Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Арбелоа му има набиено комплекс на скоро секој играч што играл против него од другата страна. Посебно па овие тељо мељо што се од Барса. Си ги јаде за доручек. Јас би го вратил Карвахал назад да му биде резерва на Арбелоа и со тоа да учи од него, па за една до две сезони да се промовира како првотимец. Некој ќе рече дека ако му биде резерва на Арбелоа нема да напредува, ама не заборавајте дека има само 20 години. Таман оваа сезона (а можеби и другата ако важи клаузулата) да се усоврши во Леверкузен, па потоа ќе си го вратиме и за некоја година го добиваме новиот Мичел Салгадо..
 
Кога целиот состав ни е млад тогаш што потреба имаме од младинците?
Или само да ја критикуваме управата бидејќи си ја продаваме “иднината“?

Наместо да ги земаат младинците, тие купуваат други младинци кои чекаме да ги биде, а нашите растураат по други клубови.

Работата е што повеќето од вас мислите дека играчите на Кастиља се новите Меси, Чави и Иниеста па сега Реал губи со тоа што ги продава на други екипи, а реалноста е друга. Кажав и погоре. Сите оние што излегле од Кастиља и играат како првотимци во Реал се играчи од светска класа ( Касиљас, Раул), играчи што не излегуваат секојдневно од фудбалските школи. Тоа што Барса имаше среќа и ги извади Меси, Чави, Иниеста и Бускец во една генерација не значи дека може да се случи на секој клуб во светот, или дека секој нареден нивни играч ќе биде новиот Меси, Чави...

Многу играчи ми наброја дури двајца
Никој не бара нов Меси или Роналдо, не се филмај.
Од кај нас се заминати Мата, Ето, Солдадо, Негредо, Валеро, Гарсија, Хурадо.. играчи со голем потенцијал кои никогаш не добија вистинска шанса во Реал. И никогаш не добивале. Пример и Гути никогаш не доби вистинска шанса во Реал иако скоро цела кариера ја помина тука, скоро секогаш беше потиснуван од други играчи. Еве сега ги дадовме Сарабија и Карвахал, a Мората ќе се изнамачи ако чека да им земе место на Бензема и Игуаин.

Еве пак за Карвахал. Детето има потенцијал да биде добар десен бек во Реал. Али ништо повеќе. Со праќањето во Леверкузен ќе се види неговата вредност. Подобар случај од таа “позајмица“ не може да има. Ти сакаш веднаш да игра во Реал. Истото е еднакво на самоубиство. И така ни е млитава одбраната а ова би дошло како шлаг на тортата.

Што е повеќе од десен бек во Реал? :icon_lol:
 
Наместо да ги земаат младинците, тие купуваат други младинци кои чекаме да ги биде, а нашите растураат по други клубови.

Многу играчи ми наброја дури двајца
Никој не бара нов Меси или Роналдо, не се филмај.
Од кај нас се заминати Мата, Ето, Солдадо, Негредо, Валеро, Гарсија, Хурадо.. играчи со голем потенцијал кои никогаш не добија вистинска шанса во Реал. И никогаш не добивале. Пример и Гути никогаш не доби вистинска шанса во Реал иако скоро цела кариера ја помина тука, скоро секогаш беше потиснуван од други играчи. Еве сега ги дадовме Сарабија и Карвахал, a Мората ќе се изнамачи ако чека да им земе место на Бензема и Игуаин.

Што е повеќе од десен бек во Реал? :icon_lol:
Епа тие знаеле да се изборат со притисокот, со тренерите, знаеле да се наметнат. И двајцата се добри лидери на Реал. Како тогаш да ги вреднувам другите фаци кои избегале на првата подадена рака, или кукавички бидејќи неможеле да влезат во првиот тим на Реал. Од потенцијал до готов играч има разлика од тука до месечината. Од тие што ги наброја само Ето прерасна во светска класа. Мата е на добар пат ако не си ја поебе кариерата у меѓувреме. Другите се просеци и многу полоши од оние играчи што ги имаме моментално.
Сарабија е дечкото што не може да фати место во еден Гетафе, а ти очекуваш да игра место Роналдо или ДиМарија во Реал?
Со што докажа Мората дека е подобар од Безнема и Игуаин? Ја на терен гледам едно нервозно детиште што прави остри фаули и тоа при прв дуел со противнички играч.
Реков има потенцијал Карвахал. И како што реков 6 реда погоре, од потенцијал до готов играч, разликата е голема. Догодина можат да го вратат слободно, ама само ако продолжи со оваа игра. Ја би го оставил 2 години да шиба во Леверкузен, многу ќе порасне од фудбалски аспект за тие 2 години, прволигашко искуство, наместо да грее клупа на Арбелоа во Реал.
 
