Странци, странкињи

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Да објаснам за австалијките и австралијците? Прва генерација родени там, или преселени прва генерација там. Ако са родени тамо, они са австралијци, не са македонци. Едно е да си ојден там, друго е да си роден там.
прва генрација се тие што се преселиле. Втора генерација се деца на тие што се преселиле.
 
прва генрација се тие што се преселиле. Втора генерација се деца на тие што се преселиле.

Епа значи иако преселени 90% избрале нашо пред туѓо...

Луки ако имаш големо имање немај гајле нема да те гледаат од повисочко него покажувај имотен лист и со раширени нозе ќе те чекаат 80%.

Која скупска мома се пале на земја бе човек? Ајде сега, не прај бош маабети... Имајнето мине само кај селски моми, да има ниви за пипер, тутун, и бостан. ПОжелно е да има лозјенце и овоштарници.

Luki Junior
ако ти е тетата била од Подареш, можно е да е таа. Клета не беше, ама шо уба беше, но малко лута лутица ехехехе.

Шо сам там поминал илиндено, еее

хаха можно е можно е... Не одрекувам.... Ако си ојдел и до Смиљанци на илиндено... тава е божја убавина нагоре по Картало бе....

Луки, ич да не те боле кур(емо). Ка ќе му а клецат супругата двујца ѓупци сас гулеми кубури оти ојдела сама на одмор а он не смее да и са меше уф изборо, нека та прават тебе заостанат, а нека гу величат него кату најмодеран на свет.

Одмор Несебар. 3 белорусинки се закачуват за нас, оти јас како белосветски човек поизвртувам и по некој руски збор. НИшто не биде работа оти брат ми откажа (имал женска)... А јас средих 90%, ама нејќеа пусти белорусинки да се делат оти другарки биле...

И сега да го к'нам или почитувам брат ми?

Ногу пати ќе кажам, јас сам субјективен, по малку шовинист, и традиционалист.
 
Бехме горе, со трактуро. Тетати да не имаше другачка со видео дома? Вехаес? Преди двајсеи две години.
 
Оооо заебан тип,таа земја се продава после BMW се купува немај гајле земи некоја ке те упати она.
Јас ако сам сељак, не сам мутав... Сега ќе ти раскажам една приказна.. Евреите коа купуват имајне од некој питат, дали е оставнина од татко, или е печалено. Ако е од татко, има простор за ценкајне, продвајне, и слични работи. Ако е печалено, тешко дека ќе се продаде... Е сега оти сам поизмачено дете од обично и активно учествувал у процесо на печалејне, едвај ли ќе кандисам така лесно да продадам...
Нема мома шо ќе ме натера имајнето да си продадам...

Бехме горе, со трактуро. Тетати да не имаше другачка со видео дома? Вехаес? Преди двајсеи две години.
Не знам.. Имаше една друга Лимонка шо се мажи за еден сириец/црнец од тија студентите у СФРЈ... Ама тава е одамна, и оваа Мажената за црнецо, не знам кога е била у подареш, кога не е била...

А тета ми мислам оти нема другачка со вехаес снимка.. Ама не сам сигурен....
 
Не бе снимка, со видео плеер у то време. Сеа сигурно има три четири двд плеери и рикордери и блу реј и вот нот.
 
Не бе снимка, со видео плеер у то време. Сеа сигурно има три четири двд плеери и рикордери и блу реј и вот нот.

Хммм.... НИе имааме дома видео плеер. А тета ми лимонка живее одма до нас... Е дури сега ме замисли... Сериозно...
 
Одмор Несебар. 3 белорусинки се закачуват за нас, оти јас како белосветски човек поизвртувам и по некој руски збор. НИшто не биде работа оти брат ми откажа (имал женска)... А јас средих 90%, ама нејќеа пусти белорусинки да се делат оти другарки биле...

И сега да го к'нам или почитувам брат ми?

Ногу пати ќе кажам, јас сам субјективен, по малку шовинист, и традиционалист.

Де кажи ми тава уф Лазуро било или уф Ајзберг? Брат ти треба да га поштоваш оти се е избрал мома и са држе за неа. Права жена не са продаве за пијана Белорусинка на хепи hour уф Лазуро. Ама говореме за права жена. Е саа ти не си зак'цал ништо и тоа на пенал без голмано. Ама и ти си галиба малце ограничан. Оти море не си ги чалнал трите? Ич ли не ти фана ак'ло зашо не сакале да са дељат? Кај них не ујдисе шо би кажал Делачо, една да лиже сладолед а другите да а гледат, тава на ништо не личе. Ти си се водел по Македонски стандарди од Воиславци, ка ораш една нива не требе и друга. Ама во Белорусија друг е системо на орање и орат се и повичко ниви уд еднач, во исто време. А за болдо можам да те шијам на Сингерица уф секоа време.
 
Бееме јас брат ми и оште еден другар, за секој по една... И уредих се јас за мене, за другаро, а брат ми почна да се стране, и ми вика Брат јас не можам. Јас викам добро..
И порачувам оште една две тури текили, пијат се, и викам јас пајдом девушки... и се осети оти еденио од нас не е под ќеф за тава шо ќе следе наредно на овие лежалките по плажата измеѓу Какао Бич и Санни Бич... момите нешто измрштеа се, дрн дрн, и викат шо ќе правила другарката, абе некаков смотан изговор. И со тешко срце и надрвени пендреци си ојдееме двујцата заради брат ми... Вреде неговата мома... вреде... цели 2 години јас и она не се мирисааме ич.. Расправааме се, инатееме се како два прча на еден булук кози, ама на крај краеви најдееме заеднички јазик и разјаснииме проблемите... Сега ќе си живеат среќно у Америка, да са ми живи и здрави.

За болдо, Суссаро, не се ни сомневам, ни па сакам да се натрепреварувам... Јас сам само понекгоаш ногу искрен према целосни непознаници.

edit. Нигде, и никојпат нема да се рекламирам како ебачиште, фраер, или факман.. Јас сам си калпазан и абдал, как шо сам напишал некаде поназад, и ногу често промашувам празен гол. Не сам како 90% од форумски нинџи со ташаци како лубеници, и рецки на пенисот.
 
Хммм.... НИе имааме дома видео плеер. А тета ми лимонка живее одма до нас... Е дури сега ме замисли... Сериозно...
а за радовишанки друже што ќе кажеш, добри работи имам слушано за нив и сакам да си најдам една таква :)
 
а за радовишанки друже што ќе кажеш, добри работи имам слушано за нив и сакам да си најдам една таква :)
Не сам од Радовиш. Од Подареш сам... Ама ајде, ќе ти одговорам. Исти како и сите други моми од македонија. Расклецуват се низ Скопје, терат скопјанец, и ако студират там, мислеш Господ за брадата са го фанале. Дел од интелектуалките не си играт со мене, оти јас неам живеано и учено у Скопје. Друг дел ми се ќефеа коа имаах бмв. Трет дел не ме поднесуват, оти не се дотерувам коа излевам на пиво. Четврти, ме аресат. Петти, са рамнодушни...
Абе како и сите останати моми од помаленките гратчиња. Желба да идат у големио град, и да имат повеќе пари, или да најдат партнер со повеќе пари. Желба да са прошетани, да са виделе нешто повеќе...
 
Се си во право најсериозно. Али фејспалм е следниов момент што мене ми се случува. Излегуваш навечер најнормално лежерно или пак во некој андерграунд стил облечен затоа што таа е гардеробата што си ја зел во куферот и навикнат си така, нарачуваш најнормално обично ефтино пиво, малку почнуваш да денсаш ако има прилика и интелектуалките не те аресат. Па потоа некои од пријателите/пријателките ќе ти пришепнат дека не си бил доволно сериозен за неа не сакала такви што се облекуваат така гадно и било. Она би се фатила со тебе ама не сакала да ја видат со тебе, прво требало да си го променел однесувањето во посериозно. Сериозен за неа бил залижаниот сељак (селанец и сељак не е исто да не нема забуни) во бел костум, со црно бела ципела, позлатен ланац, розева подраскопчана кошула. Тоа што он знае да брои до 10, а ти имаш докорат не е битно. Битниот момент е он е во бел костум. Нејсе. Нивни избор е.
 
Бело одело, Аца Лукас знае остај ти тоа :) абе да паѓаат на такви ама има и поштени цури, што идат на добри момци како нас....само фората е како да ги најдеме :)
 
Да ве почестам со
Funfact
Според (се надевам колку толку официјална беше) статистика од 2006 година, Македонците кои се прва генерација во Австралија се мажат женат на следниов начин:
10% од мажите македонци се ожениле со странкиња (дефинирано како не е македонка и нема претци кои би биле македонци)
8% од жените македонки зеле странец
Бројките за втора генерација
39% од машките со странкиња
35% од женските со странец

Е сега интересното е што женските како што гледаме поголема им е желбата да не се со странец. Интересно, спротивно од очекувањата. Причините за ваквите бројки не ги знам.

Е сега Luki Junior те чекам да ни објаснеш сос твојто искуство заштото нештата са такви.

Прва генерација - Во Аус има повише машки македонци него жени. Почесто мажи идат самостојно, многу ретко сама девојка ќе се нафати или успее да добие виза. Едноставно потешко е за нив освен ако не ја земе некој роднина а тогаш у принцип е снајдена одма и местат некој нашинец од таму. Мажи има што познавам со куфер у рака и без никој да познава дошле па пробувале да се снајдат како знаат. Почесто ќе видиш маж да договори брак од корист него некоја наша кој прбобува да улови некој и ако 3 месеци туристичка виза не и се доволни тогаш гитла назад. Мажи што решиле да останат ќе земат и постара знам 24 годишен, женет за 45година со 3 деца скоро колку него, ако треба и ќе платат моментално тарифа е окулу 50 000 за тие што ги интересира и тоа е тоа.

Втора генерација - тука мама и тато имаат голема улога. Полесно се преболува машко да боцка некоја туѓа него некој либанец или индиец некоја наша. До крајот на 90тите имаше добра и јака заедница ама сега втората генерација е тотално незаинтересирана и полека се пропага. Порано имало цел куп македонски настани на кој сите оделе па имало каде да се фатат. Имало пикници на пример каде што имало по 20 000 народ. Денес тоа е умрено. Затоа и се повеќе ќе има мешани бракови. Long live multiculturalism :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom