Математичка мистерија

L

Luki Junior

Гостин
Да биде еден број делив со 8, бројо од последните 3 цифри требе да е делив со 8.

Значи сите броеви шо завршуват на 0 (или имат 0 измеѓу) отпаѓат. Автоматски отпаѓат сите шо завршуват на 6. Требе да е парен број, значи остануват бројове шо завршуват на 2 и 4. Ако завршува на 4, други можни комбинации со цифри се 30, 21, 12. 30 отпаѓа. Остануват 1,2.. 124, 214. отпаѓат... производо е поголем од 6.
Ако завршува на 2 има повеќе комбинации. 50, 41, 32, 23, 14, 05. 50 и 05 отпаѓат. 41 и 14 исто. 23 и 32 исто.. На крај сите отпаѓат... Оваа е за троцифрени броеви. (Шом содрже 4ка, тешко е да најдеш други цифри помножени по 4 да дават резултат 6)

Одеме на повеќе цифрени комбинации.. Ако производо требе да е 6, значи у игра се само 3 и 2 и единиците да допунат збиро до 7. Тава правило го задоволуват само 2 броја 1312 и 3112.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Ај да се пробам.. Имаш 8 осмици... Можеш да користеш само собирање.. Како може да ги распоредеш закрајнио збир, да е 1 000.
888 + 88 + 8 + 8 + 8
 
L

Luki Junior

Гостин
Па со собирање е, затоа брзо одеше.
Дај нешто со диференцијал, интеграл :)
Еее, не знам толку ногу математика, за диференцијали и интеграли.. Повеќе ме ареса некакви смотани задачки со некаква логика у позадина...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
1. На бројот 517, од десната страна допиши две цифри, така да добиениот број биде делив истовремено со 6, 7, 9

2. Еве нешто потешко но сепак на ниво од основно училиште:

Најди ги цифрите х и у така да за броевите составени од овие цифри важи:
ух * хх * хух = хуххух
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Еве одговор на второто. Од равенката може да се добие друга равенка х*х*х=...х Ваков услов задоволуваат броевите: 1, 4, 5 и 6. Бројот 1 ми се виде некако мал за да може да се добие 6 цифрен производ, па затоа режив да проверам и го земав y да е најголемиот едноцифрен број...9. Guess what? токму тоа испадна и дека е решението:

x=1
y=9

91*11*191=191191
Обично не преферирам да ги добивам резултатите емпириски али.... се погоди ептен овојпат.

Првото нека го реши некој друг.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Браво...
Првата задача е уште полесна, бројот треба да биде делив со 9 ( збирот на цифрите треба да е делив со 9 ) и парен за да биде делив со 6. Обиди се
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Веќе ја решив ама не на тој начин.
Ќе пробам да го објаснам мојот, колку ќе ме разберете дискутабилно е:icon_lol:

Значи за да еден број биде деллив со 6,7 и 9 треба да е деллив со нивниот НЗД, а тоа е бројот 126. Се се поедноставува бидејќи 126 е број многу близок до 125 кој пак е делител на 1000. Еве зошто е така.

Да земеме дека почетниот број е 51700. Најблизок број до 700 деллив со 126 е 5*125 +5=630. Значи должиме 70.

1008 е најблизок број до 1000 што е деллив со 126. Имаме 51000 па оттука 51*8=408 е вишокот.

408-70(долгот)=338-126=212-126=86 Ете ги двете цифри

Бројот е 51786
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 10:57 ---
Едит: Твојот начин бил каде каде полесен, ама ете, не ги памтам баш правилата на деливост.:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Веќе ја решив ама не на тој начин.
Ќе пробам да го објаснам мојот, колку ќе ме разберете дискутабилно е:icon_lol:

Значи за да еден број биде деллив со 6,7 и 9 треба да е деллив со нивниот НЗД, а тоа е бројот 126. Се се поедноставува бидејќи 126 е број многу близок до 125 кој пак е делител на 1000. Еве зошто е така.

Да земеме дека почетниот број е 51700. најблизок број деллив со 126 е 5*125 +5=630. Значи должиме 70.

1008 е најблизок број до 1000 што е деллив со 126. Имаме 51000 па оттука 51*8=408 е вишокот.

408-70(долгот)=338-126=212-126=86 Ете ги двете цифри

Бројот е 51786
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 10:57 ---
Едит: Твојот начин бил каде каде полесен, ама ете, не ги памтам баш правилата на деливост.:)
Браво...
Јас стварно ја решив поинаку, меѓутоа повеќе ми се допаѓа твојот начин
Еве како решавав 5 + 1 + 7 = 13
Што значи збирот на двете нови цифри треба да биде или 5 или 14. Од друга страна тој број мора да биде парен
Во обзир можат да дојдат само броевите
51732; 51714.; 51750, 51786 и 51768
од овие броеви делив со седум е само 51786
Ајде сега предложи некоја задача!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom