Мислам дека многу луѓе кој одговараат на оваа тема од форумов се во заблуда во однос на прашањето кои биле Тодор Александров и Ванчо Михајлов.
Пред завршувањето на I Светска Војна, власта во Бугарија ја превземала земјоделската партија на чело со Александар Стамболиски кој бил прогласен за премиер на првата демократска влада на Бугарија. Бугарскиот Цар Фердинанд уште во 1915 год. кога започнувала I С. Војна го наредил убиството на Јане Сандански. Организатори на ова убиство биле водачите на ВМРО - Тодор Александров и Александар Протогеров. Тие му биле лојални на Бугарскиот Цар и го убиле Јане Сандански.
Со доаѓањето на Александар Стамболиски за премиер на Бугарија, Тодор Александров и Александар Протогеров биле затворени како воени злосторници. Бугарскиот Цар Фердинанд се повлекол од престолот и власта му ја предал на својот син Борис III кој спроведувал иста политика како татко му кон Mакедонија. Царот Борис им наредил на група негови верни офицери да ги ослободат Тодор Александров и Александар Протогеров. Тие успеале да ги ослободат водачите на ВМРО кои одма се ставиле во служба на великобугарската политика на царот Борис кон Македонија. По негова наредба, Тодор Александров ги организирал убиствата на претседателот на Бугарската Влада -- Александар Стамболиски кој бил убиен од телохранителот на Тодор Александров -- скопскиот војвда Величко Вељанов, и го организирал убиството на Ѓорче Петров.
Откако Тодор Александров бил искористен од Бугарскиот Цар Борис, а за да конечно се пресмета со македонските револуционери и комунисти, го наредува неговото убиство под изговор дека тоа го направиле мак. револуционери и комунисти. Убиството на Тодор Александров го извршил Ванчо Михајлов (личниот секретрар на Т.Александров) кој бил назначен за водач на ВМРО - Автономистичка. Во 1924 год., по наредба на Ванчо Михајлов ке бидат убиени 120 лyѓе од едно село во Пиринска Македонија. Истата година по негова наредба ќе биде убиен војводата Димо Хаџи Димов. Него ке го убие телохранителот на В.Михајлов -- Владо Черноземски -- човекот кој подоцна ке го убие Југословенскиот Крал Александар I Караџорџевиќ во Марсеј.
Во текот на II Светска Војна, Ванчо Михајлов станал отворен пријател и соработник на Мусолини и Хитлер како и на водачот на Усташката НДХ - Анте Павелиќ. По II Светска Војна, Михајлов со помош на Римо-Католичката Црква и Папата се крие цели 46 години од Југословенската КОС која го барала за да им го предаде на македонските власти и да биде суден за сите злодела кои ги направил врз македонскиот народ. За жал никогаш не е пронајден. Умира во Септември 1990год. на 94 - годишна возраст.
Заклучок: Тодор Александров и Ванчо Михајлов се најголеми врховисти и крвници во историјата на македонскиот народ!