Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Дистописки велиш а? Ај да го пуштам да ми се симнува, а во меѓувреме да си го побарам Blade Runner да го подготвам за повторно гледање... :)

Јас ги имам гледано Alien/Aliens едно 50 пати :D
 
Не сум по рејтинзите ко нашиов спасител, филмов го глеав по препорака од една форумџика тука. Ми се допадна многу. End of story.
 
Дистописки велиш а? Ај да го пуштам да ми се симнува, а во меѓувреме да си го побарам Blade Runner да го подготвам за повторно гледање... :)

Daleku od toa sto ocekuvas.

Inace mene mi se dopadna, mislam duri vo afekt 7ka mu dadov. Top za devojcinja.

Не сум по рејтинзите ко нашиов спасител, филмов го глеав по препорака од една форумџика тука. Ми се допадна многу. End of story.

Natural-girl, нели? :D
 
Инаку, ви препорачувам и да го прочитате романот на Ишигуро, без разлика дали ќе ви се допадне филмот или не. Романот е вистинско откровение - во 2005 година влегува во потесната листа на кандидати за Букеровата награда (награда која претходно Ишигуро ја освојува за „Остатоци од денот“), според некои податоци, второрангиран е, магазинот TIME го прогласува за роман на годината, а и го вклучува во ранг-листата на најдобри 100 романи во британската книжевност од 1923 до 2005, освојува голем број на други, не толку важни награди, меѓу кои и наградата „Роман на деценијата“ на New York Times. Го има преведен и на македонски, во издание на Маквеј (издавачката куќа се наоѓа во Дом на АРМ, доколку се уште постои - на времето беше таму, јас се изнамачив додека стигнав до романот тогаш), и (барем тогаш беше) по пристапна цена.
 
Не е до толку добар, сум гледал многу подобри филмови... филмови што ми оставиле многу поголем впечаток од овој. Еден факт дека не ми се допадна филмот, е што не можам многу во детали да се сетам на него, за разлика од други филмови.
 
Го гледав филмчево и не ме потресе нешто многу.
Веројатно затоа што не ја сфатив смислата на целата програма, демек, децава се сираци, па ај ги одгледуваат за да донираат?
Мора да е до мене, или едноставно филмов без прочитана книга прво не се гледа :)
 
да не искочам хејтер или да ве тролам ама... цела тема отварате за еден филм? r u fucking kidding me?
 
Zlatikevichius, омилен филм на wot и Iceboy е Real Steel ама тоа не значи дека можат да отворат тема за истиот. Нов си, ќе научиш брзо. Споено овде па продолжете си со дискусија.

Иначе еве што сум чкртнал за филмот кога сум го изгледал: Never Let me go
 
Jас сега укапирав дека уствари тие се клонови, затоа и ги бараат своите оригинали :)
Преконфузно, со оглед на тоа дека во светот кој е прикажан во филмот, клонирањето и донирањето се сосема нормална работа, комбето кое ја носи Кејт на работа е обележано.
 
Чим Пума споро го капира филмот, овој изгледа „не е за сите“ :D
Ма Пума гледа ,,лесни,, филмчиња.
Ова вклучува и размислување, јас очекував класична љубовна приказна, а тука ми се шеткаат клонови и свет во кој тоа е нормално :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom