Не попиздувај сега и ти, само те поправив, зошто гледам сакате да зборите на тие теми, а поим немате за нив. Само увид ти давам

.
Друже, не му пишува на никој на чело дека е геј. Нема да знаеш дали некој во твоја близина е геј или не. Во ред е ако си против одредени работи, никој не вика дека не смееш, само дека е контрапродуктивно за држава која наводно се залага за еднаквост. Барем декларативно.
Мислам дека без разлика дали ти ги сакаш во твоја близина хомосексуалците или не, дека и тие заслужуваат легално призната унија со која ќе ги добијат потребните бенефиции кои ги има бракот, и по можност опцијата за посвојување на деца, бидејќи ако ги имаат сите потребни квалитети, сите заслужуваат да бидат родители. А таквите закони јас знам дека тебе лично нема ништо да ти сменат, ќе си останеш на истиот став, само други фаци нема да можат да го изразат својот револт физички врз лицата како нас бидејќи ќе имаме закон на кој ќе се повикаме, ако осетиме таков вид дискриминација и неправда.
Се надевам правиш разлика меѓу недопаѓање, несогласување, неодобрување, и толеранција. Поентата е да се постигне последново. Никој не ти вика да се смениш себе си и како гледаш на работите. Тоа ќе е веќе касно, ти си возрасна особа, па и дури и сам да сакаш со сила да промениш некој став, тешко дека би постигнал успех на тоа поле. Што се однесува до државата, и јас не би сакал да влеземе во НАТО со некаква си придавка/додавка, и остро би се спротивставил на било која Влада која би прифатила такво решение. Би идел на протест за таква работа и би бојкотирал. Може сум геј, и не се сметам за некој си патриот, ама идентитетот ми е македонски, и планирам додека сум државјанин овде тоа активно да го одржувам во живот додека можам. Се работи за моја култура сепак. Тука барем, сигурно делиме ист став претпоставувам.