Pearl Jam

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Двајца од моите омилени момци. И песна што не ја знам покрај нив ми звучи совршено. :)

 
Најдобра изведба на песната! А уште повеќе се радувам што е испеана во чест на еден голем музичар!
Инаку нема што да кажам за P.J. Ја сакам музиката нивна... едно време, на времето омилен бенд ми беа. Ми се допаѓа што можат да опфатат секакви теми. Од длабоко емоционални текстови до социјално- политички и сето тоа пропратено со музика која во ниту еден тон не е погрешена. Сетоа тоа ги прави совршен бенд.
 
Ова е моето омилено парче од нив, ни блек ни мек ни џереми ни алајв и така натака ( не дека се лоши, напротив се закон, али песнава ми е појма немам, немам збор некој соодветен, тажна моќна мадафакерска во секој поглед.
Иначе бендов ми е малку запоставен од поодамна, бидејќи се зафатив со некои подруги музички бендчиња и правци, онака да попливам во океанот на добрата музика.
 
Ништо работа годинава, ајде здравје в година може ќе дојдат на балканов:notworthy:
 
На денешен ден, во 1991, Pearl Jam го издаваат нивниот прв албум Ten.

Да се придружам кон честитките, си ме претркал со постов. Албумов секој ден го верглам и не ми здосадил. Ремек дело. Вакво нешто ретко некој да повтори. :cuc:
 
Да ви покажам еден поприлично импресивен настап, за оние кои го пропуштиле. Видете го само ова, глувонеми луѓе на концерт на Прл Џем. Кожата да ти се наежи. Ете толку се добри.

 
Доста солидно песниче, го отепувам веќе некој период. Албумот во глобала не го бива, али песнава е ремек дело.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom