(1) Баш така. Секогаш слободно и волно. Кажи му го тоа на Џордано Бруно. Или кажи им го на паганите на Балканот во 5 век.
Бруно е спален ради неговиот паганизам, т.е. пантезиам, а спален е од Римската а не од Источната Црква. Паганите о д 5-от век си биле пагани. И што воопшто се оптеретуеш со историски и завршени настани? Ај фрли поглед на реалноста околу себе и не живеј во и со историјата.
--- надополнето: 30 октомври 2012 во 12:08 ---
(2) Уцена е кога некого условуваш со нешто. Ако тебе Јахве/Исус/Гулабот те условува со твоето однесување - тоа е по (рационална) логика уцена. Не е уцена единствено ако користиш ретардирана (т.з. духовна) логика. Толку. Тука нема што друго да се каже.
.
Не сум условен од никого па ни од самиот Бог. Она кое го чинам е чисто мој избор, без ничија принуда и ни оддалеку и ни случајно не се гледам себе си како роб во Црквата.
--- надополнето: 30 октомври 2012 во 12:20 ---
(3) Немам
никаква врска. Тоа не значи дека не можам да разберам колку е концептот ирационален и заведувачки за оние кои не сакаат (или не успеваат) да го поместат
локусот на контрола во самите себе, каде што тој припаѓа. На заветите се повикувам единствено за да укажам (на оние на кои може да им се укаже) на нивната анахроност и дебилност во овој момент од развојот на човековата мисла и разум.
А-ха...
Значи, денес сме јааако развиени па не ни‘ е потребна верата, така? Па ова може да го каже било кој атеист, кој редовно бара оправдување за своето неверие.
А замисли ситуација, да живеевме во 38-от век, колку ќе бевме напредни, а?...
Ама колку и да сме „напредни„, ликот Божји во нас ќе остане неизбришан, а со тоа и потребата од вера и надеж, небитно колку „напреднал„ Светов околу нас. А Светов пак, очигледно е, дека напредува само во злото. Затоа веронауката е безвременска и неменлива...
--- надополнето: 30 октомври 2012 во 12:23 ---
(4) Пак си „духовен“, а? Јас ти цитирам стихови од Библијата како што се дадени. Ти, од друга страна, покушаваш да ги релативизираш и да ги прикажеш како логични - се разбира со малку успех.
Не цитираш ништо, туку само механички препишуваш, користејќи ја општо познатата протестантска финта: така е, оти е така напишано во Библијата!
А што значи напишаното, не е битно, битно е дека мене во моментов, тој и тој стих најдобро и‘ одговара на мојата моментална потреба за надмудрување.
--- надополнето: 30 октомври 2012 во 12:26 ---
(5) Кај човекот све си има свое само за недоучените и недоинформираните. Очњаци, опашки, рудименти, бескорисни органи и мускули и атрофирани сетила... Само човек кој е заслепен од лажни авторитети и престрашен од бескрајното знаење во универзумот може да се држи ко слеп за стап до 2000 години стара пустинска белетристика.
Да, кај човекот „...се‘ си има свое...„ оти човекот беше створен како телесно совршен, без „вишоци„ и без „кусоци„, а само самоограничени поединци, можат да забележуваат „непотребни„ и рецидивни нешта кај човековото битие, сметајќи се себе си за референтни во одредувањето на тоа дали нешто е потребно или не е потребно.