Неквалитетни учебници поради нестручен приод

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Локација
Македонија
Апстрактните и обемни текстови во учебниците, кои не одговораат на возраста на учениците за кои се наменети, како и неретките фактички грешки, се должат на тоа што учебникарството во Македонија е на почеток и нема стручни авторски тимови, па на конкурсите се јавуваат индивидуалци.

Владо Тимовски, декан на Педагошкиот факултет во Скопје, кој и самиот членувал во рецензентска комисија, изјави дека имало случаи кога еден автор понудил ракописи за три различни предмети. Според него, проблем на македонските учебници е дидактичкото обликување на содржините, односно учебникарите често не можат поимите да ги трансформираат за детскиот ум.

- Има многу забелешки и критикувани учебници. Во овој период се трагаше по нови учебникари и тие се пријавуваа на конкурс. Како член на комисијата, видов многумина кои се по два-трипати пишувачи на учебници, а тоа е нестручен приод. Немаме воспоставено практика учебниците стручно да се вреднуваат и врз основа на тоа понатаму да се прават подобри учебници. Тие не подлежат на валоризација. Јас се залагам, на пример, по една година употреба да се направи трибина за учебникот и да се укаже на грешките и тој да се критикува. Има пропусти и се надевам дека тоа ќе се надминува, изјави Тимовски.

Директорката на Бирото за развој на образовението Весна Хорватовиќ во одговор на новинарско прашање рече дека Мнистерството за образование и наука преговара со познати светски издавачки куќи за преведување учебници од природните науки, кои се користат во наставата во другите европски земји, а да се приспособат на македонскиот образовен систем.

- Се согласувам дека кај дел од учебниците има одредени грешки и осцилации во квалитетот и затоа министерот, во рамки на своите надлежности, веќе формираше експертска комисија која работи на стручно мислење и евентуална препорака за измени или повлекување на некои учебници, рече Хорватовиќ.

Директорката на БРО додаде дека учебникот треба да биде помагало, а не единствено средство за учење. Покрај него да се користат и компјутерите за пристап до едукативни содржини

извор: Алфа
Имате забележено некој грешки или текстови кои не се сватливи за возраста на ученикот?​
 
А кога ќе им текне на господата учебниците стари 4 години да ги сменат? Секој ден се расправам со кориците залепени со селотејп, пак ги прелепувам, послем гледаш страници од цела тема искочиле, катастрофа. (некои страни дури и ги нема)
Разбирам дека ги даваат гага сега, ама мора на 3-4 години да ги сменат.

Иначе он топик, не сватливи текстови досега немам приметено.
 
Ова ко у учебникот мој биологија кога пишуваше дека хепатитис ц се добива од нечисти раце. Истата шо го пишала ми предаваше и после иди докажи и. Неписмена багра.
 
Одлична тема. Мојот внук е 6то одделение по ново деветолетка. Од забавиште премина во второ одделение. И сега учиме заедно се разбира, зошто едноставно детето неможе да ги научи лекциите. Има милион грешки али еве ова последно што ми остана во глава од пред некој ден. Учиме историја за праисторија и историја, за метално и камено време, за стар век, среден и нов. Меѓу другото нормално се опишува преселба на населението во тоа време по течението на големите реки Еуфрат, Тигар и Нил. И по нив има за Египет, Месопотамија и Кинеската цивилизација. Се е тоа убаво со сликички, но заборавиле да стават предмет Географија во 6то одделение. И сега се соочуваме со голем проблем, малиот нема поим каде е тој Египет, каде е тој Арабиски полуостров, ниту пак Кина. Он едноставно незнае Балканот каде се наоѓа, ниту што е остров и полуостров. И сега ние наместо Историја учиме научна фантастика за десет годишно дете, каде уствари се селеле овие праисториски луѓе. Капак на се учиме што е држава, а незнаеме кај се наоѓа Македонија, кои земји се на Балкан, што е тоа Балкан и слично.
Катастрофа е образованиево станато, јас стварно незнам како ќе добијат децава прелазна оценка. Малата има 5 години и е прваче. Има песнички за напамет учење по четири строфи со некои лоши рими. Стварно не ми е јасно кој го прави планов и дали знае за која годишна возраст се наменети.
 
Стари учебници, ќе ги дадат без 10-20 страници и на крај година бараат да им се плаќат страните што фалат (зборувам за основните училишта).
 
Одлична тема. Мојот внук е 6то одделение по ново осмолетка. Од забавиште премина во второ одделение. И сега учиме заедно се разбира, зошто едноставно детето неможе да ги научи лекциите. Има милион грешки али еве ова последно што ми остана во глава од пред некој ден. Учиме историја за праисторија и историја, за метално и камено време, за стар век, среден и нов. Меѓу другото нормално се опишува преселба на населението во тоа време по течението на големите реки Еуфрат, Тигар и Нил. И по нив има за Египет, Месопотамија и Кинеската цивилизација. Се е тоа убаво со сликички, но заборавиле да стават предмет Географија во 6то одделение. И сега се соочуваме со голем проблем, малиот нема поим каде е тој Египет, каде е тој Арабиски полуостров, ниту пак Кина. Он едноставно незнае Балканот каде се наоѓа, ниту што е остров и полуостров. И сега ние наместо Историја учиме научна фантастика за десет годишно дете, каде уствари се селеле овие праисториски луѓе. Капак на се учиме што е држава, а незнаеме кај се наоѓа Македонија, кои земји се на Балкан, што е тоа Балкан и слично.
Катастрофа е образованиево станато, јас стварно незнам како ќе добијат децава прелазна оценка. Малата има 5 години и е прваче. Има песнички за напамет учење по четири строфи со некои лоши рими. Стварно не ми е јасно кој го прави планов и дали знае за која годишна возраст се наменети.

:eek: Озбилно ова нема географија предмет или нешто сосема трето учат по географија?
Барем јас кога бев 5-то пред 5-6 години немавме вакви банални проблеми.
 
Стварно нема Географија? Не верувам во ова, а и не сум слушнал.
 
:eek: Озбилно ова нема географија предмет или нешто сосема трето учат по географија?
Барем јас кога бев 5-то пред 5-6 години немавме вакви банални проблеми.

Немаат предмет Географија. Имаат општество (целосно недефиниран предмет за системи, за држави и слично) и природни науки кои да речеме се некоја ново изменета биологија, напишан на повисок стил и преполн со дефиниции.
Се знае Географија, Историја и Биологија идат во петто одделение, за да можат сите три предмети да се поклопат и да се надополнат. Како ќе учиш за Кина кога ти појма немаш што е тоа Кина ниту каде се наоѓа? Како ја ставаш Историјата пред Географија, кога самата Историја се темели на објаснување на цивилизации и народи, големи цартсва ширење на континенти, освојување на држави, битки на реки. А ти незнаш Македонија каде е.
 
Дајте му ги на децата книгите од пред 15 години, од кои што ние учевме, што е ова секоја година нов учебник по секој предмет, како демек во праисторијата се се сменило или во Географијата, а да и математиката се менува секоја година, само пари да се прават
 
Немаат предмет Географија. Имаат општество (целосно недефиниран предмет за системи, за држави и слично) и природни науки кои да речеме се некоја ново изменета биологија, напишан на повисок стил и преполн со дефиниции.
Се знае Географија, Историја и Биологија идат во петто одделение, за да можат сите три предмети да се поклопат и да се надополнат. Како ќе учиш за Кина кога ти појма немаш што е тоа Кина ниту каде се наоѓа? Како ја ставаш Историјата пред Географија, кога самата Историја се темели на објаснување на цивилизации и народи, големи цартсва ширење на континенти, освојување на држави, битки на реки. А ти незнаш Македонија каде е.

Општество е најглуп предмет. На една братучетка бев на гости кај неа и и дале да пишува податоци за Албанија и и раскажував да напише главен град, население и површина, утре покажува во школо и и велеле мало е, па што да и кажувам за полтика и др?
 
Бидејќи сум ученик, многу добро го познавам тоа, едно ми е криво што ништо не можам да променам, тешко ми е кога ќе се побунам поради оваа работа во школо, ама! Како и обично ние учениците не сме во право. Ако не си направат бизнис од училиште од што ќе направат? Мизерија, ми бапнале таму 11-12 предмети е*ати општите знаења што ќе стекнеме, прост пример Бизнис, Менаџмент и Економија различни предмети, Логика и Филозофија пак различни предмети...по лошо здравје, Математика у 4година гимназија, дај молим те?
 
Ова ко у учебникот мој биологија кога пишуваше дека хепатитис ц се добива од нечисти раце. Истата шо го пишала ми предаваше и после иди докажи и. Неписмена багра.
Требало некој локален џанак да и најдеш како доказ од што се добива хепатитис ц.:)
 
Немаат предмет Географија. Имаат општество (целосно недефиниран предмет за системи, за држави и слично) и природни науки кои да речеме се некоја ново изменета биологија, напишан на повисок стил и преполн со дефиниции.
Се знае Географија, Историја и Биологија идат во петто одделение, за да можат сите три предмети да се поклопат и да се надополнат. Како ќе учиш за Кина кога ти појма немаш што е тоа Кина ниту каде се наоѓа? Како ја ставаш Историјата пред Географија, кога самата Историја се темели на објаснување на цивилизации и народи, големи цартсва ширење на континенти, освојување на држави, битки на реки. А ти незнаш Македонија каде е.

Аман бе, значи сум имал среќа што сум го фатил последниот воз, овие партали направиле со деветолетка/нови учебници :facepalm:
Којзнае што ќе биде за неколку години, физика ќе воведат пред да почнат со операции множење и делење и дропки математика.
 
Епа таа е, Тодоров замина и отиде образованието по удолница :свиркам:

Капак на се учиме што е држава, а незнаеме кај се наоѓа Македонија, кои земји се на Балкан, што е тоа Балкан и слично.
Учат за држава, а не можат да видат пример за просечна држава во своето место...

Битно Шекспир бил Шпанец (лично имав таква чест да го видам тој напреден учебник), а вистински круг ретко можат да видат во реалност.

Ама ова е најбитно!
Тодоров: Грешки во учебниците се можни и не треба по тоа да се евалуира образовниот систем петок, 10 септември 2010
x.gif

Рецензентски тимови на Министерството за образование и наука стручно ги разгледуваат учебниците и треба да дадат завршно резиме и да предложат соодветни мерки

todorov250.jpg

Министерот за образование и наука, Никола Тодоров во одговор на новинарско прашање рече дека рецензијата е во тек и посочи дека е можно да се откријат грешки и во други учебници. Во светот, како што рече, грешки се провлекуваат и во изданија на академско ниво, може да бидат од различен вид и да се должат на различни причини.
- Практично е невозможно да се направи учебник кој ќе биде целосно ослободен од каква било грешка. Учебниците не се прават еднаш за секогаш. Работите секојдневно се менуваат и еволуираат. Некогаш настануваат печатарски грешки, некогаш настанува грешка во различен поглед на авторот, некој автор има друг поглед за тоа прашање. Мислам дека во целата оваа работа не треба и не смееме да правиме национален проблем по кој ќе се евалуира целото образование во Република Македонија, зашто тоа не е случај само кај нас, туку е светска расправа која се води на сите нивоа - и за основно, за средно, но и за високо образование, рече министерот Тодоров.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom