Откако Макс фактор почна да ми ја суши кожата на лицето и да ми се праат како лушпи-сува кожа, сменив со пудра Лореал 16 h.После третото купено пакување почна да ми се иритира кожата, веројатно ми се имаше презаситено, па ја заменив за поблага-секојдневна пудра од Аура. За секојдневно користење е супер, дури како крем за лице со мала покривна моќ. Ама ако барате пудра што добро покрива подочници,акни...а да е долготрајна ви ја препорачувам на Менхетен мат пудрата
Одлично покрива, а не се приметува дека имате нанесено пудра. Не остава траги на темна облека (освен ако не земеш да се бришеш со потемна ткаенина), лесна е-не се осеќате како зацементирани

, трае долго (испробано 18 h и не мрдна пудрата, ниту се растече), а и цената е прифатлива (во Зегин аптеки

).