Нападнат претседателот на „ЛГБТ јунајтед“ Ален Шаќири
Вести,
Граѓани, 22 октомври 2012.

Вчеравечер околу 21 часот, две непознати лица го нападнале претседателот на „ЛГБТ Јунајтед“, Ален Шакири додека се враќал кон неговиот дом во Тетово, соопшти граѓанското здружение. Шакири се враќал дома кога слушнал како непознатите го прозиваат со погрдни имиња и навреди. Во тој момент сфатил дека нешто може да му се случи, па почнал да бега, но тие го стигнале и почнале да го удираат по стомакот. Шакири едвај успеал да побегне, и да им јави на другите членови на организацијата, со кои потоа заедно го пријавиле случајот во полиција.
Во последно време, членовите на „ЛГБТ Јунајтед“ се сé почесто жртви на изјави и напади од луѓе кои знаат дека тие се членови на споменатата организација, и ЛГБТ активисти. Додека траела изјавата на нападнатото лице, полицијата не покажала никаков интерес а односот на вработените кон жртвата бил непријатен,
информираат од „ЛГБТ јунајтед“. Тетовската полиција потврди дека Шаќири го пријавил инцидентот, но полициската патрола испратена на настанот не го нашла напаѓачот.