Македонија мора да преземе соодветни стимулативни мерки за наталитетот, кои ова Влада со проектот трето дете ги започна, а ТМРО предлага и казнени мерки преку т.н.проект „ергенски данок“.
„Македонската држава вложувала во секој поединец, преку бесплатно образование до 18 години, социјална заштита, минимална здравствена заштита, се со цел да се изгради здрава личност која ќе придонесува за државата. Во тој контекст морално право на државата која финансирала во поединецот за општествена корист е да го санкционира преку плаќање данок во висина од една месечна плата-годишна такса на секој неженет маж над 35 години и жена над 30 години. Наша приоритетна цел и политичка и економска, а ако сакате и државна е подржување на наталитетот кај Македонците, како основа за опстанокот на македонската држава и народ“, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански на вчерашната средба со членовите и симпатизерите во Гевгелија.
http://www.mkd.mk/72642/makedonija/tmro-danok-za-ergenite-i-momite/
Вест балон ама што мислите за некоја ваква мерка..
Македонската држава вложувала во секој поединец ?
Од каде им сега ваквата дезинформација ?
Јас како поединец, помнам дека мајка ми и татко ми, со тешко заработени пари ми купуваа облека, учебници, тетратки, книги, лекови за кога бев болен и така беше во текот на целото мое основно, средно и високо образование.
Признавам дека во основно ни дадоа учебници во периодот од 5-то до 8-мо одделение, но мајка ми и татко ми вложуваа во моите тетратки, во мојата облека, во моето здравје кога ќе настинев.
Во средно моравме да плаќаме партиципација за секое полугодие, или во спротивно ризикувавме да не ни дадат свидетелства на крајот на учебната година, или да ни ги дадат свидетелствата без потпис од директорот или без печат од училиштето, а за учебници и за сите останати образовни материјали бевме оставени самите на себеси. За време на моите средношколски денови, мајка ми и татко ми вложуваа во моите учебници, тетратки, книги, во моето здравје кога ќе настинев, но морам да признаам дека сепак имавме пристап до училишната библиотека и до нејзините книги, откако претходно ќе платевме посебна партиципација и за библиотеката се разбира, евтина беше партиципацијата, не помнам точно колку изнесуваше, но останува фактот дека беше задолжителна доколку сакавме да имаме пристап до нејзините книги.
Факултетот е друга приказна, тука не можам да коментирам за државните универзитети во мое име, бидејќи јас завршив факултет на приватен универзитет, но истовремено живеам во непосредна близина на еден од најголемите студентски домови во Скопје, чиишто кираџии секојдневно ги гледам по банките како плаќаат партиципации, членства во студентски организации, студентски парламент и ред други глупости кои или ќе ги платат, или ризикуваат да не им бидат прифатени и/или признаени проектни задачи, семинарски работи, да не им бидат потпишани оценките во индекс и ред други глупости.
А и да не заборавиме дека високото образование сепак не е законски задолжително во Република Македонија, за разлика од основното образование и средното образование, кои се законски задолжителни во Република Македонија.
Ако јас сакам да возам, задолжително морам да извадам возачка дозвола за соодветната категорија на возилото кое сакам да го возам, за која задолжително морам да полагам испит, задолжително морам да положам и возење низ град, односно низ урбана средина, а исто така задолжително морам и да поминам одреден број на часови со инструктор за возење.
За испитот и за часовите со инструкторот за возење морам да платам со пари од свој џеб, а освен ако грешам, не постои државна автошкола, знам дека ЈСП Скопје има своја автошкола, но не сум слушнал досега дека нејзините услуги се бесплатни.
Како и да е, откако ќе ја извадам возачката дозвола и ќе почнам да возам, во одредени скопски општини морам да плаќам зонско паркирање, а ако живеам во некоја од тие општини, морам да плаќам и кирија за паркирање пред сопствениот дом, без притоа воопшто да ми е загарантирано и обезбедено местото за паркирање, како и без притоа воопшто да ми е загарантирана безбедноста на моето возило.
Жал ми е за Шехтански, но воопшто не се согласувам со него, оваа држава на ама баш никаков начин не вложува во секој поединец, спортските игралишта и спортските сали се наменети за тие кои се заинтересирани да спортуваат, јас повеќе сакам да уживам во природа, качувајќи се на Водно, ем ќе се изнадишам чист и здрав воздух, ем ќе го мрднам задникот и ќе намалам некој килограм, и сето тоа во природна убавина, а не во некој заграден простор наречен спортско игралиште со тревник наречен спортски терен, или во некој затворен објект наречен спортска сала.
Кога оваа држава ќе инвестира во секој поединец како што либиската држава на чело со Моамер Гадафи инвестирала во секој поединец, тогаш јас ќе се согласам со Шехтански, па дури и ќе барам воведување на полигамиски бракови, како што неодамна беа воведени во Бразил, се со цел да ги има што е можно повеќе мајки и татковци и што е можно повеќе наследници од идната генерација, но до тогаш, Шехтански и таквите како него, нека му зборуваат на воздухот кога ќе им поминат вакви идеи низ нивните глави, за кои не верувам дека се нешто големи за филозофите и мудреците од типот на Шехтански и таквите како него.