5000 денари в џеб. Оди таму скитај, лумпувај, напрајси ќеф на душата, троши пари на аклохол/трева, проживеј го животот...
Потпис. Од А до Ш точно и реално. Ги искина брате Џиш.
 

Дарко Рибарот

Пуштен пуштен,а фактички го кријат..
Член од
15 мај 2012
Мислења
134
Поени од реакции
46
браво за воведниот текст,одлично кажано - можеби недоискажано,но едно е сигурно,Лошото(Ѓаволот) Се повеќе и полесно ги запоседнува луѓето,младината не ја прифаќа Природата(Бога) и она што им е дадено и пружано,ами нешто што упорно им се наметнува и ги прави робови во денешно време(корумпиран и мафијашки систем,зависност од пари,безпотребни знаења и сваќања итн итн
Наивност или скриен мотив ...
--- надополнето: 9 ноември 2012 во 22:15 ---
Абе шо ви е луѓе? Неможам да разберам, средовечна криза на 25 години? Најверојатно мојот поглед на светот функционира обратно (едвај чекам да начекам слободно време да се видам со другари/другарки/колеги, кафе, мафе, планина, скијање, езеро....), имам 25 години, работам некогаш и по 20 сати на ден, па не сум осетил никаква криза...

Како и да е, прикаската веќе ми е видена во животот, и не ми е непозната. И никој не ви е крив за вашата така наречена “криза“ пошто има катаљарда попаметни работи шо можи да се прат во животот отколку да се дреми по социјални мрежи, да се гледаат турски серии и да се анализираат туѓи проблеми како сопствени. Многу јасно дека “се плашам од иднината, шо ако утре скинам конци“ и уште миљарда безвезни филмој, ко си затворен во 4 ѕида и непрајш ништо продуктивно шо можи да те умори, исполни и да ти ја одземе концентрацијата.

Несум психолог, и незнам да поставам дијагноза, мада то мене ми делува како последица од немање на пријатели во животот, праење исти те исти работи и непроживеаност. Ај сега излезете со 1500 теории како требаат пари за се, и како чоек шо нема работа неможи да живеј. Не за друго, оти ако излезиш да трчаш 2 сати во дено, ти требат 5000 денари в џеб. Оди таму скитај, лумпувај, напрајси ќеф на душата, троши пари на аклохол/трева, проживеј го животот...
Не е тоа средновечна криза, него егоцентризам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom