Бодибилдинг дневник

Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Сега за сега POF програмата работи по планираното I'm making some new gainssss :D Исхраната ми е избалансирана на 2800-3000 калории дневно нема да ми пречи и малце сало да се качи зимава мада ништо драстично нема да се фати сигурно. Ја комплетирав и суплементацијата за следниот месец само уште декстроза чекам да добијат.

Zinc,Magnesium и претпоставувам Б витамини се во белава опаковка,ги зема од продавница за суплементи или од аптека?Ме интересира цена,јачина на доза и број на дози ако не ти е тешко,поздрав и фала однапред :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Zinc,Magnesium и претпоставувам Б витамини се во белава опаковка,ги зема од продавница за суплементи или од аптека?Ме интересира цена,јачина на доза и број на дози ако не ти е тешко,поздрав и фала однапред :)
Да, Б-комплекс, сите ги имам купено од аптека. Цената им е 350 денари за цинкот (100 таблети) 450 денари магнезиумот (100 таблети) и некаде 30-40 денари е Б-комплексот (30таблети). Инаку земам посебно Б6 и посебно Б-компекс. Пред спиење земам 1 таблета магнезиум (200мг) 1 цинк(25мг) и половина Б6 (10мг). Б-комплексот пак го земам секојдневно 3таблети дневно и 6 деновите кога вежбам.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Да, Б-комплекс, сите ги имам купено од аптека. Цената им е 350 денари за цинкот (100 таблети) 450 денари магнезиумот (100 таблети) и некаде 30-40 денари е Б-комплексот (30таблети). Инаку земам посебно Б6 и посебно Б-компекс. Пред спиење земам 1 таблета магнезиум (200мг) 1 цинк(25мг) и половина Б6 (10мг). Б-комплексот пак го земам секојдневно 3таблети дневно и 6 деновите кога вежбам.
Има некој ефект освен што се чувстуваш подобро?
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Има некој ефект освен што се чувстуваш подобро?
Прво да објаснам теоретски зошто се одлучив да ги пробам.

Студиите имаат покажано дека 80-90% од атлетите и спортистите имаат хроничен дефицит на магнезиум во организмот. Се манифестира со слабост, несоница, нервоза... Магнезиумот е исто така особено битен елемент во работата на мускулните влакна и негов недостаток ги оневозможнува мускулите оптимално да се контрахираат. Дури ако земеш обични шумеќи од супермаркет можеш да видиш дека на нив пишува за оптимална мускулна и нервна работа.

Студии за цинкот го покачува нивото на тестостерон природно за 30% особено кај лица кои комбинраат тежински тренинг. Денес е се потешко на природен начин да се снабдиш со доволно количество на цинк зошто почвата на која се одгледуваат растенијата е испостена од минерали. Плус исхраната кај нас во Македонија природно не се базира на цинк богати храни (морска храна, школки, овес...)

Б-комплексот е неопходен за правилен метаболизам на протеините а особено високопротеинска диета ги опустошува б-витамините во органимот. Старата школа бодибилдери особено ги истакнуваат б-витамините како битни, а исто така неодамна при разговор со колеги доктори го потенцираа фактот дека спортистите на овие простори се дефицитни во б-витамини. Плус според мене нема логика да се почне со појака суплементација како pre-workout или креатин, а да ги немаш задоволено ни основните прехранбени потреби и потребите за минерали и витамини на организмот.


Е сега она што јас забележав.

Прво видов дека ако растворам шумеча магнезиум за време на тренинг дефинитивно ми овозможи да го изгурам целиот тренинг без да се заморам, особено деновите кога одам и на факс и вежбам. Вечерта кога го земам пред спиење ме релаксира и ми се приспива а и ми овозможува поцврст сон, но сепак во последните 2 недели дена не заебелжувам повеќе ваков ефект (минаа 2 месеци користење), веројатно сум го корегирал дефицитот на магнезиум.

За цинкот тврдам дека има некаква поврзаност со сексуалната моќ :D е сега дали директно преку зголемено лачење на тестостерон или пак поради поинтензивирана спермогенеза реално неможе да знам. На крај краева добро е да го вклучиш зимава во суплементација затоа што е докажано дека цинк+витамин Ц драстично го засилува имунитетот и дури и да фатиш некој вирус или настинка го скратува времето на болување за 40% така да ќе ти овозможи брзо да се вратиш во теретана.


Значи се на се коминацијата ја користам околу 2 месеци после пауза од вежбање од околу 1 месец летово. За тоа време качив околку 4-5 кг маса заедно со MegaGainer и CreaPure и рипнав на бенч и мртводигање околу 8-10кг. Дефинтивно ќе извртам уште еден циклус па ќе ги паузирам поради финансиски причини, не дека можеш да се предозираш зошто дозиве се максимално безбедни и на подолг рок.
 

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Од утре нова тренинг програма:
пон- грб (тежок) и бицепс
1. мртво, 2.веслање со шипка, 3.веслање со еднорачен, 4. лат машина, 5. бицепс со права шипка, 6. бицепс со еднорачни (hamer)
вто- гради (лесен) и трицепс
1.кос, 2.прав, 3.контракос постисок со еднорачни, 4. летање на сајли, 5. трицепс екстензија со еднорачен позади глава, 6. трицепс со јаже на сајли
сре- нози (преден дел) и рамо (среден и заден дел)
1. чучњеви, 2. преса, 3.шут, 4. странично летање со еднорачни, 5. летање за задно рамо со еднорачни, 6. странично летање на сајли суперсерија со лисоко веслање на сајли за задно рамо, 7. трапез
чет- грб(лесен) и нози (заден дел)
1. лат машина широк фат, 2.лат машина тесен фат, 3.веслање седејќи на сајли, 4.pushdown со јаже за грб, 5. мртво со прави нозе, 6.екстензија за заден дел, 7.листови
пет- раци
1.V шипка на сајли 2. бенч со тесен фат, 3. пропаѓање, 4. бизепс со Z шипка, 5.hammer со еднорачни, 6. концентрационо, 7 горен дел суперсерија со заеден дел подлактица
саб- гради (тежок) и рамо (преден дел)
1.прав, 2.контракос, 3.кос потисок на бенчсо шипка, 4. косо летање на клупа со еднорачни, 5. потисок со еднорачни за преден дел рамо, 6. предно подигање со шипка.
нед- одмор
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Малку се подновив денес.
Со здравје да си ги користиш.
Од кај и што кеш? :)

Инаку моментално 3 недела од качување маса, од 72 на 77 кила, задоволен сум, стомачните уште си се тука. Уште 4 кила само до нова година да кренам и добра зима ќе биде. Малце проблеми почнав да имам со облека, ама јебига, кога се сака...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Со здравје да си ги користиш.
Од кај и што кеш? :)

Инаку моментално 3 недела од качување маса, од 72 на 77 кила, задоволен сум, стомачните уште си се тука. Уште 4 кила само до нова година да кренам и добра зима ќе биде. Малце проблеми почнав да имам со облека, ама јебига, кога се сака...
240ден за фитилите, и 290ден за стегачите за колена. Исто и декстроза им има стигнато на рефуз пред некој ден ако на некому му треба информацијата :D
 

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
sajSiGa ги имам истите фитили, некако не се погодија, мн брзо се кине мекиот дел од долната страна :(
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
sajSiGa ги имам истите фитили, некако не се погодија, мн брзо се кине мекиот дел од долната страна :(
И мене ми се овие втори што ги купувам, ама немаше други на лагер така да колку траат толку :D
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Ај да ја освежам темава :icon_lol:

Оброк број 5




300 гр ориз
300 гр пилешки гради пржени во зејтин, според овој рецепт
 

Kajgana Shop

На врв Bottom