Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.375
S

Stef Bachatero

Гостин
Многу јасно.
Еве на пример, мојот мачор е роден во мај и е бик во хороскоп, а сите знаеме дека биковите се флегматични и хедонисти. Епа мачоров е баш таков, невидена флегма е, по цел ден спие и најмногу ужива да јаде и да брка мачки. Плукнат хороскопски бик!

Иначе, ја сум девица во хороскоп, со подзнак скорпија и месечина во стрелец, па ако може некој да ми каже нешто за оваа комбинација. Ете на пример Stef Angel глеам се разбира у овие работи.
Карактеристики на девица:
Голем инвидуалец
Голем мрзливко
Разгалено девојче
Многу тврдоглави
Се сакаат по нивно и не прифаќаат туѓо мислење
Подзнак и месечина ти се иста работа.
Не се разбирам кажувам тоа што пишува.Translated :P
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Мачорке, ако прогуглам многу ќе ти кажам, ама од она ,,шта је веч виџено и прочитано,, вака:
Воглавно си многу тврдоглава, изразито самостојна, не чекаш некој друг да ти ја заврши работата, што понекад оди до толку далеку да си затрупана во обврски или да направиш некоја шекната рутина, дистанцирана си и делуваш ладна, не си нешто наклонета на социјални контакти и премногу дружење, самокритиката ти е слаба страна, тешко луѓето се спријателуваат со тебе затоа што не си нешто флексибилна а и ретко делуваш со емоции, повеќе следиш разум, родена си да шефуваш, затоа и одлично би се снашла во улога на менаџер и тако то, во врска проникнуваш ,,шо ти мисли,, фраерот уште пред тој сам да знае, па и брзо сфаќаш ,,со шо чоек си имаш работа,,, кај тебе спонтано ретко што се случува, мора да биде се по план до детали, живееш ,,во свој свет,, и точно знаеш како нештата ,,треба,, да изгледаат, почесто проблем е што повеќе обрнуваш внимание на тој внатрешен свет, него на надворешниот, па се додека не подредиш се внатре, нема да делуваш надвор, честопати девиците забегуваат до толку по трагањето на совршенство, па се перфекционисти и воркохолици.
Околу љубовта, твоите партнери често мислат дека ама ич не ги сакаш, затоа што така и делуваш, ладно и далечно, но ако некој успее ,,да те освои,, единствен проблем ќе му остане твојата преголема индивидуалност и нерасфрлање со емоции, ама тоа е затоа што омилена игра ти е ,,мачка и глушец,, каде што ти си мудриот глушец :) Не се вљубуваш лесно, ама ако бидне, тоа е за ,,дугачки стази,, и не така лесно преболуваш, иако во истиот момент по распадот на врската ти стануваш, тресеш колената и смислуваш план како да го средиш хаосот. За да те привлече некој, прво мора да биде многу интелигентен затоа што не паѓаш на ,,ефтини фори,, и едноставно мора да те импресионира. Не си љубител на one night stand, а сепак, сексот го дистанцираш од емоции, па одиш ,,дирекно на главното,, без нешто оптеретување со предигри и романтики. За да почнеш да експериментираш, ти треба време и добро да се запознаеш со партнерот, а и целосно да му веруваш (што не е лесно да се постигне кај тебе).

И тако то, ова од памет :) Се надевам погодив нешто.
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
<Машка Дупла Водолија,моите Daydreaming фантазии,се буквално цел ден :))
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Како се одредува што си во месечина?
Според наталната карта.
--- надополнето: 30 октомври 2012 во 14:57 ---
Подзнак и месечина ти се иста работа.
Не се разбирам кажувам тоа што пишува.Translated :P
Подзнак и Месечина се комплетно две различни работи. Конкретно Мачорка пиша дека е подзнак Девица со Месечина во Стрелец.
Поарно држи си се до фитнес советите, вака ќе испогрешиш нешто, па луѓево овде ќе те пцујат ради погрешна прогноза.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Според наталната карта.
--- надополнето: 30 октомври 2012 во 14:57 ---


Подзнак и Месечина се комплетно две различни работи. Конкретно Мачорка пиша дека е подзнак Девица со Месечина во Стрелец.
Поарно држи си се до фитнес советите, вака ќе испогрешиш нешто, па луѓево овде ќе те пцујат ради погрешна прогноза.
Имаат за што да пцујат :P
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Стеф разработува нова техника на заведување - ако нејќе милум, ќе сака силум!!!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Си ги откопав овие случајно, мои жени водолии, ова е за нас :)
Таа е една навистина фасцинантна девојка. Почнувајќи од нејзиниот тотално „откачен“ поглед кон животот и продолжувајќи со нејзината голема информираност од областа на политиката, ова е девојка која ќе ве избезуми и нема да можете лесно да ја декодирате. Секоја претставничка на овој хороскопски знак е различна. Ниедна жена-водолија не потсетува на друга. Таа има тенденција да биде непредвидлива, либерална, слободоумна, а честопати и малку ексцентрична.
Неретко за овие жени луѓето мислат дека водат боемски начин на живот, а тоа може да се забележи според нивниот необичен вкус за музика или стил на облекување. Токму нејзината уникатност е причината поради која оваа девојка ве привлече во првиот момент кога ја запознавте, а сега не можете да престанете да мислите на неа. Па и не морате, бидејќи заведувањето водолија, е предизвик кој ќе сакате да го прифатите.
Неа не ѝ е грижа дали ќе ја поддржувате во она што го прави, ниту пак ќе ужива доколку ѝ доделувате разни комплименти. Таа е безгрижна девојка на која не ѝ е гајле што другите луѓе мислат за неа, а уште помалку ѝ е гајле дали начинот на кој се однесува вади некого од такт. Таа смета дека треба да ја поседува слободата да го живее животот кој избрала да го живее, а истата слобода им ја овозможува и на луѓето во нејзиниот живот. Верува дека секој човек треба да прави што сака, сѐ додека со своите постапки не повредува некој друг. Нејзиниот отворен ум, ѝ овозможува да гледа пошироко на светот околу себе, па поради тоа е и многу добродушна личност, која ги разбира чувствата на другите луѓе. Нејзината хумана страна ја тера отворено и страсно да ги покажува и сопствените емоции.

Кога ќе ѝ пристапите на некоја водолија, одберете да го направите тоа на некој неконвенционален начин. Размислувајте покреативно и дефинитивно избегнувајте го очигледниот начин на флертување, бидејќи така сигурно нема да го привлечете нејзиното внимание. Употребете ја вашата смисла за хумор, за да ѝ се допаднете на оваа ексцентрична девојка. Доколку успеете да измамите насмевка на нејзиното лице или ако забележите дека клима со главата додека ѝ зборувате, тоа е знак дека сте на вистинскиот пат кон освојување на нејзиното срце. Ако успеете да ја однесете на прв состанок, големи се шансите дека таа е заинтересирана за вас. Ниедно место и ниедна локација не е премногу радикална за водолиите. Нејзиниот бунтовнички дух посакува да види нешто кое никогаш не го видела до сега, ниту чула за него, а кое може да биде и малку непристојно.
Женските водолии сакаат да прават нешта кои ги стимулираат сите нивни сетила. Таа сака да го чувствува животот со секој дел од нејзиното тело, да ја види секоја боја во спектарот, да ги вкуси сите вкусови кои постојат и да ги помириса сите мириси. Сака да експериментира со сѐ што е ново или несекојдневно. За вашиот прв состанок можете да ја однесете на некоја интересна уметничка изложба, на концерт или во некој ресторан во кој служат арапска, кинеска, мексиканска храна… Воопшто не е важно дали вие разбирате кое е значењето на уметничките дела на изложбата или дали веќе сте ја пробале арапската кујна. Важно е дека сакате да искусите нешто заедно со вашата водолија и дека го живеете животот со страст и желба за стекнување нови искуства. Искусете нешто ново заедно и таа ќе биде фасцинирана од вас и ќе сака да поминете повеќе време заедно.

Комуникацијата на воздушните знаци, меѓу кои спаѓа и водолијата, им е многу важна работа во животот. Таа е многу интелигентна и честопати е заинтересирана за многу различни теми од животот. Умее да поврзе неколку навидум неповрзани работи, во една уникатно логична целина. Таа сака да биде со некој кој ќе ја прифати онаква каква што е и ќе ѝ дозволи да си остане своја. Потрудете се да направите да се чувствува удобно, без разлика што не знаете што ѝ се врти низ мозокот.
Експериментирањето, возбудата и авантурите се составен дел од секој аспект од животот на една водолија. Ова се однесува и на „оние“ работи кои се случуваат зад затворени врати. Спремна е да ги испроба сите секс-трикови, а вие подобро да бидете подготвени за една незаборавна авантура под чаршафите. Таа е љубовница која искрено покажува што сака од сексот и не се оптоварува дали нешто се смета за нормална сексуална активност или не. Доколку двајцата се чувствувате убаво додека ја правите, тогаш зошто би си го скратиле тоа задоволство? Нејзината страст и разбирање, во комбинација со желбата за експериментирање и пронаоѓање нови извори на енергија, ја прават водолијата возбудлива љубовница. Пред да скокнете в кревет со неа, убаво протегнете се – еластичноста на телото ќе ви биде неопходна.

Женските водолии знаат да бидат многу непостојани и контрадикторни. Можеби денес ќе ви вели дека некоја работа е супер и ужива да ја прави, а веќе утредента нештата ќе се променат и истото тоа нема воопшто да ѝ се допаѓа. Поради оваа нејзина карактеристика, вие ќе треба да бидете некој вид „читач на мисли“, за да сфатите што навистина мисли во моментот. Не грижете се, ќе дознаете како се чувствува, бидејќи нема да ви треба многу време да ја дешифрирате. Нејзината непредвидлива природа е воедно и виновникот поради кој водолијата е тешка за „врзување“ во љубовна врска или во брак. Тоа е резултат на нејзината силна желба за независност и чувство на слобода. Сѐ додека успешно ја играте улогата на пасивен играч, ќе го одведете вашиот однос со водолијата во оној правец во кој сакате да се движи.
Клучот за да ја задржите водолијата покрај себе, е да се осигурите дека таа нема да се чувствува задушено во врската со вас. Треба да ја охрабрите да продолжи да си го истражува животот на свој начин, а не да ја оковате со синџири покрај себе. Немојте ни да помислувате да се обидувате да промените нешто кај неа, бидејќи веднаш штом го забележи тоа, инстантно ќе ве остави. Таа сака да биде со некој кој е независен и размислува на несекојдневен начин. Доколку сте сѐ од горенаведеново и плус ако немате премногу емоционални побарувања од неа, тогаш вие совршено ќе си одговарате. Најмногу од сѐ, таа сака љубовник кој може да го смета и за најдобар пријател, со кој ќе се чувствува слободно да зборува отворено на секоја тема.
Таа е прекрасна жена, не само однадвор, туку убави се и нејзиниот ум и душа. После само еден разговор со неа, ќе сфатите дека е многу неодолива девојка. Има големо срце, непресушна имагинација и желби во неограничени количини. Со неа ќе добиете сѐ или ништо. Па доколку ви дала шанса да ја запознаете, искористете ја приликата да станете дел од нејзините авантури, да научите нешто ново и да запознаете некој неоткриен дел од себеси. Никогаш повеќе нема да бидете истиот маж, после искуството кое ќе го доживеете со девојка со хороскопски знак водолија. Таа ќе ве промени на подобро.
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Јас не ги љубам шкорпиите многу, многу.
Повеќе мерак имам на Овните, кои се екстремно морони, па можам да се расправам со нив. :)
Ништо лично :) :)
Ти немора да ги љубиш,остави на нив,они си ја знаат работата :P:cenzura:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Водолија - Грижа за целиот свет
Водолиите може да се вбројат во храбри знаци. Тие се плашат, но пред се за општото добро. Се ужасуваат од појави кои се дел од секојдневниот модерен живот како - насилство, злочини, војни, глад, загадување, расна нееднаквост, верски проблеми и други состојби, без разлика дали некако влијаат врз нив.

Водолиите ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подередени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Водолија - Грижа за целиот свет
Водолиите може да се вбројат во храбри знаци. Тие се плашат, но пред се за општото добро. Се ужасуваат од појави кои се дел од секојдневниот модерен живот како - насилство, злочини, војни, глад, загадување, расна нееднаквост, верски проблеми и други состојби, без разлика дали некако влијаат врз нив.
Водолиите ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подередени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер.
Ај најди ми за мене ;)
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
А што си во хороскоп?
Риба :) ама незнам како се одредуваат тие подзнаци :(
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 02:26 ---
Општи карактеристики за риби

Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун - владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата.
Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста.
Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат.
Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец.
Риби е знак спротивен на девица, знакот на здравјето. Додека девиците се интересираат за конретните аспекти од животот, рибите се сврзуваат со потсвеста, со емоционалниот и менталниот живот. Претставниците и на двата знаци се посветуваат премногу на другите, но рибите понекогаш премногу влегуваат во улогата на жртви.
Елементот на рибите е водата и како воден знак вие сте многу емоционални и одговарате на предизвиците преку чувствата, а не преку физички, практични и интелектуални дејствија. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Кога таинственоста исчезне веднаш се разочарувате и тргнувате во потрага по нов партнер - идеалниот.
Поради фактот што рибите се последниот знак во хороскопот, вие имате можност да учите од првите единаесет знаци. Родени сте за да му помогнете на човештвото да ги достигне највисоките нивоа на духовност. Иако понекогаш се чувствувате беспомошни, вие сте многу посилни отколку што можете да си претставите. Најдобриот начин за да ја почувствувате вашата сила е да им помогнете на луѓето, кои имаат потреба од помош.
Луѓето околу вас имаат многу големо влијание на вас и многу лесно можат да направат да се чувствувате виновни. Поради тоа треба да стоите настрана од „пријатели“, кои ве искористуваат или прават да се сомневате во самите себе. Оставете ги околу вас само оние ваши пријатели, кои имаат добро срце!
Симбол:

Риба

Симболизира:

Океани, промени, гостопримство, пороци, зависност, болници, затвори, филантропија, добротворни организации, заштита на животните, предавство, тајни науки, шпионажа, бегство од обврски, самоубиства.

Елемент:

Вода

Планета:

Јупитер и Нептун – планетата на фантазијата и соништата.

Ден од седмицата:

Четврток

Боја:

Морско сина

Број:

2

Скапоцени камења:

Сафир

Најдобри професии:

Поети, пророци, лекари, писатели, илузионисти, балерини, актери, фотографи, рибари, хипнотизери, монаси, свештеници, медицински сестри, уметници.

За да се спријателите со нив:

Учествувајте во дејностите кои ги извршуваат и помагајте им кога имаат проблеми.

Дел од телото:

Стапало

Добри карактеристики:

Романтични, интуитивни, мистични, услужливи, мудри, спокојни, креативни, ведри, скромни, љубезни, мечтатели, прекрасни партнери, многу романтични, нежни, чувствителни.

Лоши карактеристики:

Наивни, самосожалувачки и самоуништувачки настроени, надвор од реалноста, расеани, песимисти, неуверени, неорганизирани, нерешителни, порочни, зависни, лицемери, предавници, страшливци.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:

Слатка насмевка, ненадејни движења.

Омилени работи:

Танцување, романтични средби, смеење и плачење, прошетки на плажа, долги поетски писма.

Работи кои ги мразат:

Реалноста, фрлањето на новогодишната елка, дневна светлина, лош дизајн и гласна музика.

Можете да ги најдете:

Како им помагаат на стари лица, како мечтаат во ноќните клубови, како се држат за раце под масата во романтичен ресторан.

Скриена желба:

Да најдат безусловна љубов!
 
Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
Purple puma се изначитав постови од тебе :);)

Ај те молам биди љубезна и за мене нешо просветли ме. Знак Лав - Подзнак Шкорпија
Мала помош од мене и мои искуства... секогаш се осекам посебно и неразбрано од другите на овој или оној начин а за вистинкса љубов би загинал
 

Kajgana Shop

На врв Bottom