Значи 90 посто од луѓево од Македонија стварно не ми се јасни... Какви никакви аргументи дадоа и за Ромни и за Обама, значи Бог да чува и да брани. Многу ми фали смајли со крстење.
Ќе делел Обама државјанства...Какви државјанства бе, толку беше со државјанствата - ова му е втор и последен мандат на Обама, така да веќе нема потреба да ја прави таа трампа. Баш па се утепаа на Македонци да им даваат државјанства...

Ние сме им клучни, без нас не можат да спијат навечер. Муабетот беше повеќе за имигранти од Мексико, Куба, не за европски имигранти, ги боли нив забот за европски имигранти.
Друго, шо ако е Ромни богат? Мислам до кога со ваквите стереотипи, демек овој не се родил богат и автоматски е срце, скромен, добар, поштен, а ако некој се родил и израснал во богата фамилија, луѓево одма го категоризираат за покварен, лош. Ај вас нека ви го даде богатството, ако не. Глупости. Има богатство, негово си е, на крај краева - не е ваше. Никад не ги разбрав луѓето што не ги сакаат луѓето, или што ги етикетираат само врз основа на тоа дали се богати или не.
Трето, Ромни да победеше, мање-више иста ќе беше политиката. Не се замараат тие за Македонија. Балканот сам по себе не го ни споменаа во дебатата за надворешна политика, ниту едниот, ниту другиот. Дека традиционално Демократитите имаат доста грчки поддржувачи - имаат, дека Македонците во Америка се традиционално про-републиканци - се, ама дека американските политичари се замараат - не се замараат. Два пати годишно ќе не потапшаат по рамо: Топ сте, супер сојузници, продолжете така, САД ве поддржува во изнајдувањето решение и тоа е тоа. Не сме битни. Никогаш не сме ни биле. Хилари Клинтон не се ни помачи да дојде во Македонија, мислам дууури се јавила по телефон. Уау...
Повеќе бев за Ромни, но тоа е тоа, Обама победи, иако според мене освен Obamacare, не покажа некоја цврста решителност и цврсто лидерство во текот на мандатот, но народот на Америка му даде уште една шанса да се покаже, така да ќе видиме како ќе биде. Од целава ситуација, се нервирам само што уште ќе треба да ја гледам Хилари Клинтон, жената едноставно не можам органски да ја поднесам. Дури и во претходниот мандат имав чувство, дека Хилари беше поприсутна од Обама (што не доведува до теориите на заговор дека тоа било договор, односно муабет од типот: Јас ќе се повлечам од внатрешната трка, ти ќе ми дадеш позиција) и жената нема никаква харизма, за разлика на пример од маж и.
Обама, ај и вака и така, не ми пречи, харизматичен е, има смисла за хумор, али што треба сега Клинтоница да ја гледам, мрак ми паѓа пред очи.
