Доколку го нарушил воздушниот простор на Исламската Република Иран, тогаш нормално дека ќе биде соборено.
Благодарам бидејќи ме потсети.
Патем, во 1988 година, американскиот крстосувач УСС Винсенс од американската морнарица, го собори иранскиот цивилен авион Ербас A300B2-203 на Иран Аир над Хормуцкиот Залив, кој леташе од иранскиот пристанишен град Бандар Абас кон Дубаи под називот на летот Иран Аир Лет 655.
Авионот превезуваше вкупно 290 луѓе, од кои 274 беа патници од кои дури 66 беа деца, а 16 беа членови на екипажот, и сите загинаа по соборувањето од страна на американски противавионски проектил лансиран од страна на крстосувачот УСС Винсенс.
290 невини луѓе загинаа, а членовите на екипажот на УСС Винсенс беа добредојдени назад во САД како национални херои.
До денешен ден САД не ја имаат превземено одговорноста за ова воено злосторство, ниту се имаат извинето за истото ова воено злосторство.
Иран наводно отворил оган врз американско беспилотно американско летало, без притоа да го погоди и без притоа да има било какви човечки жртви или материјална штета, а од друга страна, американците си молчат, не превземаат одговорност и не се извинуваат за убиствата на 290 невини мажи, жени и деца како последица на американско воено злосторство, кое наводно било резултат на погрешна проценка дека можеби станува збор за воено летало, а не за цивилен ирански авион.
Па од тука следува заклучокот дека американците воопшто не заслужуваат Иран да сноси одговорност и/или да им се извини за наводното отворање оган врз нивниот дрон, кој патем воопшто не бил погоден од наводниот отворен оган кон него, сеуште е во исправна и функционална состојба, а како резултат на наводното отворање оган врз истиот тој американски дрон нема никакви човечки жртви и не е предизвикана никаква материјална штета.