Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитај ја темава барем 3-4 страници наназад, пробуричкај со кого правиш муабет, смисли ако имаш нешто асално да напишеш, па повели за културен муабет.

Имаше и нов прес во меѓувреме на аеродромот, но што од неукост, што од ниски новинарски стандарди, се препишаа старите вести (и тоа погрешно пренесени, од каде да знаат кутрите новинари што е авион).

Во меѓувреме, ако некого навистина интересира, успеав меѓу дваесет копи пејст линка да ископам една пристојна статија која горе/долу точно опишува во што е штосот - http://faktor.mk/news/archives/6245
 
Секако дека уште една голема лага за македонскиот народ. Сега проверив, да идам дури во далечниот декември за венеција, во два правци со 1000 денари такса се вкупно ме чини 5380 денари. Значи лажачиве наплаќаат 16 евра само за аеродромска такса, а не да те летаат до венеција за 15 евра. СРАМОТА

Мислиш на такса за резервација? Затоа што таа е различна цена во зависност од начинот на кој ќе плаќаш, како што гледам јас...А што се однесува до аеродромските такси, колку што знам со Визер тие се вклучени во цената на летовите, не?
 
Tranquilis
може да ми кажеш за мала кабинска торба кои димензии се, зашто негде читам 42, некаде 55. И за багажот доле има ли определени димензии или само да не поминува 32кг?
 
1. Small cabin bag:
-If your cabin baggage is of size 42x32x25cm or smaller it can be taken onboard free of charge. It must fit under the seat in front of you.
2. Large cabin bag:
If your cabin baggage is larger than the dimensions of a small cabin bag but not exceeding 56x45x25cm, you can take it onboard for a €10 fee. It must fit in the overhead compartment. You must be able to place it in the overhead compartment unassisted.

Генерално, ако не надминува 10 килца, носеш ја горе без пари.

А големио багаж не требе да надминува 32 кила, и да нема чудни димензии (за спортска опрема си има посебен ценовник). Нормален куфер/торба.
 
На Wizzair платив со банковен налог уште во понеделникот и се уште пишува дека се чека плаќање. Некој до сега да не има што плаќал вака, да ми каже колку чекал :/
Платени се, само така се прикажуваат на сметката мислам.
 
Се јавивме во петокот и тој ни вика аа да сте платиле ама уште не сме процесирале и после 10мин покажа дека е платено :)
 
Генерално, ако не надминува 10 килца, носеш ја горе без пари.

А големио багаж не требе да надминува 32 кила, и да нема чудни димензии (за спортска опрема си има посебен ценовник). Нормален куфер/торба.

Не биди сигурен во твојата интерпретација во првиот случај - убаво си цитирал, си пишува кои се димензиите. Башка, ако не ти помине багажот како „мал кабински„ на аеродром се плаќа двојно. Дали ќе поминеш зависи колку аеродромскиот агент си ја сфатил сериозно работата (тој/таа не е вработен/а во авио-компанијата, туку на аеродромот), а тие подлежат на интерни и екстерни анонимни проверки.

Стандардот за чекиран багаж кај сите останати авиолинии е 20-23 кг и се доплаќа за секој килограм над тоа. Тука не се доплаќа, а максимумот и кај едните и кај другите е 32 кг.
 
Мојта интерпретација си е доста валидна, барем за мене... Сепак летал сам колку толку, и сам видел шо точно праат.
Најчесто ги фаќат на самата врата пред да се качат у автобусо, има си таму рамка/мерка, и стјуардите/стјуардесите можат да речат ај стави го и ако не се фаќа, доплаќаш си. Знам оти 80% некаде од личнио багаж не одговара на димензиите, а сепак мине. Затава најчесто го мерат колку кила е, и според преценката на операторо на билет контрола се одредува багажо за дека ти е.
 
И после ќе кажат Германците дисциплинирани биле.. :icon_mrgr:
Прошетај до Будимпешта да видиш дали ќе ти помине ;)
 
Морав тука да ја ставам сликава, едноставно најдобри :D

vh5h6t.jpg
 
Сега, зашо ги мешаш германците у маабето?:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Виззаир са Маџари/гулашчии... :icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Јас патувам најчето со голема торба и ранец, ретко само со рачен багаж. Контрабанда разбираш:нинџ::нинџ::нинџ::нинџ::нинџ::нинџ:
 
Аеродромските агенти врска немаат со Wizz Air, локални се =) или во превод, им чуе.
--- надополнето: 29 октомври 2012 во 16:26 ---
Морав тука да ја ставам сликава, едноставно најдобри :D

Хехе. Туку, ургирав да стават македонско знаме пред канцеларијата во Будимпешта. Сигурно ќе се натегаат, ама кај и да е, ќе мораат да го стават. Ќе сликнам и ќе постирам кога ќе се случи.
 
Ајде вака со ред сеа кој знае нека ми одговори :)

Штотуку ја направив резервацијата на картите преку Визар до Мемингем и избрав банковен трансфер. Сега ми треба некој попросто да ми објасни како да платам. Ми дадоја сметка тоа ок, ама на каква уплатница треба да платам? ПП10, ПП50, ПП30, што ја знам има милион уплатници каква треба да користам, плава, црвена, каква? Плаќам за 3 карти, името од кое патник треба да го користам, може било кое име или оној што е носител на Визар клубот? Ако не му е некому тешко нека објасни посликовито и побрзо, до утре ова време треба да се плати ;)
 
Се плаќа преку SWIFT, а не преку обична уплатница. Не знам и јас точно како оди тоа, ама земи ти податоците што ги даваат од Визер откога ќе завршиш со сите чекори, па трк до банка, ќе те упатат таму шо и како - не можеш тоа од дома да си го пополниш, тоа ми е зборот :) исто така, за тоа зимаат едно 300-350 денари, ако не се лажам.
 
Аеродромските агенти врска немаат со Wizz Air, локални се =) или во превод, им чуе.
--- надополнето: 29 октомври 2012 во 16:26 ---

Хехе. Туку, ургирав да стават македонско знаме пред канцеларијата во Будимпешта. Сигурно ќе се натегаат, ама кај и да е, ќе мораат да го стават. Ќе сликнам и ќе постирам кога ќе се случи.

Обавезно да сликаш штом го стават.Тоа мора да се види!!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom