Струен удар (причини и како да се заштитиме)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tutor
  • Време на започнување Време на започнување
Да не се лажеме дека се бањаш или дека не шириш арома на свинско и онака во редовна постапка :pos:
Значи ако ти се метални цевките се е во ред, бањај се немај гајле дури и со уклучен, е ако ги менуваш цевките со пластични тогаш ставаш лента од земја директ до боилер,или со жица или како сакаш не е битно само што пократок да биде патот на заземјувањето,вака 100 метри жица, ќе те отепа дур да дојде до земја ако има пробивање на струјното коло. Значи што пократко растојание уште по едноставно до прозор можеш да пуштиш сајла а од боилер до надвор бакарна жица изолирана ( само што подебела ) сајлата ке ја поврзеш на лента за заземјување најмалку со должина од 2 метри и истата ке ја вкопаш во земја,едно метро или пак поцинкувана цевка од 2 метри ке ја набиеш во земја.
Ај со среќа па пиши ( или уште поубаво ич да не можеш да пишеш :pos:) што си направил.
Да ти нацртам,ако е по едноставно така ?
Прегледај го приврзокот 51215
CiTro...Ај види дали сега ти е појасно или да зимам блокот.

Jaсно јасно..фала (y) Абе до сега толку години не ме утепала струја па сега,а и што се секирам имам комшија електричар ќе го викнам да провери пак...па да се бањам на сигурно :pos:
 
Jaсно јасно..фала (y) Абе до сега толку години не ме утепала струја па сега,а и што се секирам имам комшија електричар ќе го викнам да провери пак...па да се бањам на сигурно :pos:
Нај сигурно напуни кадата влези во кадата, уклучи радио, фен, извади жицата од греачот легни у кадата и пушти струја така нај сигурно се проверува има уземњење нема уземњење.
Ај па пиши за резултати,те чекам да кажеш пошто ептен сум загрижен да не ни изгинеш:pos:
 
Не знаев каде да го сместам прашањево, побарав низ некои теми, се надевам барем тука дека ќе добијам реплика.
За Нова Година вечерта, дечко ми пуштил светло во купатило, и кога притиснал на прекинувачот почувствувал пецкање. Си помисливме ај да не ни се чини, и така си бевме пијани. Наредниот ден пак така, и кога влегол да се тушира повторно почувствувал благо пецкање. Неколку саати пред него и јас го користев тушот, и чешмите во кујна и купатило дека се сите врзани на истиот бојлер и не почувствував ништо.
Викнавме електричар, разгледа таму, смени некои насоки во потенциометрите или што и да се прави таму кај прекинувачот каде што првично забележавме проблем, и се испостави дека таму стварно си имало напон.
После тоа ги провери сите штекови, бојлерот, цевките, се, и рече дека се друго е во ред, и дека најверојатно пецкањето се случува при празнење на некои други електрични апарати во домаќинството или од соседите. Бидејќи куќата каде што живееме е со повеќе спратови и живеат повеќе семејства, јес да си има нешто постојано што си работи низ куќата, и комшииве над нас што се кажаа дека и они го имале тој проблем најчесто кога надвор времето е студено и влажно, односно од Октомври па докај Февруари месец некаде.
Човеков ни рече да не се грижиме, дека нема опасност од струен удар, и се тоа, и еве дечко ми пак пред малку забележал пецкање некое. Пуштив вода да проверам - и топла и ладна и секаква, и не почувствував ништо. :D

Дали сте имале ваква ситуација до сега, имал ли некој ист проблем. Се извинувам ако нешто не е у најдобар контекст напишано се надевам ќе ме разберете, се надевам нема да не испотепа струја. :D

Фала многу. :вонзем:
 
Најубаво да си повикаш друг електричар или водоводџија . доколку тој знаел би ви поставил еден обичен кабел од кадата или одводната цевка и да ја заземји самата када со тоа во најголем случај ќе ве заштити од струен удар.
 
Струјата е најголема курва, ја плаќаш а не смееш да ја допираш.
Dont play with her :D

Sent from my LG-P990 using Tapatalk 2
 
Како мал (8-9 год) често заборавав да го исклучувам бојлерот додека се бањам. Ама си добив квалитетен ќотек после бањање и од тогаш редовно го исклучувам :).

Дали некој знае како да се заштитиме од струен удар од бојлер во кујна?
Дали постои истиот ризик?
 
Со вакви работи нема играчка, касно ќе биде ако жалите со тушот во рака и dancing to electro pop like a robot from 1984. :D
 
Едино од ова ми е страв у животов, дека ќе умрам бањајки се со упален бојлер :coffee:, не дека ќе умрам него кој дебил треба да бидеш за да умреш така......
 
Што ми требаше да ја отварам темава, сега имам фобија од бањање :confused: уште кога ќе ми текне дека никој не го надгледуваше електричарот што ја поставуваше инсталацијата се ежам.
 
од струја и треба да се плашите. До тој степен за да ги проверувате одвреме навреме инсталациите. не само од бањање. Јас не се држев до тоа правило па некој можеше да отиде ку**рбан.
Треба на пример доколку имате плафоњерки, да си ги проверите жиците. Ако се подгорени да ги смените оти и од тоа може да се отиде (при допир на плафоњерката однадвор, а е под напон од соголена жица). И ако не се подгорени, подобро ставете си силиконски жици отколку да чекате да изгорат.
 
Aman be luge, ovie raboti so boljarot se ucat vo osnovno na cas po OTP : )

Sramota vakvi raboti da neznaete, i potoa drzavata e kriva :-P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom