Неквалитетни учебници поради нестручен приод

Поарно е шо не ги тепат децата. Ќотеко е сериозна работа, и не може некој учитал со 3 реда школо да ти го пердаше детето.


А книгите никојпат не са биле добри, не само сега. За мене останува најдобра книга (за основно), оваа по физика шо ја преведеа дирекно од англиски.
А ти со диплома од Европски можеш да го тепаш, зашто имаш и постдипломски студии...
 
А ти со диплома од Европски можеш да го тепаш, зашто имаш и постдипломски студии...
Чекај сега бе, кој спомна Европски, пост-дипломски, и слични други работи. Дека сам напишал колку и какво образование имам?

Ти тепан ли си за време на твојто образование? Оти јас сам тепан како дете од учитали, со прачки, со шлаканици, теглејне уши, и навредувани со погрдни зборове (магариина, волове, букови глави, и слични други епитети). Не се заебавај, деца воспитуваш. Ќотеко не е решение за сите проблеми.

Ај провери чисто информативно кој се запишува на педагошки? И зашо се запишуват на педагошки?
Од секогаш најслабите ученици са одиле на педагошки, са станувале учитали, и истите тие слаби ученици после требе да ти ги научат децата на нешто повеќе..

офф топик сам. не ме бришејте.
 
Секоја година ли се менува историјата, географијата, хемијата и ред науки па да мора секоја година одново да се трошат пари за авторски права, рецензии, комисии и што уште не?
Ми стојат на големи суми трошени за таква намена, непотребно.
 
Поарно е шо не ги тепат децата. Ќотеко е сериозна работа, и не може некој учитал со 3 реда школо да ти го пердаше детето.
А книгите никојпат не са биле добри, не само сега. За мене останува најдобра книга (за основно), оваа по физика шо ја преведеа дирекно од англиски.
Да тепањето деца е сериозна работа, ама да останиш мирен на часот и да го слушаш како раскажува учителот е и те како тешка работа барем за пола ученици, а сега и за цел клас. Ако немирен еден два шамари не значат многу.
 
Уште бисери од нашите "стручњаци". Што учат децата
ФОТО: Македонските твитерџии во потрага по Биљана Живковиќ, автор на учебник за 4 одделение за Нобелова награда

nfh3cn.jpg


http://issuu.com/e-ucebnici/docs/pr...ci.mk/issuu/theme/layout.xml&showFlipBtn=true
Скандалозните учебници ќе се поправаат во Кембриџ

На социјалните мрежи кружи фотографијата од учебник за четврто одделение од авторката Биљана Живковиќ , каде што стои ваква формулација:

„Разликата помеѓу живата и неживата природа.
Неживите организми… Каменот, почвата, водата не живеат. Тие ја сочинуваат неживата природа и од нив зависи целиот жив свет“.
Но, ова е само еден пример на нелогичности и грешки кои можат да се најдат во македонските учебници за основно и средно образование.
Еве и други:
„Шекспир потекнува од Шпанија“,
„Црногорските градови Улцињ и Бар биле делови на Албанија“,
„Античките Македонци се повлекле во планините и станале Власи“,
„Селаните припаѓале на феудалната хиерархија“.

Во учебникот по предметот „Запознавање на околината“ за второ одделение, на децата на возраст од седум години им се даваат инструкции ка¬ко да го задржат воздухот, за да видат колку долго можат да издржат без кислород.
“Затвори ја устата и затни го носот. Изброј колку време можеш да издржиш без воздух “, е експериментот кој им се препорачува на второ одделенците во учебникот по запознавање на околината, за да го откријат значењето на воздухот за животната средина.
За овие скандалозни грешки во учебниците, од Министерството за образование и наука велат дека учебникот од Биљана Живковиќ бил одобрен во 2009 година и дека досега немало забелешки за неговата содржина, ниту од наставниците, ниту од родителите.
Инаку, Министерството веќе работи со британскиот Универзитет Кембриџ на превод на учебници за основно и средно образование што ќе биде долгорочно решение на проблемот, а не поединечно да се решава случај по случај, вели за НОВА, Емилија Јовановска од Министерството за образование и наука.
 
Добро, па моите учебници во основно беа 100 пати подобри него овие сега што ги имаат.
Сестра ми е 4то (9толетка) и какви глупости по тоа книгите може да се најдат, страшна работа.

Не знам, веројатно луѓе со сомнителен просек во основно ги пишувале.
 
Не е голема трагедија ако некој учебник е лошо напишан. Секогаш постои можноста да се купи друг учебник и да се учи од друг учебник или учителот да ги дообјасни работите. Проблем настанува ако учителот/професорот не бара знаење и разбирање на материјалот од ученикот туку бара од учениците да му раскажат некоја лекција од збор до збор како што е напишана во учебникот кој го избрал.
Често имав такви професори кои тоа го бараа, а и самите на час го кажуваа од збор до збор истото што го пишуваше во учебникот.
По некои предмети за кои мислев дека ќе ми користат понатаму или кои ми беа интересни имав повеќе учебници и книги. Од еден учебник учев напамет колку професорот да ми даде оценка, а од другите повеќе со разбирање за да добијам знаење. Но тоа значи и трошење време кое не го има баш секој. И пари нормално.
 
Немаат предмет Географија. Имаат општество (целосно недефиниран предмет за системи, за држави и слично) и природни науки кои да речеме се некоја ново изменета биологија, напишан на повисок стил и преполн со дефиниции.
Се знае Географија, Историја и Биологија идат во петто одделение, за да можат сите три предмети да се поклопат и да се надополнат. Како ќе учиш за Кина кога ти појма немаш што е тоа Кина ниту каде се наоѓа? Како ја ставаш Историјата пред Географија, кога самата Историја се темели на објаснување на цивилизации и народи, големи цартсва ширење на континенти, освојување на држави, битки на реки. А ти незнаш Македонија каде е.
И јас сега ова прв пат го слушам дека немаат предмет географија.... Абе кој знај што се случува во основното образование. Сакајки да го подобрат(односно да го доближат до американското образование) се оплескаја!!! Инаку и да имаа географија во 5то одд., како што паметам во 5то се учат онака континентите и некои др општи работи за географијата па тек во понатамошните одд. се учат државите.
 
gragansko.jpg
Ова е извадок од учебник за седмо одделение (осмолетка).Мене не ми е јасно како може некој воопшто да го напише ова.Колкав идиот треба да си за вакво нешто да вметниш во учебник.Свесни ли се авторите дека пишуваат учебник, а не скрипта за кафански муабет во петок навечер?
http://www.scribd.com/doc/74247895/Gragansko-Obrazovanie-Za-VII-Odd-nova - Линк од целиот учебник
 
Дечки, јас креирав една анкета, се однесува на образованието кое сте го имале во основно, а и сега во средно. Работиме на проект за подобрување на вашето образование, па потребна е ваква анализа, која ќе се трае неколку месеци, за да има подобар увид. Ова не е поврзано со Влада, Министерство и сл., туку е проект на неколку ентузијасти :)
Ќе ве замолам да одговорите на прашањата што поискрено, ние работиме за вас.
Поздравче :)
https://www.surveymonkey.com/s.aspx?sm=C95AiW62NXXUvGQ1NT6Qcw%3d%3d
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom