Колку и да се пишува на темава резултатите сите ги знаеме ........... значи проблемот реално постои, но нерешлив е !
Што сака нека прави владата, нека бапнува даноци на ергени и стари моми, нека субвенционира брачни парови и ред ред други работи пак се ќе биде за џабе ............ овој проблем е пред се културолошки, цивилизациски и системски... како што кажав и претходно наталитетот кај Македонците бил висок до 2та светска војна, веќе после војната доаѓа до промена на системот, доаѓа до масовна миграција на населението(село-град), индустријализација... и одтогаш веќе наталитетот се сведува на 2 деца(Социјалистички просек), но денеска пак во новиов систем(Капитализам) и со денешниов брз и динамичен Капиталистички начин на живот веќе и тие 2 деца се знак прашалник дали ќе се имаат или пак ќе се има само 1 !
Плус во сите досегашни општествени системи семејството секогаш било во прв ред, но во Капитализмот семејството е на второ или трето место, на прво место секако се материјалните работи т.е. капиталот/парите/образованието/кариерата/бизнисот... доволно е само да се погледне каков е наталитетот кај сите други Христијански Европски нации и се ќе ни стане јасно ............ б.т.в. кога во една Шведска која е една од најбогатите земји на планетава наталитетот е низок со децении па што ќе остане кај нас со стандард ко во Зимбабве !
А и границите на мажење и женење се дигнати преку 30 години, никој/а од моја генерација што ги познавам на пр.(26 год. сум) не е оженет/омажена, сите прво си ги гледаат материјалните работи т.е. да завршат факултети, па да најдат работно место, па да направат пара и.т.н. и женење/мажење дури после 30ка ....... доволно е само да се прошета низ градов и ќе видите купишта на брачни парови кои веќе имаат по 40 год. а допрва со нив водат бебе во количка и после Грујо или Шехтански ќе ни кажуваат тука прикаски за добра ноќ ............ проблемот е културолошки, цивилизациски и системски и невозможно е да се реши, овој проблем неможат да го решат Швеѓаните, Германците, Холанѓаните и другите богати Европски нации, па ние треторазредните Балкански сиротињи ќе сме го решеле, како да не !