Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Трипати се расплакав на Трето Полувреме.
 
Драга, прееска сретнав нова кратенка на некоја твоја тема-МПО. Прво ме отера паметот на некакви си Меѓународно-Правни Облигации (јбг струката тера), после тоа сфатив дека тоа било Машки Полов Орган....
 
Мислам дека пишува care.
Еј ме уби сега... :P ми го уништи изненадувањето... башка ху керс дис дејс...:unsure:

Ај да не бидам ептен оф тхе чарт... Денес бев сведок на (незнам како да го наречам) интересен феномен кој се јавува одвреме навреме кај луѓето кога ке биде доволно набилдан одвнатре... се работи за потиснување на нервоза, гнев, анксиозност, живеење во кловноски свет и ко ќе се собере се тоа убаво во една персона(нон грата) избива на површина и ја превзема контролата... е тука следува несвесна реакција од истата персона... Абе ликот му се смени ко опседнат од демон да беше за моменат... али после за брзо време се врати во “нормала“(само до кога е работава) Интересното е што доколку пробаш да им ја укажеш болната состојба во која се или ќе бидеш направен на мрдант, или ќе те нападнат демек кој си ти мене да ми кажуваш ова она... уствари како можеш да му помогнеш на некого кој нејке да си помогне самиот(живото ќе го научи... се надевам...)
 
Кајг,
има две опции.
Или ќе го убијам и ќе го лежам ко за човек, или ќе го убијам и ќе фатам џенем, па нема да ме фатат.
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 05:31 ---
Еј решив да си одам, ама ја видов сликава, и морав да ти ја покажам бе.
Ме стопи вака, пред легнување :D
253107_437747716289858_187355826_n.jpg
 
Одамна не сум те посетил драга,се надевам ќе ми опростиш.

Хмм од каде да почнам ....а да, денеска полагав после некои си пет месеци апстинирање...положив за моја среќа(затоа што бев сигурен дека со моменталното знаење не бев ни за 1 бод) но од друга страна ме замисли колку е катастрофален нашиот образовен систем и зошто факултетот каде студирам спаѓат во КГФ...и зошто имат толкав број на завршени лица од мојот факултет кои немаат појма од работата... а кога ќе се сетам како е на приватните факултети по малце и ми станвит јасно зошто имат толкав степен на невработеност на правници,економости и сл. кај нас(а и ебати вработеноста преку политичките партии и врските)...

On the other hand (како шо ме учеше професорката во средно по англиски да продолжувам пасус) од досада почнав да уплаќам спортска и незнам дали стварно се навлеков на спортскава или пак само глумам дека сум навлечен...али се надевам дека за брзо ќе ми поминит со оглед на парите кои ги изгубив изминатиов период и со оглед дека многу други поинтересни работи за брзо време ми здосадиле поради преокупација со нив...

Last but not least, ако му не, Јовица ?
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 06:18 ---
Пс: Ако бев Кинез,ќе ми потечеа лиги на сликата од пумата од што сум гладен...фини ражничи би се зготвеле во далечната ни Кина.
 
Драга, едно арно од тоа што сум по цел ден на работа: Газов и нозеве ми се зацврстија без вежбање :pos:
Туку, се осеќам ко да не сум од оваа планета, толку многу се асоцијализирав, тоа е чудо. И несакам кога имам слободно време за да размислувам, оти доаѓам до заклучок дека не е на арно, ми идат мисли во главава што ме вознемируваат и мисли што не треба да го размислувам, воопшто.
Глупости...
 
Влажна..........


Добро бе,како човек се движиш низ центар и од нигде никаде птица,сака да ти собере капата од глава,со канџи на тебе со крици фул пекиџ ! На што личам јас бе на гнездо ? ццц што е со птициве бе ?

Се издрогирано. :cautious:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom