Тодор Александров "дојава" во Кисела Вода

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Дали го оправдувате поставувањето на споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода?

  • Да

    Гласови: 15 21,7%
  • Не

    Гласови: 42 60,9%
  • Немам став, не сум запознаен околу ликот и делото на Александров

    Гласови: 12 17,4%

  • Вкупно гласачи
    69

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Пробај да му го докажеш ова на твојот колега methMKD. Според него тогаш не постоеле национално свесни Македонци.

Нема што да го убедувам тоа не еубедување туку болест :) Да му каже денес на татко му дека му е чукундедо како ке реагира човекот, ке се изнасмее, така и јас :)
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Епа тоа е - политика и историја не идат заедно. Инаку химната е на ВМРО а не на Александров или Михајлов. Интересно многу е да се чита за писанија кои се напишани од автори кои пишуваат нарачана пропаганда но сепак затоа таквите писанија нити се дел од историја нити поминуваат кај познавачите на историја :)
Сакав само да го истакнам тоа дека првото заседание на АСНОМ било отворено со таа химна и не таа химна не е на ВМРО туку е на Македонија :) !
--- надополнето: 23 октомври 2012 во 21:23 ---
Нема што да го убедувам тоа не еубедување туку болест :) Да му каже денес на татко му дека му е чукундедо како ке реагира човекот, ке се изнасмее, така и јас :)
Мојте убедувања не се тема на дискусија тука фала :)
 
Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
За химната си грешка, таа е првата химна на ВМРО
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
За химната си грешка, таа е првата химна на ВМРО
Да но и отварањето на АСНОМ било проследено со таа химна и таа требала да биде химна на Македонија ...пази пази АСНОМ :)
 
Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Нема што да се чудиш - единствена организација до пред АСНОМ била ВМРО и таа ВМРО покрај братоубиства, комитаџење, војни и терор се грижела и за др. работи како што се банки,политики,избеглици и раселени а и херои,ордени,посмртници и ред други работи. Затоа и Александров е заслужен толку за Македонија, тој го поставува овој фундаментален политички начин како основа на постоење на ВМРО.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Се согласувам, но сигурно е запаметен во некоја песна, некоја приказна.
Запаметен е, најмногу кај Македонците од Пиринска Македонија, а го паметат и во Ново Село, од каде што потекнува. Но, било забрането да се зборува за него.
Дали ти знаеш колку има Албански партизани?
Милиони... :pos:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Запаметен е, најмногу кај Македонците од Пиринска Македонија, а го паметат и во Ново Село, од каде што потекнува. Но, било забрането да се зборува за него.
ОК, и во кој контекст е запаметен? Што велат приказните за него? Дали народот го гледал како ослободител, дали го доживувал како свој?

Не гледам друг начин да је отцениме неговата историска улога. Ако кажеш дека бил македонски јунак, обвинет си за бугарофилство. Ако кажеш дека е крвник на македонскиот народ, тогаш си србокомунист. Целата понова македонска историја е тежок хаос. Јас мислам дека и на најистакнатите фигури од тоа време не им биле најјасни работите. Ниту за што се борат, ниту како да се борат.
 
Тоа што во Југославија било забрането да се споменува кажува во каков контекст биле приказните. :) Брутален но праведен, човек кој за прв пат донесува некаква автономија на Македонците (бар во Пиринска Македонија). Тој дел бил во рамките на Бугарија, ама бугарските власти имале пристап таму колку што македонските денес имаат во Шипковица. :D Во тој временски период ВМРО е поорганизирана од во било кој друг период на нејзиното постоење. Всушност истото тоа ВМРО убива и премиер и крал на две држави тогаш.

За вториот дел, јасно им било за што се борат. Се бореле за власт. :) Како и тие пред нив, како и тие по нив. Отпосле, историјата (политиката поточно) ги додава идеолошките примеси на ликовите и од некои прави светци, од други крвници. Тоа што делуваат конфузно е заради тоа што не им е јасно кој би им ја дал власта, дали би им ја дал, па се јавувале разни со разни понуди. Тоа не е нешто туѓо за Македонците и денес, бидејќи и денес немаме спонзор (како што го имаа другите балкански држави). Еден ден одиме кон ЕУ, па САД ни се главен партнер, па тие се курви одиме со Русија, па ја мразиме Албанија, па го признаваме Косово, па одиме во Кина на посета. Истото било и тогаш. Затоа имаме историја каква што имаме. Ама ако гледаме така ќе останеме без херои, а херои се секогаш потребни. :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Замислете после 100 години како Македонците расправаат дали Љубчо Георгиевски бил Македонец или Бугарин и дали и колку направил за Македонија.
Јас живеам во негово време, па ми е нејасно дали, колку и што направил за Македонија, а мислам дека ни нему не му е баш јасно што е и кој е.

Споменик треба да му се изгради на попот од едно село кој насадил тополи и ја спречил ерозијата на земјиштето, а не на Тодор Александров.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Значи она што сум го учел по Историја пред едно 15-20 години било лага ................. тогаш учевме дека Тодор Александров бил Бугарин/Бугараш/Бугарофил т.е. про-Бугарски ориентиран и се борел и залагал за присоединување на Македонија со Бугарија, значи бил против независност на Македонија, а со самото тоа бил анти-Македонија и анти-Македонец, но денеска други работи ни се кажуваат по медиумиве за него, дека бил прав Македонец кој се залагал и борел за независна Македонија и не бил про-Бугарски ориентиран ................ :tapp:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Историјата е курва бе братче.

Денеска истото се прави и со Александар.Секој родител совесен треба книгата по историја во школо да му ја запали да не му перат мозок.

Историјата ја пишуваат политичарите и победниците,секогаш било така и секогаш ќе биде така.

Да се палиш на историја треба навистина да немаш што да правиш во животот.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
За вториот дел, јасно им било за што се борат. Се бореле за власт. :) Како и тие пред нив, како и тие по нив. Отпосле, историјата (политиката поточно) ги додава идеолошките примеси на ликовите и од некои прави светци, од други крвници. Тоа што делуваат конфузно е заради тоа што не им е јасно кој би им ја дал власта, дали би им ја дал, па се јавувале разни со разни понуди. Тоа не е нешто туѓо за Македонците и денес, бидејќи и денес немаме спонзор (како што го имаа другите балкански држави). Еден ден одиме кон ЕУ, па САД ни се главен партнер, па тие се курви одиме со Русија, па ја мразиме Албанија, па го признаваме Косово, па одиме во Кина на посета. Истото било и тогаш. Затоа имаме историја каква што имаме. Ама ако гледаме така ќе останеме без херои, а херои се секогаш потребни. :)
Сето тоа е во ред, но кога зборуваме за национална историја работите не одат така. Доколку се изедначат сите тогаш во старт се побиваме самите себеси. Негде мора да се повлече црта што влијаело и било позитивно, а што негативно во текот на историските случувања за да се дојде до степен на општествена придобивка како што се државата, нацијата, кодифициран јазик.. Ако на работите гледаме отстрана тогаш може само непристрасно да ги опишуваме и да не ги класифицираме и коментираме. Но, во случајов, во најмала мера се работи за контроверзна личност дури и за времето и условите во кои живеел и случувањата во кои и самиот бил учесник. Ако тргнеме да ги славиме сите вакви личности од типот на Сарафов, Гарванов, Александров(кои повеќе наштетиле отколку што помогнале на националното идеја) тогаш треба да им изградиме споменик и на Ванчо Михајлов и на Довезенски и Бабунски. Но тогаш неминовно ќе дојде момент во кој ќе мора да се запрашаме што и зошто славиме (пробајте да си го одговорите ова прашање)??
 
А знаеш што е најпаметно секој нека си слави што сака и нека не се меша државата да кажува кој бил во право а кој не посебно дека секоја политичка гарнитура си толкува се на свој начин за да биде во нејзина корист.

.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Сето тоа е во ред, но кога зборуваме за национална историја работите не одат така. Доколку се изедначат сите тогаш во старт се побиваме самите себеси. Негде мора да се повлече црта што влијаело и било позитивно, а што негативно во текот на историските случувања за да се дојде до степен на општествена придобивка како што се државата, нацијата, кодифициран јазик.. Ако на работите гледаме отстрана тогаш може само непристрасно да ги опишуваме и да не ги класифицираме и коментираме. Но, во случајов, во најмала мера се работи за контроверзна личност дури и за времето и условите во кои живеел и случувањата во кои и самиот бил учесник. Ако тргнеме да ги славиме сите вакви личности од типот на Сарафов, Гарванов, Александров(кои повеќе наштетиле отколку што помогнале на националното идеја) тогаш треба да им изградиме споменик и на Ванчо Михајлов и на Довезенски и Бабунски. Но тогаш неминовно ќе дојде момент во кој ќе мора да се запрашаме што и зошто славиме (пробајте да си го одговорите ова прашање)??
Добро ама ако е така не треба нити Ѓорче нити Јане нити Гоце да ги славиме по твое треба само Александар Македонски(оу јеа) и партизаните :D
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Добро ама ако е така не треба нити Ѓорче нити Јане нити Гоце да ги славиме по твое треба само Александар Македонски(оу јеа) и партизаните :D
Ау партизаните што се па со чисти раце.

Кај отиде целата украдена стока од селаните и злато од трговците? За Београд па од таму за СССР да се одплатат долговите на Тито кон Сталин.Зошто беа пунети затворите под кале додека богатите не потпишат дека се даваат на државата за никакви пари?

Не знам до кога со тој менталитет на мали деца за херои.Никој од нив не бил херој биле борци за некакви нивни цели и идеали,а сигурно ниеден од нив не бил со чисти раце.Воени херои има многу ретко а никој од нив не станал со убивање туку најчесто со жртвување на себеси за други да се спасат.

Правење култ на личности е за морони.

.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom