ставив вода и средство за прочистување на водата.
Ја никогаш не сфатив “кое е тоа средство за прочистување на водата“.
Обично тиквариве од аква шоповите продаваат метиленско плаво што го користат за заштта на икрите проф. одгледувачи, па да се направат и малце професионалци квази пет-шоповите продаваат секакви глупости. Во македонија има само неколку добри продавници и продавачи за акваристика, боро од акватика, мики од немо се дел што јас ги знаам како професионалци во областа. Се останато од продавници е само “колку да се вади некој денар“ а неговото искуство се сведува на тоа што пред 20 години и тој чувал риби, и се осеќа професионалец.
според она што прочитав во темава школките ќе ми ја направат водата потврда и тоа би била добра основа за неонки на пример. еве ако би земал 6 такви (зошто прочитав требало јато за нив), кои други неживороденки ми ги предлагате? бета борец колку што сватив на се оди по еден и тие ми се ок...
Неонки, ако мислеше на риби сакаат мека и киселкаста вода. Само циклидите, и нормално морските сакаат тврда вода.
Во аквариумот, комотно чувај ЖИВОРОТКИ. Ја ти ги препорачувам ко за почеток, а чим сакаш шаренило, иди на ГУПИ а имаш и доста убави риби.Тие се најефтини, 30-60 денари просек оди една риба.
сакам да е шарено во аквариумот ама да нема гужва ко 5ка во вторник. колку чистачи за стакло и под да земам? вкупно 10-15 рипчиња максимум мислам...
Толку, дури и повеќе од доволно се. Ако се гупи,во ред е. Помалце е поинтересно него гужва.
- на која температура да го оставам греачот? 26-28 за растенијата колку што разбрав од форуми, па според тоа и некои рипки кои сакаат потопла вода би биле ок. го оставив синоќа греачот да работи па да видам вечер дали загреал ама некако споро ја загреваше водата синоќа... нормално или не работи ко што треба?
Таман е 26 степени, не подигај температура. Барем просек оди таа, али зависи до рибите некој потопла некој поладна.
- колку светло? пак растенијата ја отежнуваат работава. знам бараат доста светло. доста ли е 6-8 саати неонка на ден и другото природно светло (колку што си има во една просечна соба)?
Види, тревите да растат им треба добар супстрат , се продава а скапичок е. Во обични камчиња што ти ги имаш, би успеала амазонката. Се храни со отпадот од рибите, (изметот) и не бара некој поголеми и похранливи додатоци.
Можеш да земеш и други растенија само гледај да не се некои тешки за одгледување. Купи исто и течно ѓубриво за аквариумски треви, се тура една капачка на 2 недели.Тоа ќе ги одржува во живот. Светлото,зависи што е, ако имаш неонка сигурно е околу 10 вати,слабичка е. Земи му некоја столна ламба изведи некако ,стави жолт светло, чиста имитација на сонце ,добиваш здрави треви и тон алги.
- прочитав 100 различни мислења за менување на вода. колку да ја оставам да отстои? неколку саати или неколку дена? како да погодам да нема некоја температурна разлика? 1/3 месечно доста ли е да се менува со оглед на тоа што имам филтер?
Абе убаво си прочитал само тоа ти кажа 606ката погоре, треба еден азотен циклус да помини, да се формираат и населат и размножат полезни бактерии.Чудава, амоњакот и други отпадни материи од изметот , што се отров за рибите, го користат како храна. Тоа е бактериолошка филтрација, што го има во секое населено со воден свет место. Кога се населени добива мирис филтерот на тиња,на застоена вода, на бара...
Филтерот да знаеш, многу го мислат ја “чисти водата“ за бистрење, а тоа е глупост.
Мора да има кружење на водата, а бактериите се населуваат во сунгерот и на тој начин тие ја филтрираат од отпадни,за човечко око невидливи материи. И чат пат фаќа некое тревче или залутано ѓубре, али и онака по некој ден ќе се распадни во вода и ќе стани невидлив отпад.
Менувај вода сеа понабрзо, на пример пошо е 30 литир, ќе мењаш на 3 дена по 5-6 литри и повеќе.Сифонирај дното, прај чуда али водата додавај ја отстоена една вечер, во канта чувај ја па другиот ден враќај ја внимателно да не растуриш тоа што си редел во аквариум. Пожелно е да е иста температура, али ако се работи за мала количина, немаш галје.
- пумпата + филтерот ми е некако грд и доминантен во вака мал аквариум. има ли некои помали и поскриени? има ли помал филтер кој се става на подот на аквариумот место да се лепи на ѕидот? и не мора да е толку јак, мислам дека ќе ги однесе помалите рипки овој. може и некој украс да го скрие ова, или некои поголеми растенија да го скријат...
Се прават и стаклени филтри,до аквариумот стои така да не ти ја грди сликата на аквариумот. Мал сад, прилепен до аквариумот и со црево носи вода во него и ја враќа назад. Полесен е за одржавање од потопниот во аквариум.А уште подобра идеја ти е прикачен филтер. Види на аквашоп какви се, и купи си еден таков. Тие стојат странично водата паѓа како водопат, со што се ствара и жабурки кога паѓа и врши аеарација на водата.
- разбав лисната храна е подобра. аквариумот ќе биде во канцеларија, па дали е во ред 1-2 пати на ден да се хранат по малку?
Доста е толку, купи си некоја брендирана храна од лиснатата . Јас ги користам од ТРОПИКАЛ фирмата, и се одлични.
И за болести на рибите, пази какви риби внесуваш.Купи од еден дуќан 10-15 риби И НЕ ЗЕМАЈ НИШТО од друго место.Друг аквариум други болести.
Рибите најмногу имаат мака ако се смени температурата.Пример, те фатил бесот, да го чистиш цел аквариум а тоа не постои такво нешто,освен коа ќе го расформираш. Рибите си ги префрлил во друг сад, додека ги вратиш паднала температурата неколку степени, па ги враќаш во потопла, одма добиваат бели точки. Ако не се излечи, умира на крајот. Тоа му доаѓа како грипов кај луѓе.
Коа ќе ги купиш,стај ги со се најлонче во аквариум да се аклиматизираат после испушти ги само водата не му ја внесувај.
Стави еден алгар, али барај АНЦИСТРУС. Обично продаваат плехостомуси шо растат гигантски и прават ѓубре низ аквариум. Анциструсот,барем помал е
Можеш да треснеш и жолти аквариумски полжави,одличлни се.
П.С. Од треви барај амазонки најлесни се за одржавање. И за чистењето,цело чистење на акв. е менување вода, во почетокот додека не се стабилизира може да стани и млечно бела, а после бистра ќе си дојди.Тоа значи се населиле бактериите, не го миј филтерот освен со вода од акв. и нека биди не многу често. Чистењето е само сифонирање на дното.