Хорор филмови

^ Мене ме стресе сцената со кучињата на патот. Исто и сцените во реакторот, комбето, спа-центарот (или што и да беше тоа). Под стресе не подразбирам да ме бутне од креветот и да не ми даде навечер да спијам, туку мислам на тензијата и континуираната атмосфера. Барем филмот се обиде да не користи премногу ефтини jump-scare техники. Плус и интересен ми е ruin porn-от општо. Плус плус, сите други хорори кои ги гледав претходно беа тешко разочарување. Затоа 6-ката мислам дека му е доволно.

Insidious го гледав пред една година и моментално на ништо не ми текнува. Скроз ми е избришан од сеќавањето. Ова може да се протолкува на два начина: 1. нешто не е во ред со мене. 2. филмот воопшто не ми оставил впечаток.
 
Сношти го глеав Chained (2012). Moжеби не спаѓа под папка хорор, туку психолошки терор, но често влечам паралела помеѓу ваквите со класично дефинираните хорори, дека често знаат да имаат исти имапкт, чак што некад и више од пример рецимо некој си рандом слешер. Оваа Линч значително напреднува, малку позрел филм, доста груб и суров и со една surreal атмосфера која сакам да си ја задржи како трејдмарк за религиозно да ја следам. Малава го има наследено во гените. Малце не ми се допадна што се наврати на ефтин мајндфак, од типот на Surveillance aма уште е недефинирана како режисер, па слободно нека експериментира, можеби ќе пронајде вистинско комбо и некој ден ќе глеаме нејзино ремек дело.

Кастингот одличен, тој од Law and Order баш ме убеди, одлична глума, прибидејќи имаше драма примеси филмот, а во такви ситуации најдобро може да се забележи глума.
6 ипол, како имдб, му е доволно но со препорака.
 
5 - просек
6 - солидeн
7 - добар
8 - одличен
9. перфекција
10. ремек дело

:D

4 - подпросечен
3 - Insidious
2 - Drag Me To Hell
1 - не ми текнува во моментов

Drag me to Hell мене 0 ми е :D Сериозно најглуп филм што го имам изгледано е тој. Дури и оние турскоиндискине филмови (хинт: типот што 6 пати умре) со бедна глума се барем смешни, ова не беше ни смешно, освен ај таа сцената на паркингот бабата кога гребеше по шофершајбната :pos::pos: Мене тој што ми го препорача го наполнив со црвена репутација уште на времето кога имаше, и уште гледам пак го препорачуваат некои на форумов

suicide.png
 
Пред некој ден го гледав Rec и ќе кажам само едно : Мануела Веласко ако по некоја случајност си зачленета на форумов, омажисе со мене !
 
VLJ мајсторе , The Uninvited Guest :cuc:
Ваква тензија немам гледано од The House OF The Devil .
Обожавам напнатост , а во филмов ја имаше за со лопата да ја копаш .
Секогаш кога гледам шпански филм , секогаш добивам повеќе од што очекувам , да не зборам дека никогаш не ме разочарале. Каква камера! :cuc:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Кај можам да го најдам по интернет "Проклетството на гробот без крст" ?
 
Најсрање филм шо го изгледав годинава е V/H/S...толку утната атмосфера во филм од одамна не сум видел...
Го гледав и The tunnel и доколку документарниот дел беше сведен на минимум ќе беше многу подобро и по тензично остварување...И незнам зошто го пишам тука(а и вие сте го пишале тука) , The uninvited guest е далеку од добро остварување како хорор...но како мистерија трилер е нешто извонредно... стварно не сфаќам зошто е толку потценет на имдб и патлиџаните и зошто е воопшто класифициран како хорор .
 
Го гледавме вчера The uninvited guest, и стварно јако филмче.
 
Може малце вовед да ми пишеш,гледам повеќето членови пишувате позитивни критики па можеби и јас ќе се излажам ќе го гледам? :)

Еден човек кој живее во огромна куќа пушта непознат човек да му го искористи телефонот, за тоа време тој е во кујната. Кога се враќа, непознатиот го нема.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Еии, не знаев дека излегла двојкава. Ќе го гледам во секој случај. Не сакам хорор филмови и ништо ново немам гледано скоро, освен овие класичниве и познативе, ама Сајлент Хил го гледав и го имаше еден од најубавите краеви на филм што ги имам видено. Крајот беше совршен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom