Кајганоска слушај утрово шо ми се случи:
Феноменално неделно утро (сонце, тивко- никој не работи, добар бизнис повик уште од 9ипол...мераци). Станувам мамурен после повикот, туш, 20 скелкови, 20 чучневи, 2 круга шпринт околу куќа со подигнат среден прст како поздрав до сите мои околни комшии (абе ко сите бодибилдери и јас), па после гимнастиката назад за утринското кафе. Во меѓувреме кафето додека се прави, отварам меил, форуми, охридњус итн.
Е сега така смирен одкако се направи кафенцето, си го земам си легнувам на еден најудобен стол со спуштање, каде нозете ги кревам на бирото (да можев уште повисоко ќе ги кренев на полицата над мониторот, ама ми смета печатарот), јутуб песна Лична Јовано од Наум Петрески-слушалките ставени, и отварам фејсбук.
Имам еден пријател шегобиец напишал статус:
Откриен идентитетот на мажот од Охрид
http://img79.xooimage.com/files/e/1/2/chiste-yao-mingo-360d4ea.swf
Абе кајгано кај стегнав на линкот, кога излезе тоа чудовиштето со искршени заби испукана фаца,железен шешир и зелени очи со некој ванземјански врисок, ко ми летна тоа цигарето во кафето, се испотурив целиот, слушалките ги исфрлив, издував пепел на сите страни, ебасиму стопанката негова...па кај и не ги прочитав коментарите под статусот : ќе те избришам од фб...2 литри вода испив, срцево вкомши ми замина и тако даље.
Станав се избришав, собрав тоа пепелот, направив ново кафе, и му се вратив со коментар: Абе Мирко, не ти е страшна сликава воопшто, кога ја отворив вака напрајв- пффхахахах.. Немам страв од вакви работи, уствари јас и стравот секоја вечер водиме љубов, со женска правам предигра гледајќи хорор филм во соба полна со лиљаци, и за време на сексот на рипит ја уклучувам масовна сахрана од Перо Деформеро. Најди некоја пострашна, за да ме усреќиш.
Ах море Мирко хемороиди да фатиш, неделното утро ми го запусти.