Не знам што се има изнапишано на темава наназад...ама ќе се обидам да се вклучам. Значи, она што успеав да забележам, некои од тука, солидно заработувале од пишување статии. Јас едно време почнав со тоа, не на Фивер, онака од огласиве кај нас, за една хрватска маркетинг компанија. Ми даваа клучни зборчиња кои треба да се спомнат еднаш-двапати во текстот, кој треба да биде околу 500 збора со 3 пасуси. Требаше да си се регистрираш за една недела однапред во кои 5 денови си достапен за пишување и да имаш мин. 5 текста на ден. Значи околу 25 текста неделно (а после притискаа по 7-8 да бидат
). Плаќаа по 1 евро за текст, а демек со време како ќе си добивал искуство после и по 1.1 и 1.2 евра...напишав 37 текста и ми скурчи...А инаку добар сум за пишување, не дека не сакам или не можам. Прво зборчињата кои ги даваа понекогаш беа...да те извадат од такт...Toys R us, Newfoundland puppies, pool installation costs и тн...и се ќе беше во ред ако не се случуваше во еден ден од 5 зборчиња да пратат 3 ИСТИ!!!! ИДЕНТИЧНИ!!!
И како сега јас да му склопам 3 текста за истата работа а да бидат различни...и капак на се....по 3-4 дена...пак од тие истите зборчиња, сега па 2!!!....а треба да пазиш а копирање и такви работи, да отвориш 3-4 извори....мене 1 саат ми одземаше за еден текст...За некој можда ќе му се чини многу, за некој можда малце...напишав 37 текста, ми платија 37 евра на манибукерс и чао пријатно а кога се пријавував им пратив цв и им викам ако може зборчињава да бидат според мојов профил, нешто наука, техника, филм, музика....тие се и сешто праќаа...еднаш пишував за мебел
Има доста страни за фриленс работа како веб и графички дизајн, а има и за ова за пишување содржини...ама шо знам...ептен тешко се фаќа работа таму. Или јас не знам како треба или
....а има нешто интересно, џабе....одма се фаќаат 3-4 индијци со поефтина понуда и побрзо време...и со веќе искуство на тој сервис, со историја шо се вика...а јас нов таму....0 jobs, 0 earnings....
А ова Фиверр ако не го мрзи некој да објаснои накратко шо е?