...од овердоуз умре, али тоа е најбоља смрт за џанак.
Пет месеци грч, болка и молк во Радишани: зошто ги убија нашите деца?
Поминаа речиси пет месеци од грозоморниот масакр врз петте млади Македонци кај Железарско Езеро, но не престануваат лелекот и болката во скопските населби Бутел и Радишани, каде што живееја убиените момчиња.
Траорна беше атмосферата вчера во домот на Диме Ацевски, татко на Цветанчо, едно од момчињата чиј живот згасна на 12 април, на Велики четврток. Го најдовме во дворот од семејната куќа, како седи стуткан од болка. Тешко се поткрена од столчето и стана. Нè погледна со очи истечени од солзи, уморни, и само ни рече:
„Јас сум мртов човек… мртов сум, да знаете… Ми го зедоа чедото мое, ни криво ни должно ми го отепаа. Пред да умрам сакам само да знам зошто. Сакам да ги видам убијците и само да ги прашам зошто. Ништо повеќе не сакам“, рече тој додека вилицата му се тресеше од болка, а солзи му капеа од уморните очи.
Цветанчо, заедно со другите убиени момчиња, тој кобен ден седел во дворот на неговата куќа. Им било досадно и решиле да заминат на езерото да пробаат да фаќаат риби.
„Па тој никогаш порано не бил по риба. Првпат во животот замина тој ден. Кога дојдов од работа околу 16.30 часот, децата седеа тука во дворот. Станаа одеднаш и тој ми вели: тато ја заминав, ќе одиме да фаќаме риби! Вечерта разбрав… Ми кажаа четири момчиња се убиени, како да знаев“. Солзи, тешка воздишка, лелек.
Цветанчо Ацевски имаше само 18 години. Неколку дена пред убиството, таткото Диме му купил нов автомобил, „пежо 307“. Автомобилот е паркиран пред куќата.
Со тешка мачнина во стомакот се збогувавме со Диме и заминавме кон домот на Александар Наќевски, другар и сосед на Цветанчо.
„Децата си заминаа, ништо не може да ги врати. Какво момче беше Александар и зошто ни го убија? Никому зло му нема направено, со никого се немаше замерено. Животот за нашето семејство замре. Татко му Горан сосема се осами, се затвори дома, се изолира цела фамилија. Ни со мене веќе не прави муабет“, низ солзи ни вели Борко Наќески, дедото на Александар.
Во Радишани по убиството на момчињата како да ни се смени животот на сите, вели Љубе Рајковски, сосед на Цветанчо.
„Какви момци беа, каква дружба имаа. Никогаш проблем не направија. Сега е пусто без нив. Тешко дека некогаш ќе ги прежалиме, ама убијците мора да ги фатат. Мора да се дознае вистината“, вели Рајковски.
Најблиските на убиените момчиња велат дека немаат никаков абер за тоа кога ќе биде закажано судењето на притворените и дали има каква било трага за осомничените убијци што се во бегство.
„Откако ги притворија тие дваесетмина и откако ни кажаа дека двајца се во бегство, нема никој стапнато во нашите домови. Не знаеме ништо“, велат роднините.
Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски од населбата Радишани и Борче Стефковски од селото Црешово беа свирепо убиени кај Железарско Езеро.
Во полициската акција „Монструм“ беа уапсени дваесетина осомничени, од кои во притвор се Агим Исмаили, Фејзи Азири и Рами Сејди, а Агим Исмаили и Алил Демири се во бегство и не ѝ се достапни на полицијата.
Во притвор се наоѓа и лицето Хаки Хазири, кој беше уапсен и обвинет подоцна од другите, а пред тоа имаше статус на заштитен сведок. Во текот на истрагата тој самиот побара да биде обвинет, а според неофицијалните информации што протекоа во јавноста, Хазири признал пред истражните органи дека лично ги возел убијците и дека двајца од нив му се блиски роднини.
Читам често денес: Кои се мотивите? Зошто ги убија?
Па можно ли е уште некој да има дилема?
-Кои се мотивите еден просечен Албанец да излезе да брани човек кој сексуално и физички мачел невини луѓе, така како што правеа обвинетите во хашките случаи?
-Кои се мотивите истиот просечен Албанец да излезе и повторно да бара слобода, овој пат за "хероите кои скинаа каурчиња на Велигден"?
-Кои се мотивите на пример, на Принц или оној Поларис, горе-доле реномирани членови на форумов, да истапат со подршка на насилните протести за ослободување на егзекуторите од Смилковско Езеро?
Кои се мотивите? Омраза кон каурите - лесно се стига до одговорот. Не е битна тука некаква морално-етичка премиса, битно биле каури и сега да ги одбраниме овие кои ги убија, истепаа.
Цели години, истата песна ја слушаме од албанскиот фантазмагоричен хор.
Уште ли некому не му е јасно кои се мотивите?