Како големите компании избегнуваат даноци

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Како Епл го крие данокот
Паралелно додека годинава ја освојуваше листата на најбогати компании во светот, Епл успеа да најде начин како да го плати најмалиот можен данок во историјата - само 1,9%. Регуларно, данокот за корпорации во САД изнесува - 35%.
off.net.mk-24259.jpg

На вкупно 36,8 милијарди долари заработени на странските пазари, Епл платил данок од само 713 милиони долари. Во истото време лани даночната стапка на Епл била 2,5 односно 920 милиони долари.

Ништо од ова не се должи на даночни олеснувања, туку на комплексна мрежа на оф-шор сметки, ќерки компании и снаодливи сметководители. За да ја намали даночната стапка Епл основа ќерки фирми, кои добиваат свои ќерки фирми во земји со ниски даноци за корпорации. Потоа парите ги префрла од една на друга компанија, со цел да ја намали својата даночната основица.

Слично на Гугл, и Епл има две свои ќерки компании во Ирска (Apple Operations International и Apple Sales International), каде што даноците за корпорациите се 12,5% споредено со 35% во САД. Дел од парите од овие две компании се префрлаат во Холандија, од каде продолжуваат кон ќерките компании на Карибите.
"Епл користи сосема легални методи за прикривање на значителен дел од својот профит подалеку од даночните пријави. Секој пат кога најпрофитабилните компании плаќаат помалку, јавноста ќе треба да плати повеќе," објаснува за Њујорк тајмс еден поранешен економист на американското Министерство за финансии.
 
Секаде е исти ку*ац ................. тие што се најголеми, најпрофитабилни и најбогати т.е. компании/фирми/корпорации со најголем профит најмалку плаќаат даноци и најлесно поминуваат, но затоа тие што се испод нив односно помалите/послабите државата ги дере ............. секаде е исто и во САД и во Канада и во Австралија и во ЕУ, како и кај нас .......... :tapp:
 
Ништо чудно тука, најлегално си го префрла бизнисот за да си плати помал данок. Исто како што произведува во Кина ајфон каде што го плаќа 1 долар работникот, наместо во САД каде што треба да плати многу повеќе.

Овие компании си имаат други цаки за "крадење" пари, не им се толку очигледни. Почнувајќи од купување на сенатори за да добијат некој добар закон со кој ќе бидат први на пазарот, итн...
 
Овие компании си имаат други цаки за "крадење" пари, не им се толку очигледни. Почнувајќи од купување на сенатори за да добијат некој добар закон со кој ќе бидат први на пазарот, итн...

Тава е професионален и законски лобизам. Требе и кај нас да го воведат.
--- надополнето: 5 ноември 2012 во 21:06 ---
Иначе Епл имат и фирма у Луксембург за продажби. Не е само Ирска.
 
Што побогат си - толку е полесно да станеш уште побогат.
 
Една проста финта,си даваш позајмица со висока камата и за една година вадиш дупло а плаќаш данок окулу 10-15%.
 
Овие гиганти не знам како одбегнуват данок, а за кај нас големите фирми си фаќаат да спонзорираат некој клуб, без разлика дали кошарка, фудбал или ракомет, и со тоа избегнува данок, е сега колку му е ќарот не знам, ама чим ги спонзорираат што од проста причина тоа им е целтта, сигурно се во ќар. Како оди точно не знам, но мислам дека колку вложил толку нема да плати данок, на пример (според мене) одат на оваа карта. На играчот пишува дека му дава 1000 евра плата, а уствари му дава 500, и така се извлекуваат од данокот.
 
Една проста финта,си даваш позајмица со висока камата и за една година вадиш дупло а плаќаш данок окулу 10-15%.
Starbucks го прави тоа објаснето е во погорното видео.
--- надополнето: 6 ноември 2012 во 10:28 ---
Овие гиганти не знам како одбегнуват данок, а за кај нас големите фирми си фаќаат да спонзорираат некој клуб, без разлика дали кошарка, фудбал или ракомет, и со тоа избегнува данок, е сега колку му е ќарот не знам, ама чим ги спонзорираат што од проста причина тоа им е целтта, сигурно се во ќар. Како оди точно не знам, но мислам дека колку вложил толку нема да плати данок, на пример (според мене) одат на оваа карта. На играчот пишува дека му дава 1000 евра плата, а уствари му дава 500, и така се извлекуваат од данокот.
Да не се плаќа данок за спонзорства само треба некако да ги повратат тие пари...Исто важи и за хумантарни и црковни прилози.
Инаку би било интересно како Македонските фирми одбегнуваат даноци нека пише некој. Знам дека прават некој оффшорт фирми и на нивено име префрлаат имот. Има и некој финти и со репрезентација итн ама добар дел од тие дупки ги затвориа.
 
Големите компании не плаќаат даноци бидејќи со нечесно заработените пари можат да корумпираат секаде каде што треба – судови, обвинителство, полиција, медиуми, дури и ако ги уапсат, да организираат и луѓе да протестираат во нивна подршка и да блокираат улици и патишта, да блокираат дури и водовод и канализација кон оние кои сведочеле против нив, и – да си излезат од затвор без да им фали влакно на главата.

Но малите фирми секогаш се затворани за ситници како на пример кај нас за 40 денари вишок во касата, тоа е така бидејќи од малите фирми државата нема никаква корист. Од нив воопшто не може да добива мито!
 
Нема ништо нелегално во тоа. Кој знае го прави и тука нема ништо лошо или чудно во тоа се додека играат според правилата.

Скоро секоја интернационална фирма со производство надвор од земјата каде што ги пласира својте производи го прави тоа сосема легално.
 
Порано.....сиромасите нон стоп се бунеле и барале да се воведат се поголеми стапки на данок да плаќат гигантите,а они да пркнат малце од сиромаштијата,колку и да го постигнале тоа.....гигантите најдиле начин да го избегнат тоа на легален начин,а овие пак си останале сиромашни.
 
Ми текнува пред некое време кога се спекулираше дека Станиќ (голманот на Металург) земал 15 000 евра месечна плата, но тој го негираше тоа, можеби на хартија пишува 15, ама на пример Минчо му дава 5, и 10 е во ќар, тој данок нема да го плати, така и со останатите играчи, што ракометари/ки па и фудбалери, по мое логично размислување дека така прават, а и така одат работите...
 
Работам на истражување на финансиски измами, па ако некој има линкови, блогови или било какви ресурси за нив во Македонија нека ми прати, ќе ми биде од голема помош.

Не најдов поприкладна тема за да го побарам ова.
 
Еве ти линк ог блог....http://burevesnik.org...не знам дали му се точни информациите, види...

http://burevesnik.org/mk/2011-07-09...ливиот-орце-и-неговите-послушни-паразити.html
 
Back
На врв Bottom