Дали сте задоволни од животот во туѓина?

  • Креатор на темата Креатор на темата IsidoraD
  • Време на започнување Време на започнување
Знам, те сваќам. Ама прашањето ми беше колку слободни средства ти остануваат на крај на месец за да можеш пристојно да живееш (за излегување, гардероба, културни настани, инвестиција во образование, на берза и слично). Не мислев на печалбарско шпарање за да се к*рчиш со парите во Македонија кога ќе се вратиш.

У мојто скромно искуство, никој од гестарбајтерите нејке да каже колку печале.. А ако евентуално каже, ќе каже двојно поголема бројка.
 
хаххахаааа обично така иде. Ја на сите им кажувам а бе бегајте пари во странство не растат на дрво - со крв се плаќаат. не веруваат, запнале ќе спечалеле огромни пари :cautious:
 
Во Австралија сите се дебели велиш... Јас пак повеќе дебели луѓе од Македонија неам видено! Стомаци имаат од Куманово до Гевгелија, посебно тие од мојата генерација што ги мрзи да мрднат!

во Австралија мислам дека и се плаќа данок за дебелина
 
хаххахаааа обично така иде. Ја на сите им кажувам а бе бегајте пари во странство не растат на дрво - со крв се плаќаат. не веруваат, запнале ќе спечалеле огромни пари :cautious:
И јас не верувам на такви приказни, дека парите со крв се плаќат. ;)
 
Добро е тоа што тука во Македонија парите никнуваат во градина… штета што и оваа година не изненади дождот, ни го уништи посеаното.
 
И јас не верувам на такви приказни, дека парите со крв се плаќат. ;)
Не верувај. Што да ти кажам друго. Ја не зборам од верување или не....зборам од искуство. Па сеа ти како сакаш.
 
Де бе шо работа работеше ти па данок во крв да плаќаш.Ако имаш образование и ако се потрудиш малку, лесно може да си најдеш office work.
 
Па не се сите со високо образување. Има и постари луѓе што доаѓаат. Не им е лесно. Младите, зависи кај ќе отидат и како знаат да се снајдат и КОГО знаат. На некој полесно, на некој потешко. Овде само фалење читам. Кај се тие што отишле и црнечат по ресторани и фабрики да се јават, а?
 
Па можеби спијат луѓето.Кој како си ја наредил или кој за што учел.Неможе некој со основно од Виница да го работи тоа што може некој со високо образование.
Така функционира светот, јбг.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Па можеби спијат луѓето.Кој како си ја наредил или кој за што учел.Неможе некој со основно од Виница да го работи тоа што може некој со високо образование.
Така функционира светот, јбг.
Така е. Па посебно кога ќе излезеш од својот елемент дома и отидеш негде кај што скоро никого не го знаеш....затоа велам не е лесно. Ако си се снајдеш - супер.
 
А во која држава си ти?
 
Не верувај. Што да ти кажам друго. Ја не зборам од верување или не....зборам од искуство. Па сеа ти како сакаш.
Еми сега изборо за плаќајне со крв е лично твој. Сигурно има некакви лесни работички, и потешки работички.. На кој колку му фаќа црпката, и колку е снаодлив.
А шо работеш у Америка? Ако не е тајна.
 
За некои луѓе не е избор. Татко ми дојде после мене, ни англиски ни нишо. Рмбачи у ресторан мие садови. Не е лесна работа.

Лесна работа има, со школо, со све. Ама лесна работа не ти гарантира добро платена. Све е како ќе се снајдеш и кого знаеш. Последното најбитно.

Јас имам свој бизнис.
 
Браво за сопственио бизнис. Сигурно е тешко, да миеш чинии за заработка не викам не. Ако не знае човеко јазик, ептен ќе му е тешко. Ќе се навикне, ама ќе му е мачно и тешко.

Мојта најголема грижа за странство е ако работеш на саатнина, ни у странство ни у Македонја ќе се збогатеш. Таа саатнина ќе ти покрива трошоците, и ќе си над миниумо, ќе живуркаш само...

Затава повеќе ме интересира шо е така поризично (без саатнини), ама па се зимат повеќе пари (нешто како бизнис, ово, оно). Колку е тешко да се започне такво нешто там? Има ли бирократски плетканици?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom