Иначе се запрашав сега нешто...
За еден човек да има споменик, треба да има и дела зад него што направил и како. Со што е заслужен овој Тодор Александров да има споменик и да се велича освен што бил член на ВМРО ( автономистичко) кое ја сака Македонија во прегратките на Мајка Б'лгарииа?
Сега една интересна изјава:
Како е претставен Тодор Александров?
Од многуте улици во Скопје кои ќе носат нови имиња, една ќе се вика Тодор Александров, кој е прикажан со фигура во Музејот. Директорот Светозаревиќ вели дека во музејот се претставува историјата каква што била, не заземајќи страни.
"Музејот нема намена некого да глорифицира или да понижи и да му ја намали вредноста. Тодор Александов не е претставен ни како позитивен ни како негативен лик, туку како еден од главните луѓе на ВМРО. Тоа било и не може да го анулираме. И тој си има некои позитивни и негативни страни, но тоа науката го кажува", рече Светозаревиќ.
Која е целта овој јунак со недифинирана улога за македонската историја да му се дава значајно место и да се велича пред други значајни револуционери притоа да добие споменик во една скопска населба од илјадници евра? Што направил со што заслужил?
Додека не добијам соодветен одговор, не пишувам на темава.