Струен удар (причини и како да се заштитиме)

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
dobro poznat
можеш ли друже да објасниш (сериозно) што се случува кога бојлерот има и кога нема заземјување?
само да не даваш примери преку водоводни цевки пошто тоа не е званично заземјување. зградата треба да си има свое заземјување. нели има правила, која дебелина, која длабочина, што ти знам.
да не збориме дека полипропиленски цевки се едно миљон пути поздрави од поцинкуваните...
во кои случаеви доаѓа до струен удар од бојлер? неисправен греач? лоша инсталација? погрешна инсталација? немање поцинкувана водоводна мрежа :)eek:)?
или само лоша среќа, а.к.а. карма ис а бич, бејби?

што праиме со бојлерите у хотел? го гасат бојлерот кога е бањаат гостите (у субота:P) што праиме со оние што имаат централен бојлер (и за у кујна и за у купатило). Мијат садови и жжжжж'к! струја ги убива...
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
Јас секогаш се туширам со вклучен бољер. Ова со зоните, кај мене е во зона 24, на долниот спрат :D Во врска со заземјувањето, прилично сум сигурен дека е поврзан со електричната инсталација како што треба, вклучително и зазамјувањето, има на времето татко ми закопано две лимени табли 5 милиметарски од по 3.125 квадрати, па секој штек и секој уред е поврзан на ова заземјување.
Инаку кај еден комшија заземјувањето беше поврзано со водоводната мрежа, и имал неисправен бољер + перална, преку 6 куќи од мене, а дури овде „пецкаше“ кога ќе ја допреш чешмата. Му кажав на татко ми за ова (помал бев) и тој тргна низ маалото со таа „ампер клештата“ и го откри генијалното решение на другиот комшија - електро инсталатор, едноставно поврзи го заземјувањето на водоводната цевка. Не ми е јасно како се живи, цело време се туширале вака, ги „фаќало“ струја на секоја чешма кога работел бољерот или пералната...
Јас мислам дека токму од овие причини доаѓа до вакви проблеми - од недобро изведена електрична инсталација и непрописно заземјување со што се доведуваат во опасност прво најблиските, па и соседите... Од оваа причина на спратот кај што сум јас, а каде претходно некој „мајстор“ ја ставал електричната инсталација (татко ми бил на теренска работа во странство), ја заменивме лани целата електрична инсталација, при што откривме прилично доста недопустливи работи...(константен напон на сијалиците, а затворање на струјното коло на прекинувачот преку 0-тиот проводник, кабли кои после струјомерот не одат во таблата за осигурувачи). Поставивме и нови автоматски осигурувачи, како и заштитна склопка, која и при спој на 0 со заземјување ја исклучува целата струја.

TLDR Summary:
Не професионалната изведба на електричната инсталација (вклучително и заземјувањето, за кое има посебни прописи) овозможува почесто настанување на струен удар. Како заштита од ова единствено решение е проверка + поправка на целата инсталација, а препорачувам и вградување на заштитна ФИД или ФИ склопка кој како ја вика. (немам продавница за електрика) :D
кај мене има ваква , ко ке дојди до некој спој одма паѓа , ама за струен удар незнам дали ке те спаси :rolleyes:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Од кај ќе знам па и ти колку жици има,или па колку грејачи има...

Значи сигурно заштита е тоа со заземјувањето?
А као да проверам какви се цевките?
Види кај вентилот што е какви се или тргни од изолацијата на цевките.
Цело скопје и бивши ју градови па и европа сите се заземјени на водовод.
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 00:01 ---
dobro poznat
можеш ли друже да објасниш (сериозно) што се случува кога бојлерот има и кога нема заземјување?
само да не даваш примери преку водоводни цевки пошто тоа не е званично заземјување. зградата треба да си има свое заземјување. нели има правила, која дебелина, која длабочина, што ти знам.
да не збориме дека полипропиленски цевки се едно миљон пути поздрави од поцинкуваните...
во кои случаеви доаѓа до струен удар од бојлер? неисправен греач? лоша инсталација? погрешна инсталација? немање поцинкувана водоводна мрежа :)eek:)?
или само лоша среќа, а.к.а. карма ис а бич, бејби?

што праиме со бојлерите у хотел? го гасат бојлерот кога е бањаат гостите (у субота:P) што праиме со оние што имаат централен бојлер (и за у кујна и за у купатило). Мијат садови и жжжжж'к! струја ги убива...
Абе момче заземјувањето на секоја зграда порано беше на водоводна мрежа, и сега е така. Освен ако инсталацијата е со пластични цевки па да се вкопуваат громобрански ленти за заземјување. Не е проблемот дали се поздрави или не, проблемот е што заземјувањето е така испланирано, еве отвори го боилерот одоздола види каде оди жолто зелената жица од термостатот, оди на бурето бидејки бурето се поврзува на метална цевка, е сега старите водо инсталатери и електричари ите како добро знаат дека заземјувањето е на цевка,а овие новиве водо инсталатери шо дуваат со фенови и се со мочка правени појма немаат дека треба да се заземји боилерот.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Види кај вентилот што е какви се или тргни од изолацијата на цевките.

Цело скопје и бивши ју градови па и европа сите се заземјени на водовод.
Кај што ми е бојлерот,неможам да видам,ти кажав,покриени се со пластика,и мора да ја искршам за да ја отворам.

Од кај што искача цревото,во дупчето малце зирнав,и нешто дрвено има внатре,кој знае што е па тоа.
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Види кај вентилот што е какви се или тргни од изолацијата на цевките.

Цело скопје и бивши ју градови па и европа сите се заземјени на водовод.
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 00:01 ---

Абе момче заземјувањето на секоја зграда порано беше на водоводна мрежа, и сега е така. Освен ако инсталацијата е со пластични цевки па да се вкопуваат громобрански ленти за заземјување.
уште де ми одговореше на другите прашања и све ќе беше супер.
ти кажаа дека не чини заземјување по водовод (јас и пертпоставува така)
кажи за другото...
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 00:05 ---
Кај што ми е бојлерот,неможам да видам,ти кажав,покриени се со пластика,и мора да ја искршам за да ја отворам.

Од кај што искача цревото,во дупчето малце зирнав,и нешто дрвено има внатре,кој знае што е па тоа.
дечко, абе не се будали да чепкаш. ако не си сигурен и мислиш дека нешто е лошо викни елетричар да ти провери. да не биде после сам себе го убијал...
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 00:05 ---
мојата зграда у аеродром не е заземјена на водовод
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
@ stranger777
Мене ме има спасено неколку пати од правење глупости како ставање шајки во штек како мал и слични работи.

@ dobro poznat
Тоа е најлесен начин на заземјување, ама во Хрватска законот налага на вградување заштитни склопки, кои доколку исклучуваат постојано, имаш проблем во инсталација, па не пуштаат струја и не ја загрозуваат безбедноста. Веројатно е и другите земји од ЕУ да имаат вакви прописи, па тераат некако. Овде ретко кој би вградил, а не се скапи воопшто (споредено со сигурноста која ја пружаат), па кога настане проблем (пробиен греач и слично), наместо склопката да детектира и ја исклучи струјата, најчесто човек го детектира протокот на струја низ заземјувањето/водоводот, па настануваат струјни удари и со фатални последици...

Ако „некој“ го прочита ова, ќе увезе милион склопки и ќе воведе ваков закон и овде :D
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
уште де ми одговореше на другите прашања и све ќе беше супер.
ти кажаа дека не чини заземјување по водовод (јас и пертпоставува така)
кажи за другото...
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 00:05 ---

дечко, абе не се будали да чепкаш. ако не си сигурен и мислиш дека нешто е лошо викни елетричар да ти провери. да не биде после сам себе го убијал...
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 00:05 ---
мојата зграда у аеродром не е заземјена на водовод
Немам намера да се расправам, кој живее во зграда нека погледне на водомерот дали му е врзана жолто зелена жица дали на водомерот дали на цевката од водомерот. Па да видиш дали чинело или не чинело такво заземјување.
Заземјена ти е на водовод зградата.
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Немам намера да се расправам, кој живее во зграда нека погледне на водомерот дали му е врзана жолто зелена жица дали на водомерот дали на цевката од водомерот. Па да видиш дали чинело или не чинело такво заземјување.
ама јас стварно те прашав кога настанува струен удар и зошто?
знаеш - не знаеш...
не ти водовод, па водовод...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
ама јас стварно те прашав кога настанува струен удар и зошто?
знаеш - не знаеш...
не ти водовод, па водовод...
Момче наместо струјата да бега по линија на најмал отпор,тоест преку жица, цевка, земја,таа се пренасочува целесно низ водата и низ твоето тело.
Ете како настанува струен удар,значи тие неколку стотинки додека да исклучи осигурачот наместо да се движи преку цевките во земја таа се движи преку тебе.
miki002 Не знам за во Хрватска, но она со пецкањето што го спомна, и јас го имам преживеано на едно место влегов да се туширам, пецка леле мајко, викам што е работава вака така онака, тие од хидрофор до мрежа со пластично црево поврзале пошто им прснала цевката предходно,ајде после жица од цевка до хидрофор.
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Во право е Добро Познат, најчесто заземјувањето е ставено на водоводната мрежа, па кога дојде до дефект во електричната инсталација, струјата се пренасочува на заземјувањето, во тој случај ако се тушираш а струјата е пренасочена на водоводната мрежа....RIP. Не мора баш бољерот да има дефект (пробиен греач), може и пералната да ти „заврши работа“.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Сеа видов,таа жицата што викате дека треба да е жолто зелена,кај мене не е таква,обична кафаеава е...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Во право е Добро Познат, најчесто заземјувањето е ставено на водоводната мрежа, па кога дојде до дефект во електричната инсталација, струјата се пренасочува на заземјувањето, во тој случај ако се тушираш а струјата е пренасочена на водоводната мрежа....RIP. Не мора баш бољерот да има дефект (пробиен греач), може и пералната да ти „заврши работа“.
Жити мајка ако беше така до сега си еба мајката цело скопје, кај комшијата пробива грејач цела зграда у моментот што се бања ајт јабана :pos:
Нема врска пак ке повторам струјата бега по цевките,по линија на најмал отпор па во земја,освен мала сензација на пецкање ништо друго не се случува. Ехе многу и пред мене и пред тебе и пред таткоти го мозгале тоа.
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 00:57 ---
Од водомерот е поврзана со цефката.
Ете паметен бил тој што ја ставил,бањај се немај гајле, ај да не ни се умирисаш греота си наше дете.:icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom