Карфур предизвика пад на цените и ја раздвижи конкуренцијата, колку време ќе траат ниските цени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
така иде зборот, ама не. Да одат и Гевгеличани, ама најголем дел од потрошувачите им се Грците.
добро бе, не се лути. еве никој од македонија не купува во грција. особено не од гевгелија: без визи на 70 км од солун и 40 од поликастро
 
мали, ај бркај работа...
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 20:33 ---

мислиш идејата која ја позајми КАМ? и го искористи недоаѓањето на Лидл до сега. али нема везе. КАМ има топ ноу бренд производи. башка ефтини... КАМ е комплетна Лидл/Алди прикаска. Само во помали рамки; со помала палета на производи и без алатчиња и апарати за домаќинство...
отиде темава у други води.
уште не сум бил во карфур во скопје, ама супер е што се отвори. нека руши тоа монополите. нека се размрдаат малце. како што рече некој - пак ќе вредат нешто 1000 денари...

Немој друже да те чуе некој.Пола Македонија работи во нив(Тинекс,веро,КАМ итн)
Знаеш каква катастрофа ќе биде ако ги намалат цените овие?Платите им зависат од прометот.Што поголем промет тоа поголема плата е кај нив.
 
Нема да биде никаква катастрофа затоа што со прометот што го остваруваа пред да дојде Карфур без никаков проблем можеа да им даваат најмалку двојно па и тројно повисоки плати од сегашниве.Пред неколку години Тодоровиќ јавно на телевизија изјави дека вредноста на капиталот на Тинекс изнесува околу 80 милиони евра за денес да дојде сигурно околу 100 милиони евра.Овие бројки јасно покажуваат дали ке им ги намалат платите на вработените кои до сега беа мизерни или не дај боже да ги отпуштаат од работа.Ако сака Тодоровиќ и понатаму да се луксузира со парите тоа и ке го направи само за да го задржи тоа темпо на зголемување на капиталот.
 
Немој друже да те чуе некој.Пола Македонија работи во нив(Тинекс,веро,КАМ итн)
Знаеш каква катастрофа ќе биде ако ги намалат цените овие?Платите им зависат од прометот.Што поголем промет тоа поголема плата е кај нив.

и поголема заработка за газдата ...
 
Сега само што се вратив од Карфур и она што го видов се совпадна со моите прогнози.На самиот влез нема никаква гужва,само еден човек од обезбедување,внатре имаше 3 до 4 пати помалку народ од вообичаеното,нема повеќе евтина тоалетна хартија,евтини чоколади,евтин зејтин кој еден пензионер прашуваше на кој рафт се наоѓа по 30 денари а таков јас не видов туку цена од 95 и никој не го купуваше, имаше полузелени банани по 29 и зимаат додека има затоа што промоцијата важи до 28 октомври,кај чорапите што беа на промоција жени правеа гужва додека кај останатите артикли сите рафтови беа полни и нормално народот со полупразни колички оди на каса каде што имаше ред по двајца на секоја каса.Се поретки се оние што излегуваат со полни колички но таквите не ги гледаат цените и каде и да одат без разлика во кој маркет излегуваат со полни колички.Најголемиот дел излегуваа на касите по 2 до 3 ситници што значи дека луѓето не наседнуваат на оние финти дека ако на почеток им даде некој по багателни цени ќе ги научи да пазаруваат од таму.Баба ми покојна викаше дека сиромав човек е жив ѓавол и дека тешко на крај нкој може да излезе со него односно да го прелаже како со Карфур.Како што мене ми изгледа работава бадијала ке отвараат други маркети кога народот по пониски цени ке продолжи да си пазарува од Кам,Стокомак,Денар дисконт и слични такви маркети затоа што цените секогаш ке им бидат пониски.:)
 
Еве еден пример...јас живеам во Литванија и тука на пазарот има многу ланци на маркети, но само два-три се најпознати. Нивната стратегија е многу слична на карфур и незнам зошто тука некои прогнозираат дека повеќе нема да има големи попусти итн...овде во Литванија со години успешно работат такви ланци на маркети как карфур....значи на пример кока кола од 2 литра чини околу 80денари, но имаат акција која што важи на пример 7 дена и се продава кока кола по 60 денари...значи не зборам за мали попусти туку за навистина големи попусти... или имаш попуст картичка од маркетот и со неа добиваш уште поголеми привилегии...и ова е нешто најнормална работа, а гледам во Македонија се дига толку врева како ќе се намалеле платите на Тинекс, Веро како они ќе бидат во загуба итн....едноставно самиот маркет ќе се приспособи како последица од влегувањето на карфур. Треба да сфатите дека такви големи попусти е најнормална работа и најважно е тоа што нема да престанат како што гледам дека се шпекулира.
 
