NBA драфт, трансфери, шпекулации

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
хаха абе шо има врска тоа, џејмс на пример е крило ама воедно и еден од најдобрите плејмејкери и изградувачи на акции во нба... тука нема врска позицијата...
кевин мартин тие е бек шутер, а харден е многу повеќе од тоа... ќе видиш сега колку тешко ќе му биди на ОКЦ само со Мејнор како единствен плејмејкер во тимот ( Вестбрук ти е комбо-гард од него ако очекуваш да направи акција тешко тебе)... сега оклахома ќе оди на уште повеќе изолација преку дурант шо е лошо за тимот ( види ги никси на пример кога играат само преку мело колку лоши се, тој можи ќе дај 30-35 ама џабе )
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Vanlok незнма колку ја пратиш Колеџ лигата, али Пери Џонс пред да се повреди беше јебена зверка, и се очекуваше да биде топ 10, па дури и едно време топ 5 на драфтот...
Како успеа да падне до 21 не ми е јасно, ваљда заради гадната повреда...
Нејсе, ја мислим дека ОКЦ виделе нешто у него, ја виделе таа атлетска четворка, а Ибака да си игра само центар, да се ротираат со Перк, и само да им се додаде топката и да забијат....

Пак имаат тука проблем, али според мене што не се решија да се појачуваат таму причината е баш Пери Џонс, или очекуваат Хашим конечно да го оправда тоа што беше 3 пик на драфт, и да стане Хаким :icon_lol:


Друго, Кевин Мартин е мноооогу подобар дефанзивец од Харден, кој у одбрана е дупе, невидено и тоа....
Као што Џамир Нелсон е дупе од играч, така е овја дупе у одбрана, нешто што им фалеше многу на ОКЦ, што се виде у финалето...

За разигрувањето ќе се грижи Ерик Мејнор, кој според мене е сосема солиден плеј, и може да го одмара Расел, а Ламб е млад играч со страшен потенцијал....

Според мене ОКЛ ништо не изгуби, а Хјустон доби на трејдов, го доби тој играч, со кој може да ги утешат фановите, што цел тим го испоебаа од лани за да донесат звезда, а завршија со Мистер Трновер, што изиграл 7 солидни утакмици у кариера..

Ќе си бидат пак дрва они, и нема да влезат пак у плеј оф, ( неможе у плеј оф со стартна постава у која играат, Парсонс, Патерсон и Ашик, да се разбереме), ама ја смирија публиката заради глупостите со Скола и компанија....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.762
Поени од реакции
34.012
Не се согласувам дека Мартин е подобар во одбрана од Харден, можеби за некоја нијанса е и полош. Ама пошто и Харден не е добар дефанзивец и Мартин ќе го покриваат другите во одбрана...
Оклахома дефинитивно е нешто послаб тим по разменава, по мене. Ламб изгледа како добар проспект за во инднина а сигурен сум дека ОКЛ квалитетно ќе го искористи и пикот на Торонто (кој Хјустон предходно го доби во размена за Ловри). Додека не капитализираат на нешто од ова, ОКЛ доби само дупка во нападот која Мартин само донекаде ќе ја прикрпи (прошлава година осетно регресираше).

Пери Џонс е изгледен проспект, младо дрво неизделкано а Табит е дрво дрвосано... ОКЛ го чува Табит само за ако се повреди некој од високите. Хјустон беше/е очаен за солиден центар, да го биваше Хашим Табит за нешто ќе го задржеа. Ако покрај Деламберт не можеше да избори минутажа, нема ни покрај Перкинс/Ибака посебно што ОКЛ повеќе е заинтересирана да го развива Пери Џонс како играч и тој ќе го добие поголемиот дел од преостанатите минути.
Ни Пери Џонс ни Табит нема да видат минутажа сезонава заради офанзивните квалитети и ОКЛ останува со само една валидна опција за смол-бол: Колисон, кој пак е осетно послаб во одбрана од Перк/Ибака.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.944
Не зезај сеа и ти, Мартин е каде каде подобар дефанзивец од Харден. Брадата е човек кој си има зацртано во главата дека кога ќе влезе од клупа МОРА да упати 15-20 удари накај кош без разлика на тоа дали му иде или не. Може да има и 12/15 а може и 0/20 а он ќе си продолжи да пуца. Затоа и ме нервира, не е паметен играч, не знае да го препознае моментот. А за одбраната погледни ја една од финалните утакмици, мислам ОКС дома играше, не ми текнува која текма беше, кога Харден беше како сталка на теренот, го избуши кој стигне од Хит, а башка и напраи три фаули за многу кратко време. Одбрана ич не игра, да не се лажеме.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
Сите овие работи шо ги кажа поќе важат за Мартин отколку за Харден

Ќе видиш и самиот ко ќе почни сезоната
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Не зезај сеа и ти, Мартин е каде каде подобар дефанзивец од Харден. Брадата е човек кој си има зацртано во главата дека кога ќе влезе од клупа МОРА да упати 15-20 удари накај кош без разлика на тоа дали му иде или не. Може да има и 12/15 а може и 0/20 а он ќе си продолжи да пуца. Затоа и ме нервира, не е паметен играч, не знае да го препознае моментот. А за одбраната погледни ја една од финалните утакмици, мислам ОКС дома играше, не ми текнува која текма беше, кога Харден беше како сталка на теренот, го избуши кој стигне од Хит, а башка и напраи три фаули за многу кратко време. Одбрана ич не игра, да не се лажеме.
Реално и Харден и Весбрук се исти во поглед на тоа дека шутираат нонстоп без разлика дали им оди шутот или не.
Харден лани во финалето го немаше жив никаде, најмногу кога требаше он да им помогне на Дурант и Весбрук потфрли и тоа многу, ама што знам тимот што победува не се менува јас така знам.
А реално Харден беше еден дел од костурот на тимот на ОКЦ и со оглед на тоа дека беа сите млади, ОКЦ имаше тим за многу време, плус се гледаше дека има големи хемија помеѓу сите нив.
Искрено незнам кој доби или кој изгуби во трејдов, ќе се покаже сето тоа убаво сезонава.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.762
Поени од реакции
34.012
Не зезај сеа и ти, Мартин е каде каде подобар дефанзивец од Харден... за одбраната погледни ја една од финалните утакмици, мислам ОКС дома играше, не ми текнува која текма беше, кога Харден беше како сталка на теренот, го избуши кој стигне од Хит, а башка и напраи три фаули за многу кратко време. Одбрана ич не игра, да не се лажеме.
Баш како што напишав и јас, Харден нема добра одбрана.
За тоа се согласуваме, од друга страна изгледа се согласуваме и да не се согласиме дека Мартин игра подобра одбрана. Двајцата се тапа во одбрана. :)
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
Харден ти е нешто подпросечен во одбрана за негова позиција, а Мартин ти е топ 3 најлош.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.944
Баш како што напишав и јас, Харден нема добра одбрана.
За тоа се согласуваме, од друга страна изгледа се согласуваме и да не се согласиме дека Мартин игра подобра одбрана. Двајцата се тапа во одбрана. :)
Работава од двајца тапчовци во одбрана Мартин е подобриот. :D
Иначе според мене на ОКС им треба еден квалитетен центар за да стигнат до титула. Да се ослониш само на Дурент и Вестбрук и да освоиш титула некако не ми е изводливо, за тоа е потребен тим, а особено јачина под кошот. Ние колку и да го сакаме и да го величиме сепак Вестбрук не е во класата на најдобрите. Таму се Коби, Дурент, Вејд, Леброн, Роуз, Хауард... Супер си е Расел, да не се сфатиме погрешно, но и тој има некој ментален блок во себе. Јас како играч многу го почитувам и еден од најомилените ми е, но и тој е тип на играч како Харден, може да даде 50 коша со две утки во цел меч а може да има и 0/20 и упорно да шутира. Се виде тоа и во ланското финале каде Вестбрук на една утакмица им даде 40 и нешто на Мајами ако не се лажам и одма после тоа камен, или пред тоа беше камен, не ми текнува сеа најдобро ама таа е поентата. Затоа потребен им е центар, не Перкинс кој служи како сталка во нападот и игра само одбрана, некој како Бајнам, Хауард, таков тип на играч, што гарантира 15+ поени и 10+ скокови. Не знам и каква ќе биде ситуацијата со Ибака, дали ќе го форсираат како 4ка или како 5ка, по се изгледа исто како лани ќе биде, Перк 5ка а Серж 4ка, со понатамошни ротации во текот на натпреварот каде Ибака доаѓа на 5ка а Колисон на 4, нешто што го правеше Лејкерси со Бајнам-Гасол-Одом, но очигледно е дека центарската постава на ОКС ќе им остане иста.
Бај д веј, инфо за повредата на Коби? Ќе игра на првиот меч или ќе го прескокне?
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
то со 0-20 сто пати шо го повтори- и коби спаѓа во тој тип на играчи, е сеа е нешто поклач од другите но сепак си продолжва да шутира и ич не го боли
е сеа ќе речиш ама коби е ова она докажан најдобар блаблабла ама не е така под обрач да ги имаш гасол и бајнам а да продолжиш со мизерниот шут... кај вестбрук и харден до негде е опрадвано, освен дурант се друго е тапа во офанзива
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.944
то со 0-20 сто пати шо го повтори- и коби спаѓа во тој тип на играчи, е сеа е нешто поклач од другите но сепак си продолжва да шутира и ич не го боли
е сеа ќе речиш ама коби е ова она докажан најдобар блаблабла ама не е така под обрач да ги имаш гасол и бајнам а да продолжиш со мизерниот шут... кај вестбрук и харден до негде е опрадвано, освен дурант се друго е тапа во офанзива
Па тоа е и поентата бе пријател, затоа и пишав дека ОКС доколку сакаат до титула треба под кош да се појачаат. Затоа и реков дека Вестбрук не е слаб играч но е дивтар и знае да се заинати и да промашува цела утакмица, не е стабилен ко Дурант. Вака така од Дурант имаш 25+ поени на скоро секоја утакмица, истото е и со Коби, а Вестбрук е малце поразличен. Добитната формула за титула на ОКС сега треба да ја концентрираат под обрачите, таму се најтенки, на надворешните позиции се и те како покриени. Им треба јак центар поради тоа што ако не му иде на Вестбрук да има некој друг што ќе даде кош, што ќе го префрли тежиштето на играта под обрачите а не само од надворешните позиции, а вака сите очекуваат од него и Дурент, затоа и ги удвојуваат и им ја отежнуваат работата. Не се они роботи па 50 коша да даваат цела сезона на секој натпревар.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.762
Поени од реакции
34.012
Зошто клубовите толерираат упорно шутирање од ѕвезди-шутери?
Тоа се момци на кои во секој момент може да им тргне, кои веруваат дека следниот шут сигурно влегува во кош. Не ги има многу во лигата такви, ама имаат licence to shoot.

Од друга страна да не го мешаме ова со изборот/селекцијата на шут, тоа е веќе нешто сосема друго. На пример шут кога двајца го бранат шутерот а има уште пола напад е лош шут. Нападот треба да оди според договорениот план, и ризични шутеви од дистанца се ОК само на крај на нападот кога се нема други опции.

Тоа и беше причината за лошата ефикасност на Коби прошлава сезона, пречесно мораше да шутира пред крај на напад, од голема дистанца, од дриблање со неколку бранители во лице. Да не дрвам сеа за тоа пак, нападот на ЛА толку смрдеше да немаа ниеден поуздан шутер од дистанца, надвор од Коби... нормално дека одбраната ги удвојуваше и Коби и високите играчи. Мета, Ибанкс, Блејк и другата боранија не можеа да погодат 3ка ни за да си го спасат животот... во тие ситуации боље Коби да шутира па макар и фрљотка со два-тројца во фаца.

Со сегашниот талент во тимот на ЛА, соиграчите треба да го плукаат во лице Коби, ако продолжи да троши топки нефикасно. Во негова одбрана од неколкуте утакцмици што ги изигра пред повредата имаше супер ефикасност со над 50%...
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
леле скрос заборајв дека утре ти почнувала сезоната јас па си пислев за викендов
ццц како погодија вака заедно со колоквиумите... сепак сеа знае шо е во прв план тука :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.944
Конечно вечер...:vozbud::vozbud:
Очекувам победи на Мајами и Лејкерс, особено на Лејкерс, Далас се без Новицки и мора да се искористи ова. Едноставно утакмиците со подобрите тимови ЛА мора да ги добиваат за да добијат на самодоверба за понатамошниот дел од првенството.
Исто и Мајами очекувам да победи, мислам дека Бостон неможат да им парираат во ниеден сегмент али почеток на сезона е, ништо не се знае, многу од тимовите а и играчите не се во форма, сеуште се на “распуст“, условно речено. Пред се очекувам интересен баскет уште од првата вечер. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom