Има некој ефект освен што се чувстуваш подобро?
Прво да објаснам теоретски зошто се одлучив да ги пробам.
Студиите имаат покажано дека 80-90% од атлетите и спортистите имаат хроничен дефицит на магнезиум во организмот. Се манифестира со слабост, несоница, нервоза... Магнезиумот е исто така особено битен елемент во работата на мускулните влакна и негов недостаток ги оневозможнува мускулите оптимално да се контрахираат. Дури ако земеш обични шумеќи од супермаркет можеш да видиш дека на нив пишува за оптимална мускулна и нервна работа.
Студии за цинкот го покачува нивото на тестостерон природно за 30% особено кај лица кои комбинраат тежински тренинг. Денес е се потешко на природен начин да се снабдиш со доволно количество на цинк зошто почвата на која се одгледуваат растенијата е испостена од минерали. Плус исхраната кај нас во Македонија природно не се базира на цинк богати храни (морска храна, школки, овес...)
Б-комплексот е неопходен за правилен метаболизам на протеините а особено високопротеинска диета ги опустошува б-витамините во органимот. Старата школа бодибилдери особено ги истакнуваат б-витамините како битни, а исто така неодамна при разговор со колеги доктори го потенцираа фактот дека спортистите на овие простори се дефицитни во б-витамини. Плус според мене нема логика да се почне со појака суплементација како pre-workout или креатин, а да ги немаш задоволено ни основните прехранбени потреби и потребите за минерали и витамини на организмот.
Е сега она што јас забележав.
Прво видов дека ако растворам шумеча магнезиум за време на тренинг дефинитивно ми овозможи да го изгурам целиот тренинг без да се заморам, особено деновите кога одам и на факс и вежбам. Вечерта кога го земам пред спиење ме релаксира и ми се приспива а и ми овозможува поцврст сон, но сепак во последните 2 недели дена не заебелжувам повеќе ваков ефект (минаа 2 месеци користење), веројатно сум го корегирал дефицитот на магнезиум.
За цинкот тврдам дека има некаква поврзаност со сексуалната моќ

е сега дали директно преку зголемено лачење на тестостерон или пак поради поинтензивирана спермогенеза реално неможе да знам. На крај краева добро е да го вклучиш зимава во суплементација затоа што е докажано дека цинк+витамин Ц драстично го засилува имунитетот и дури и да фатиш некој вирус или настинка го скратува времето на болување за 40% така да ќе ти овозможи брзо да се вратиш во теретана.
Значи се на се коминацијата ја користам околу 2 месеци после пауза од вежбање од околу 1 месец летово. За тоа време качив околку 4-5 кг маса заедно со MegaGainer и CreaPure и рипнав на бенч и мртводигање околу 8-10кг. Дефинтивно ќе извртам уште еден циклус па ќе ги паузирам поради финансиски причини, не дека можеш да се предозираш зошто дозиве се максимално безбедни и на подолг рок.