Колку што знам Мурињо испрати 3 играчи со бајбек клаузула. Ова им е прва сезона. Ги врати Педро Леон и Каљехон, од претходните бидејќи имаше потреба од тие играчи.
o_O
 
Епа тие знаеле да се изборат со притисокот, со тренерите, знаеле да се наметнат. И двајцата се добри лидери на Реал. Како тогаш да ги вреднувам другите фаци кои избегале на првата подадена рака, или кукавички бидејќи неможеле да влезат во првиот тим на Реал. Од потенцијал до готов играч има разлика од тука до месечината. Од тие што ги наброја само Ето прерасна во светска класа. Мата е на добар пат ако не си ја поебе кариерата у меѓувреме. Другите се просеци и многу полоши од оние играчи што ги имаме моментално.
Сарабија е дечкото што не може да фати место во еден Гетафе, а ти очекуваш да игра место Роналдо или ДиМарија во Реал?
Со што докажа Мората дека е подобар од Безнема и Игуаин? Ја на терен гледам едно нервозно детиште што прави остри фаули и тоа при прв дуел со противнички играч.
Реков има потенцијал Карвахал. И како што реков 6 реда погоре, од потенцијал до готов играч, разликата е голема. Догодина можат да го вратат слободно, ама само ако продолжи со оваа игра. Ја би го оставил 2 години да шиба во Леверкузен, многу ќе порасне од фудбалски аспект за тие 2 години, прволигашко искуство, наместо да грее клупа на Арбелоа во Реал.

По сите коментари можам да заклучам дека Реал го пратиш последниве 4 години. Друго ми нема логика за ваквиве коментари.
Кажуваш за притисок за не знам ти што :pos: кој притисок бе бачко кога не ни добиваат шанса, кога се продадени пред воопшто да заиграат за прв тим?
Сарабија е дечкото што на Шпанија и донесе европска титула во младинци. Ама ти толку го пратиш, затоа и лупеташ безвезе.
Мората е помлад и понеискусен од Игуаин и Бензема, за какво покажување ти ми правиш муабет? За 10 минути кои ги игра кога резултатот е решен и кога никој во тимот не се замара. А бидејќи овие двајца ќе бидат во Реал уште долго време, следува дека Мората никогаш и нема да добие можност да се покаже.
Мата е класа играч кој комотно би се носел со Ангеле. Солдадо и Негредо редеа голчиња во Примера кога нашите двајца напаѓачи мака мачеа да погодат. Откако се во Реал пола сезона ги има во тимот другата пола се во очајна форма.
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 19:00 ---
Нешто нејасно?

Педро Леон не е играч од Реал
 
Јас знам точно што сум пишал и во кој контекст го имам употребено пишаното. На тебе ти е нејасно. Знам дека не е во Реал веќе Педро Л. и знам дека беше флоп, меѓутоа во тоа време бил еден од поперспективните играчи на Кастиља, и “растурал“ во клуб како Гетафе, па го вратиле во Реал бидејќи бил квалитет. Ама не испаднаа нештата како што треба. Еве ти доловив чисто од мислата кога те мрзи да читаш повеќе.
:pos: Има доста работи што не ти се јасни
 
По сите коментари можам да заклучам дека Реал го пратиш последниве 4 години. Друго ми нема логика за ваквиве коментари.
Кажуваш за притисок за не знам ти што :pos: кој притисок бе бачко кога не ни добиваат шанса, кога се продадени пред воопшто да заиграат за прв тим?
Сарабија е дечкото што на Шпанија и донесе европска титула во младинци. Ама ти толку го пратиш, затоа и лупеташ безвезе.
Мората е помлад и понеискусен од Игуаин и Бензема, за какво покажување ти ми правиш муабет? За 10 минути кои ги игра кога резултатот е решен и кога никој во тимот не се замара. А бидејќи овие двајца ќе бидат во Реал уште долго време, следува дека Мората никогаш и нема да добие можност да се покаже.
Мата е класа играч кој комотно би се носел со Ангеле. Солдадо и Негредо редеа голчиња во Примера кога нашите двајца напаѓачи мака мачеа да погодат. Откако се во Реал пола сезона ги има во тимот другата пола се во очајна форма.
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 19:00 ---

Педро Леон не е играч од Реал
Цело време зборам за ситуацијата во која се наоѓаме, односно од кога е Мурињо дојден. Не зборувам за минатото иако ја знам ситуацијата.
Не сум знаел дека клубот ги продава играчите, а тие си немаат појма. Се буди еден ден и дознава на вести дека е продаден во друга екипа. :confused:
Сарабија. Еве да речеме добар е како што ти велиш. Ама неможе да фати место во Гетафе. Тогаш дефинитивно ти се ниски стандардите за она што е добар играч.
Незнам ама не сум видел сезона во која Солдадо и Негредо имале повеќе голови од Игуаин и Бензема во ЛШ ( репер за квалитетно натпреварување).

Глеј. Ти ја разбирам фрустрираноста за тоа дека не им даваме шанса на младинците. И на мене ми пречи на моменти. Али откако дојде Мурињо може да се види одредено подобрување во тој поглед. Од друга страна имаш превисоки очекувања од младинците. Неможат тие да се борат против искуство и туку така да ги заменуваат првотимците на Реал. Голема е разликата. Мурињо не е од вчера па да не знае како се однесува млад играч под притисок, неискуство. Оние кои заслужуваат ќе си добијат шанса. Барем така очекувам и јас од Мурињо. Моментално оваа екипа што ја имаме нема потреба од младинците. Можеби понатаму ќе се смени филозофијата на клубот и ќе се иде на таа карта. Али кој знае ебааго, не гледам на кристална топка.
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 19:16 ---
:pos: Има доста работи што не ти се јасни
Упс. Honest mistake. Цело време си имам ставено во глава дека е од Кастиља.
 
Цело време зборам за ситуацијата во која се наоѓаме, односно од кога е Мурињо дојден. Не зборувам за минатото иако ја знам ситуацијата.
Не сум знаел дека клубот ги продава играчите, а тие си немаат појма. Се буди еден ден и дознава на вести дека е продаден во друга екипа. :confused:
Сарабија. Еве да речеме добар е како што ти велиш. Ама неможе да фати место во Гетафе. Тогаш дефинитивно ти се ниски стандардите за она што е добар играч.
Незнам ама не сум видел сезона во која Солдадо и Негредо имале повеќе голови од Игуаин и Бензема во ЛШ ( репер за квалитетно натпреварување).

Згрешив предмалку, ти не пратиш последни 4 години туку воопшто не пратиш. Нити откако е Мурињо нити претходно, туку само си лупеташ.
Ту ама глупи споредби ми правиш. Головите на играчите не зависат само од самиот играч, во голем дел зависат и од тимот.
И покрај тоа сезона 2010/2011 Негредо 20, Солдадо 18, Бензема 15, Хиго 10.
За Сарабија изгледа само Гетафе ти остана како муабет, а за Мората ти се потрошија, за други да не правиме муебет.

Глеј. Ти ја разбирам фрустрираноста за тоа дека не им даваме шанса на младинците. И на мене ми пречи на моменти. Али откако дојде Мурињо може да се види одредено подобрување во тој поглед. Од друга страна имаш превисоки очекувања од младинците. Неможат тие да се борат против искуство и туку така да ги заменуваат првотимците на Реал. Голема е разликата. Мурињо не е од вчера па да не знае како се однесува млад играч под притисок, неискуство. Оние кои заслужуваат ќе си добијат шанса. Барем така очекувам и јас од Мурињо. Моментално оваа екипа што ја имаме нема потреба од младинците. Можеби понатаму ќе се смени филозофијата на клубот и ќе се иде на таа карта. Али кој знае ебааго, не гледам на кристална топка.