а, во македонија, македонците се најсиромашни, па затоа треба и кај нас да се отвори, нели?
Лидл отвори продавница во поликастро само за гевгел'чани...
каква врска има тоа? важно има ефтини и квалитетни производи. башка што сите знаеме каков тип на продавница е лидл. никој нема илузии.

odat gevgelicani i drugite ziteli od pobliskite naseleni mesta, no skopjani koga se vrakjat od grcija, do vrv gi polnat kolite, ko priprema za kataklizma.

sekoj si bara kade shto mu e poevtino.
 
odat gevgelicani i drugite ziteli od pobliskite naseleni mesta, no skopjani koga se vrakjat od grcija, do vrv gi polnat kolite, ko priprema za kataklizma.

sekoj si bara kade shto mu e poevtino.
абе, ја не го кажав тоа како лошо нешто. баш напротив, дај боже и кај нас да отворат и лидл и алди, да живне малце све. не ги потценив (како ти, скопјани) гевгел'чани јас - и јас би купувал во лидл да имам на 40 км.
дај боже и практикер да отвори, па да се испоти малце хубо...

али просто боли комплексот, твој, на нижа вредност... нема потреба, 2012 е..
 
Добро е што конкуренцијата се размрдува, ваљда ќе имаме некој ќар од тоа. Инаку паќ ќе речам - освен некулкуте производи кои се по смешно ниска цена, а од кои мене најмногу ме бендисува бурекот со сирење (100 денари цела пита) останатите цени воопшто не ми изгледаа поевтини. Дури напротив, дел од производите беа поскапи.

Незнам дали знаете, но позната маркетинг тактика е значајно (во проценти 30-40%) да намалиш цени но не на скапи производи туку на евтини и преку нив да ги привлечеш купувачите. Потоа кога тие ќе дојдат (ко мене да купат бурек и к. млеко), ќе си го испазарат и останатото потребно за цела недела кое што “останато“ воопшто не е поевтино од другите - дури напротив.

Инаку јас слушнав дека Карфур веќе пикирал некоја голема локација во општина Илинден каде ќе изграделе трговски по теркот на оној нам добро познат во Солун.
 
Сигурен си дека тој што дошол по бурек од 25 денари ќе си го испазари и останатото кое е по повисоки цени од КАМ, Стокомак,Денар дисконт?Може да упали во друга држава ама кај нас тешко.Од 10 муштерии 1 можеби и со бурекот ќе изнакупи други работи ама да знаеш дека него парите не му се проблем додека останатите 9 што чекаат плата или пензија од први до први ќе излезат само со бурек а останатите работи ќе си ги докупат во КАМ и Стокомак затоа што им се поевтини и на само околу 300 метри од другата страна на улицата.Ова мое размислување комплетно се совпадна со сликата што ја видов вчера во Карфур а за која детално кажав погоре во мојот пост.
 
Денеска е петок и млада домаќинка реши да свари грав купен од карфур. И веќе 3 сата се вари, пола од зрната се сварени пола не.
Не се залетувајте по ефтини производи ке ги преплатите.
 
Денеска е петок и млада домаќинка реши да свари грав купен од карфур. И веќе 3 сата се вари, пола од зрната се сварени пола не.
Не се залетувајте по ефтини производи ке ги преплатите.
Не само што ќе се преплатат туку можат да бидат и опасни по здравјето на луѓето.Чим некоја намирница тешко се вари или пече голема е веројатноста да е генетски модифицирана а секоја таква храна е 100% канцерогена.Во Србија минатата година се појави во продажба генетски модифициран компир и оние домакинки што го купиле се жалеа дека во рерна не се печел ни после долги 2 часа печење а сите знаеме дека нашиот вкусен беровски компир или сличен таков што е одгледуван на планинско место му требаат максимум 20 минути за да се испече.
 
Денеска е петок и млада домаќинка реши да свари грав купен од карфур. И веќе 3 сата се вари, пола од зрната се сварени пола не.
Не се залетувајте по ефтини производи ке ги преплатите.
Колку е гравот Карфур?
Квалитетен грав Скопје за 180-200 денари. Тетовскиот на рака овогодишен проверен толку го даваат. Квалитет мислам на брзо и рамномерно да се свари и да е вкусен. За 2 саати без да е накиснат (не е препорачливо али кога си гладен...) прсти да излижеш. Тој тешко што се вари може да значи и стар грав или ако нерамномерно се вари, мешан од повеќе ниви.
 
Денеска е петок и млада домаќинка реши да свари грав купен од карфур. И веќе 3 сата се вари, пола од зрната се сварени пола не.
Не се залетувајте по ефтини производи ке ги преплатите.
Тоа е стар грав, останат од минатата година, млад грав и убав грав се вари за 45 минути до 1 саат. Отприлика сега му е сезона на младиот грав, ама нормално за упола цена ќе си јадеш стар грав, лански, а можеби и од пред 2 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom