Тоа во суштина е и проблемот! Вардар е ослонет на неколку поединци, и ако тие фалат или не се во форма, нема достојни замени за нив. Не може клуб со амбиции да функционира така во никој случај! Еве на пример го имаш Ѓешоски на клупа и сите знааат дека кога тој ќе влезе во игра... не можеш да очекуваш нешто од него.
За милион евра буџет како што најавуваат (големо прашање е дали се толку), Вардар мора да има многу поконкурентен тим, а не да биде исто ниво на квалитет со Шкендија и Металург. Во поново време и Турново. Тоа се приближно 20 играчи по 50 000 евра годишно, а јас добро знам дека таа сума во Вардар ја земаат преку сила 3-4 играчи. Летоска имаше доста слободни играчи што ни беа потребни нас: Наумов, Блажевски, Тодоровски, Балдовалиев и слично, а нашиов борд на директори се реши да штеди од необјасниви причини и не остави на минимум пропишан број на фудбалери за во записник?!
Се плашам зимската пауза да не биде предоцна...
Ти текнува кога Трифун упорно го држеше залутаниот Милко Ѓуровски, а тој сиромашкиот не можеше една победа да забележи и од првопласиран си дозволи Вардар на крај од полусезона да заостанува преку 10 бода позади Ѓорче, со загубени шанси за титула. Да не заборавиме дека Вардар имаше убедливо најсилен тим во првенството, ама што може да ти направи еден лош тренер за само десетина утакмици водење на екипата...
Abe ja stravuvavam od istoto scenario kako vo vreme na Trifun... bukvalno isto