Има подобрување во продажбата на најдобрите играчи од Кастиља уште пред да добијат 10 минути во првиот тим.
Уствари џабе ти кажувам кога ни постовите не ми ги читаш туку само цитираш и се контраш безвезе.
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 19:27 ---
Упс. Honest mistake. Цело време си имам ставено во глава дека е од Кастиља.

Не си и ти толку крив колку што не пратиш.
 
^
Значи според тебе цела Кастиља е подобра од првиот тим на Реал.
Мурињо гледа да земе некој денар од играчите на Кастиља, па затоа не им дава шанса иако се светска класа, небитно дека неможат да фатат место во второразреден клуб.
Мората е подобар од Игуаин и Бензема, како и Негредо, Солдадо и сите други пропуштени таленти.
Карвахал е подобар десен бек од Арбелоа.
Нема што да дискутирам понатаму. Ти имаш и кристална топка и знаеш дека сите играчи на Кастиља нема да играат во Реал Мадрид како првотимци. Како можам ја против видовити. гг...
 
Не разбираш. Од Кастиља има играчи кои можат да играат во прв тим, ако и само ако им се даде шанса.

Мората е подобар од Игуаин и Бензема, како и Негредо, Солдадо и сите други пропуштени таленти.

Ти имаш проблеми со читање и разбирање. Врати се во основно.
За Мората, Негредо и Солдадо доволно напишав немам намера да се повторувам

Карвахал е подобар десен бек од Арбелоа.

За Карвахал убаво напиша Манга, ама не читаш.

Нема што да дискутирам понатаму. Ти имаш и кристална топка и знаеш дека сите играчи на Кастиља нема да играат во Реал Мадрид како првотимци. Како можам ја против видовити. гг...

Немам кристална топка, ама за разлика од тебе го пратам Реал.
 
^
Си се запрашал зошто не добиваат шанса?
Или чисто онака оти на Мурињо и на Перез им е фетиш да се заебаваат со нивните кариери.
И пред да напишеш дека не го следам Реал, или само последните 4 години, имај предвид дека зборувам за реалноста, или Реал под водство на Мурињо.
 
Ова ко да се расправам со фан на Барса кој почнал да навива откако се појави Гвардиола како тренер.
 
Дај бе не се филмајте. Разберите дека притисокот од страна на навивачите во Реал е ОГРОМЕН, и слободно можем да кажем дека е најголем од сите клубови у светов. Во Реал, 2-3 лоши утакмици по ред и публиката бара играчот да си оди. 70% од овие што ги набројавте, не знаат да се носат со таков притисок и сигурен сум да се вратат во Реал, нема да играат ни 50% од тоа што го играат.
Ајде за Мата и такви играчи океј, ама дај бе не ми ги спомињајте Борха Валеро и слични. Не викам дека се лоши играчи, добри се, ама само за во просечни клубови. Затоа и малку се оние кои успеале од школата да се пробијат во прв тим и да бидат успешни. Пред се тоа се играчи со голема самодоверба, играчи со преголема упорност и затоа не барајте играчи како Борха Валеро да бидат успешни во Реал. Ете им ги Фиорентина и слични екипи, таму можат да се покажат најдобро.
 
70% од тие што ги набројавме?
Покрај Валеро јас ги набројав Мата(Валенсија, Челзи) Ето(Барса, Интер), Солдадо(Валенсија), Негредо(Севиља), Хурадо(Атлетико, Шалке), Гарсија(Бенфика, Сити)
И ти ми кажуваш дека овие играчи освен Валеро не можат да се носат со притисок и немаат самодоверба.

А да и младинци како Мората и Сарабија кои беа најдобри меѓу своите врсници во Европа немаат потенцијал за прв тим во Реал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom