Пентагон: Иран пукал по американско беспилотно летало

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Wow ..... Serbia is undergoing ethnic cleansing in Kosovo ... Iran has chemical weapons ... North Korea has Nuclear warheads ... Iraq has: what the hell - make your own choice
 
Па што мајка бараат да им пуштаат летала над нивна територија? Routine survеillance in international airspace, жими таквото.
У право се Иранците, виделе летало без дозвола за надлетување, пукале, уште поубаво ако го срушиле и приказната е за вршена. Американецот кај крив па уште се буни зошто му го срушиле авиончето. Којзнае што "надгледува" тоа авионче.
Ај нека не плачат само, нека си се вратат од кај што си дошле и нека престанат да го лажат светот. Таму врз нивна територија нека си прават рутински летови.
 
Хаха, на своја територија американците си прават безброј рутински летови секојдневно.

Тоа е една од најчудните држави во светот, критикуваат држави како Русија и Кина за цензура и потиснување на слободата на говорот, а на сопствена територија ги шпионираат сопствените граѓани, потиснувајќи ги од едно од најосновните човекови права - правото на приватност.

Но како и да е, доколку американците се сериозно заинтересирани за војна, би лансирале шпионски сателити за да го шпионираат Иран, така излегоа со приказната дека Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување, што подоцна се покажа не само како неточно тврдење, туку и како лажно тврдење.

Иран успешно собори американски дрон во 2011 без сериозно да го оштети и успешно произведе своја копија од истиот тој американски дрон во 2012, така да, американците треба да ги баталат дроновите при било какво шпионирање на Иран и да преминат директно на шпионски сателити, доколку воопшто планираат да започнат војна со Иран.
 
Доколку го нарушил воздушниот простор на Исламската Република Иран, тогаш нормално дека ќе биде соборено.
 
Доколку го нарушил воздушниот простор на Исламската Република Иран, тогаш нормално дека ќе биде соборено.

Благодарам бидејќи ме потсети.

Патем, во 1988 година, американскиот крстосувач УСС Винсенс од американската морнарица, го собори иранскиот цивилен авион Ербас A300B2-203 на Иран Аир над Хормуцкиот Залив, кој леташе од иранскиот пристанишен град Бандар Абас кон Дубаи под називот на летот Иран Аир Лет 655.

Авионот превезуваше вкупно 290 луѓе, од кои 274 беа патници од кои дури 66 беа деца, а 16 беа членови на екипажот, и сите загинаа по соборувањето од страна на американски противавионски проектил лансиран од страна на крстосувачот УСС Винсенс.

290 невини луѓе загинаа, а членовите на екипажот на УСС Винсенс беа добредојдени назад во САД како национални херои.

До денешен ден САД не ја имаат превземено одговорноста за ова воено злосторство, ниту се имаат извинето за истото ова воено злосторство.

Иран наводно отворил оган врз американско беспилотно американско летало, без притоа да го погоди и без притоа да има било какви човечки жртви или материјална штета, а од друга страна, американците си молчат, не превземаат одговорност и не се извинуваат за убиствата на 290 невини мажи, жени и деца како последица на американско воено злосторство, кое наводно било резултат на погрешна проценка дека можеби станува збор за воено летало, а не за цивилен ирански авион.

Па од тука следува заклучокот дека американците воопшто не заслужуваат Иран да сноси одговорност и/или да им се извини за наводното отворање оган врз нивниот дрон, кој патем воопшто не бил погоден од наводниот отворен оган кон него, сеуште е во исправна и функционална состојба, а како резултат на наводното отворање оган врз истиот тој американски дрон нема никакви човечки жртви и не е предизвикана никаква материјална штета.
 
Тој авион е погрешно идентификуван. Соборен во услови на војна, после опаерацијата Богомолка која е одговор на поставувањето на мини од страна на Иран во Ормунскит теснец.
Знаејќи ги Иранците ништо чудно свесно да го навеле патничкиот авион кон крстосувачот за да се искористи во медиумската војна која истовремено се води против Иран.
 
Немам ништо против САД да праќаат беспилотни летала, ама на територијата на Израел и на Велика Британија...

Со кое право САД праќаат летала на туѓа територија без никакво одобрение???
 
Можеби да, можеби не, додека САД не превземат одговорност, или додека Иран не признае дека намерно го испратил тој авион во воен воздушен простор, сите теории се во игра.

Но останува фактот дека американски морнарички крстосувач соборил цивилен авион, а на САД останува ако не да сносат одговорност и да ги обештетат семејствата на загинатите, барем да демонстрираат малку хуманост со едно извинување, кое нема да ги чини ама баш ништо.

Немам ништо против САД да праќаат беспилотни летала, ама на територијата на Израел и на Велика Британија...

Со кое право САД праќаат летала на туѓа територија без никакво одобрение???

А зошто па да испраќаат САД беспилотни летала во воздушниот простор на Велика Британија и/или на Израел ?

Мојот одговор на твоето прашање е дека САД немаат никакво право да испраќаат летала во туѓ воздушен простор без никакво одобрение на државата на која и припаѓа тој воздушен простор, а истото треба да важи за сите, вклучувајќи ги и Велика Британија и Израел.
 
САД сите овие работи ги прават за "доброто на својата земја", "доброто на својот народ", "демократија и мир во светот" итн....Незнам зошто сите ги критикувате што го шпионирале Иран, па Иран е "закана" за светскиот мир, исто како што беше и Ирак, па и Авганистан и многу други.
 
Има ли потврда од Иранските власти дека е пукано на некое летало или дека воопшто имало такво летало?
Ова е уште една фарса или “false flag operation“ како што си знаат америте да прават за да си најдат рчка за војна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom