Поздрав до Вечер и нарачателот на текстот, за тоа дека Карфур во Македонија се служи со измами:
http://www.carrefour.com/cdc/group/current-news/the-first-carrefour-hypermarket-opens-in-skopje.html
или можеби сајтот на Карфур е Грчко-Бугарска дубара да го лажат народов?
Најверојатно, повеќе засегнати страни, загрозени од здрава конкуренција, веќе почнаа валкана војна против Карфур, ама стапот има два краја.
Најголема глупост, закана-или добавувачите ќе стопираат испорака на Карфур, или другиве ќе ги бојкотираат добавувачите-самоубиство од заседа...
Па во карфур има од бугарско производство сок од 2,5л за 15 денари, кафе од Полска за упола цена од овде, кола пијалок од Франција по цена 40% поевтина од нашите производи,и?
Ќе ги затвориме границите?
Абе силата на Карфур и големите ланци како Лидл и слични е во тоа што купуваат огромни количини за цел ланец маркети и нормално имаат ниски цени под нивно лого , кај нас нешто слично пробаат Тинекс (Екстра) , Кам (Камко) и Веро (Веро), ама не се споредува.
Локалните производители можат да се вклучат во оваа игра на Карфур да имаат гарантиран откуп за голема количина (нормално со помала маржа) или ќе играат на ситно со повисоки цени...
Кај што влегле Карфур , Лидл и сличните, обично локалните ја бираат првата варијанта
Така да, ќе биде интересно допрва кај нас, а во комшии Лидл влегува во Србија, така да...
Интересно ќе биде....
