Хорор филмови

Го имам на PC неколку дена а никако да седнам да го изгледам, сега одкога го гледав конечно збор два за него. Chernobyl Diaries ги исполни моите очекувања, испадна баш како што претпоставува дека ќе биде. Лош хумор и лабава атмосфера на почетокот (borderline guilty pleasure), среќни парови бла бла и после работите одат во една сосема друга насока, да клише е но тоа е стандард во жарнов. Она што е битно е дека ептен добро е доловена атмосферата во целиот филм. Филмот има јака тензија и баш ова е најголемиот квалитет на овој филм, играта со камерата, светлината и звукот беше добро изведена. Исто вреди да се спомене дека локацииве каде е сниман филмов неможеше да бидат подобро одбрани! Слаба страна е приказната, недоволно разработена и нејасна.

Мечката! :D

Го препорачувам. Од мене 7/10.
 
Ги изгледав и јас Chernobyl Diaries и V/H/S .
Убаво е чувството кога ќе гледаш нови хорори , и кога од двата нема да си разочаран , нешто што ретко се случува во последно време .

Повеќе ми се допадна VHS , и навистина е измислен за сите други Point Of View хорори кои излегоа во последно време .
Убиствата се одлични , шминката е солидна , хорор моментите знаат да те мрднат од столица , и не е досаден бидејќи е составен од повеќе приказни. За машките е плус тоа што има и за определена нијанса повеќе голотија во филмот , така да нема да осетите кога ќе поминат саат и пеесе минути .
 
Еј хорористи ,
што мислите за Child's Play и Bride of Chucky ?
Seed of Chucky го гледав на Тв .

Вредат да се стават на watchlist за некогаш да ги гледам , или да ги прескокнам?
 
Повеќе ќе те насмее одколку што ќе те исплаши. Пред неколку месеци ги гледав сите 5 дела. Првите три се држат до приказната, озбилно се направени , додека последните два повеќе се кретенски направени ( особено последниот дел ), ама затоа имаат добар хумор. Види изгледај ги, ама не верувам дека ќе те исплашат ( освен ако немаш страв од кукли :icon_lol: ). Добри се за тепање време.
Инаку читав дека во 2013 ќе се правел нов Чаки, викаат ќе се враќал на старата приказна од првите три дела.
 
Го имам на PC неколку дена а никако да седнам да го изгледам, сега одкога го гледав конечно збор два за него. Chernobyl Diaries ги исполни моите очекувања, испадна баш како што претпоставува дека ќе биде. Лош хумор и лабава атмосфера на почетокот (borderline guilty pleasure), среќни парови бла бла и после работите одат во една сосема друга насока, да клише е но тоа е стандард во жарнов. Она што е битно е дека ептен добро е доловена атмосферата во целиот филм. Филмот има јака тензија и баш ова е најголемиот квалитет на овој филм, играта со камерата, светлината и звукот беше добро изведена. Исто вреди да се спомене дека локацииве каде е сниман филмов неможеше да бидат подобро одбрани! Слаба страна е приказната, недоволно разработена и нејасна.

Мечката! :D

Го препорачувам. Од мене 7/10.

7/10 многу му е другар, една 6 од мене има, 7 се веќе добри филмови, овој е просек, али не е лош, значи има прелазна оцена и од мене.

И дај некој нека ми препорача некој нов добар хорор? има ли таков воопшто? :D
 
Можеби малце го преценив, но во целина ми се допадна, солиден беше.

Друг нов хорор не знам, слабо некако жарнов го пратам во задно време. Лоши филмови вадат.
 
Еј хорористи ,
што мислите за Child's Play и Bride of Chucky ?
Seed of Chucky го гледав на Тв .

Вредат да се стават на watchlist за некогаш да ги гледам , или да ги прескокнам?
Првиов вака по наслов не ми е гледан ама на вториов семето на Чаки уште кога го дадоа на А1 првпат се истурив од смеење :pos: така да не очекувај хорор :D
 
Исто :pos: Доста смешен беше Семето на Чаки . Ама имам слушано дека првиот дел бил доста поквалитетен ( што е и за очекување според оценката на имдб и оа што е хорор од 1988 година)
 
7/10 многу му е другар, една 6 од мене има, 7 се веќе добри филмови, овој е просек, али не е лош, значи има прелазна оцена и од мене.

И дај некој нека ми препорача некој нов добар хорор? има ли таков воопшто? :D
Не беше толку лош CD, со оглед на тоа што последните амерички хорори кои сум ги гледал биле глупи.

Инаку, нешто последно што ми се допадна од жанрот е шпанскиот The Uninvited Guest. Повеќе е психолошки трилер отколку хорор, ама вреди да се гледа. А да, нема врска со американскиот The Uninvited.
 
Не не, не викам дека е лош, ама не е за седмица, изгледа сите на форумов различно ги толкуваат оцените, 5 е просек за мене, 6 солидно :)

Фала на предлогот, иде на download.
 
Не беше толку лош CD, со оглед на тоа што последните амерички хорори кои сум ги гледал биле глупи.

Инаку, нешто последно што ми се допадна од жанрот е шпанскиот The Uninvited Guest. Повеќе е психолошки трилер отколку хорор, ама вреди да се гледа. А да, нема врска со американскиот The Uninvited.
Добро е, пред да го дочитам предлогот помислив одма на тој американскиот за кој искрено жалам што потрошив час и половина.
Иначе овој ми е сметнат но нешто зафатен сум ќе го гледам по 15тина дена. Но од ден на ден паѓа оценката, веројатно за нигде е ама ако :)
http://www.imdb.com/title/tt1987028/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom