Има ли апсолутна линија која што ги дели лудите од нормалните?

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Има ли апсолутна линија која што ги дели лудите од нормалните? Раскажувајќи на начин од кој ќе се наежите, Џон Ронсон, автор на Тестот за Психопати, ни ги осветлува сивите области помеѓу овие две состојби. (Со звук миксан во живо од страна на Џулиан Трежр и анимација од Еван Грант.)
http://www.ted.com/talks/lang/mk/jon_ronson_strange_answers_to_the_psychopath_test.html
Доколку имате слободни 20тина минути погледнете го видеото, интересно до самиот крај.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.522
Си кажа човекот се е сиво.
И во најзлобното постои добро.
И во најдоброто има лошо.
 
L

Luki Junior

Гостин
Ако одлуче општеството со сопствените норми дека си луд... биди најстабилнио човек на земјата, ќе си луд за општеството.

Сите сме луди, некој повеќе, некој помалку.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Има ли апсолутна линија која што ги дели лудите од нормалните? Раскажувајќи на начин од кој ќе се наежите, Џон Ронсон, автор на Тестот за Психопати, ни ги осветлува сивите области помеѓу овие две состојби. (Со звук миксан во живо од страна на Џулиан Трежр и анимација од Еван Грант.)
http://www.ted.com/talks/lang/mk/jon_ronson_strange_answers_to_the_psychopath_test.html
Доколку имате слободни 20тина минути погледнете го видеото, интересно до самиот крај.
Де бе до толку те наежи ова... Па ова е многу нормално и познато веќе... во ова општество во кое живееме нема здрави луѓе... ова општество сакале да прифатиме или не е уствари една голема глобална ментална установа каде ако си стварно здрав ондак си третиран од “нормалните“ како малце или малце повеќе забеган... но стварно и не е ни битно како ќе бидеш оценет од другите оти и онака ретко кој е свесен доволно да увиди до која мера е болен за да може да си помогне самиот себе... така да вака иде некако...
“Нормалните“(според некоја норма која е прифатена во општеството каде уствари нормалноста е само одреден степен на лудило кое е прифатливо)
Лудите или избеганите од умот...(кои уствари пред да се прогласени за луди спаѓале во “нормалните“ но дошле до долната граница премногу и ја прескокнале т.е. затоа и се нарекуваат забегани out of the mind во негативна состојба каде свеста е тотално изгубена(не дека ја има многу во “нормалните“ ја има ама се користи за да се потиснат сите оние нешта за кои општеството ги смета за непотребни и поради тоа се доаѓа до лудило)
Енд лест бат нот д лист... Здравите(нив за жал ги има ептен малце во ова наше општество, тие се луѓе кои се исто така избегани од умот но во позитивна состојба... имаат тотална свесност и не потиснуваат во нив ништо било на ментално или на емоционално ниво... живеат како дел од природата, природни се како животните но се разликуваат што имаат целосна свест за разлика од нив или од другите луѓе нормални или луди)
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ние сме програмирани да ги делиме работите врз основа на целта што треба да ја постигниме. Ако целта не ни е позната, тогаш се повикуваме на мнозинска одлука (шпекулација) која егзистира низ генерациите.
Зошто постоиме? Зошто има мултиверзум, планети, простор, време, живот?
НЕ што е тоа... туку зошто воопшто да постои такво нешто?

Некој ке помисли дека сум навлегол длабоко во мистериите.. Стварно е така.. сум навлегол.
Но верувам дека таму лежат сите одговори. Па дури и одговорот на тоа кој е луд а кој нормален.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Има ли апсолутна линија која што ги дели лудите од нормалните? Раскажувајќи на начин од кој ќе се наежите, Џон Ронсон, автор на Тестот за Психопати, ни ги осветлува сивите области помеѓу овие две состојби. (Со звук миксан во живо од страна на Џулиан Трежр и анимација од Еван Грант.)
http://www.ted.com/talks/lang/mk/jon_ronson_strange_answers_to_the_psychopath_test.html
Доколку имате слободни 20тина минути погледнете го видеото, интересно до самиот крај.
Ќе го глеам клипчево утре.. не сумњам у ТЕД.. вадат интересни ствари..

А по однос на темава.. категорично НЕ! :)
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Ние сме програмирани да ги делиме работите врз основа на целта што треба да ја постигниме. Ако целта не ни е позната, тогаш се повикуваме на мнозинска одлука (шпекулација) која егзистира низ генерациите.
Зошто постоиме? Зошто има мултиверзум, планети, простор, време, живот?
НЕ што е тоа... туку зошто воопшто да постои такво нешто?

Некој ке помисли дека сум навлегол длабоко во мистериите.. Стварно е така.. сум навлегол.
Но верувам дека таму лежат сите одговори. Па дури и одговорот на тоа кој е луд а кој нормален.
А зошто да не...? мислиш дека постои “зошто“ во самото постоење на универзумот и се што го сочинува него... мислиш доколку би постоело зошто(да речеме има некое затоа) дека ќе се разбере и објасни посотењето... Мислиш дека постојат одговори или пак прашања...? Се е поради тоа што е, без никаква причина, цел, крај ниту почеток... Луда работа:D
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
А зошто да не...? мислиш дека постои “зошто“ во самото постоење на универзумот и се што го сочинува него... мислиш доколку би постоело зошто(да речеме има некое затоа) дека ќе се разбере и објасни посотењето... Мислиш дека постојат одговори или пак прашања...? Се е поради тоа што е, без никаква причина, цел, крај ниту почеток... Луда работа:D
:pos:

А зошто луда? Можеби е сосем нормално :D
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Ако мислиш дека си нормален тука, можеби, во некое друго опкружување, со други социо економски и емоционални начини на живот ќе те сметаат за луд. Така да иако по некоја си дефиниција е дека доколку твојот профил се вклопува со мнозинството, си нормален, сметам дека и нема некоја линија што може потполно да ги подели луѓето на луди и нормални. Секој е сличен со секој, а толку многу различен. И сметам дека човекот на психички план 100% не е секогаш „нормален“. Секогаш има некои минорни пречки (настрана тешките психози и неурози), кои што некогаш и те како можат да дојдат до израз во некоја ситуација.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Нормален е оној кој што се запрашал дали е луд, не ми текнува на кој беше овој цитат, иначе тоа е многу точно, доколку те класираат како луд, ти си за нив луд и точка, и да го правиш најнормалното они ќе ти препишат нивна дијагноза. Во светов многу е потешко да докажеш дека си нормален отколку да докажеш дека си луд.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Не постои сосема здрав човек.
Таквиот човек би бил совршен.

Границата или во мед.психологија border line е нешто што не може да се дефинира со една реченица, затоа и се остава голем простор за проценка кај секоја посебна личност.
Во суштина, не е патолошки случај се додека не се повредува (психички или физички) личноста себе и својата околина.
Секако, како што кажав, постојат многу отстапки и прво и основно правило - секоја личност е посебна. Тоа што важи за мене, не значи дека ќе важи и за сите други.
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 02:03 ---
Нормален е оној кој што се запрашал дали е луд, не ми текнува на кој беше овој цитат, иначе тоа е многу точно, доколку те класираат како луд, ти си за нив луд и точка, и да го правиш најнормалното они ќе ти препишат нивна дијагноза. Во светов многу е потешко да докажеш дека си нормален отколку да докажеш дека си луд.
Па ,,узречица,, ни е ,,ти си бе брат луд,,. Се што отстапува од некој просек е ,,лудо,,. Проблемот е, што не само тука, туку општо, поимот ,,луд,, се изедначува со поимот ,,различен,, или ,,чуден,,.
Не се што е различно или чудно - е и лудо :)
За вистински ,,луд,, да бидеш е потребно повеќе од два пати Мери, еднаш сестра и ;)
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Мислам дека темава многу го развлекува поимот ЛУД.
Постојат луди луѓе и таму има апсолутна линија.
Пумата како психолог ги познава дијагнозите за манијакално-депресивна шизофренија, параноја, анксиозност, депресија.
Човекот е импресивно битие, со многу сложена и комплексна психа, архетипи, митови, ама границата меѓу луд и здрав сепак мислам дека е јасна.
PurplePuma мислење?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.234
Има линија, ама не верувам дека е апсолутна!
б1.jpg
Или од поблиску
bolnica bardovci.jpg


А линијата не е апсолутна прибидејќи секоја отстапка од мнозинството е гратис налепница, прекар или мислење за некоја личност или појава.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Мислам дека темава многу го развлекува поимот ЛУД.
Постојат луди луѓе и таму има апсолутна линија.
Пумата како психолог ги познава дијагнозите за манијакално-депресивна шизофренија, параноја, анксиозност, депресија.
Човекот е импресивно битие, со многу сложена и комплексна психа, архетипи, митови, ама границата меѓу луд и здрав сепак мислам дека е јасна.
PurplePuma мислење?
Не, мој драг, не е сосема јасна. Затоа што симтомите не се така едноставни.
Како што кажав, линијата е посебна кај секој човек, што ќе важи за еден, не мора и за друг.
Не можеш да кажеш дека линијата е иста кај човек со шизофренија и човек со депресија. Депресијата не е класична тага како што мислат, туку е сериозно нарушување, болест, и да, тие луѓе се ,,чудни,, односно ,,лудо се однесуваат,, за околината. А сепак, не значи дека секој со депресивни симптоми ќе го наречеме болен.
И како што сам кажа, психата е толку сложена, и затоа прв принцип е секогаш - секоја личност е посебна и секоја личност бара посебен пристап, уникатен.
Не можеме за две личности да кажеме дека се исти, па така и истите симптоми кај две личности, не мораат нужно да значат и исти дијагноза.
Има и други психолози тука, се надевам дека ќе ја видат темата и ќе го кажат своето мислење. А има и луѓе кои воопшто не се психолози, па имаат сосема компетентни мислења на психолошките теми. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom