Да, не е „иста“ ко пред 3.5 или 1000 години, точно, али ти пишува таму на линковите како тоа се одредува од кое доба се тие фосили... читај, неам намера сеа пак копи пејст да ти правам.. штом дискутираш за нив, значи си ги прочитал добро и ги знаеш мааните на тие „мерни методи“.. ајде објасни ги убаво, оти гледам дека „добро си запознаен со истите“.. бидејќи јас не знам дека маани постојат...
Ако сметаш дека мерните методи немаат маани, тогаш во ред, биди си спокоен со нивната непогрешливост...
Мааните кои ги имаат мерните методи, веќе се познати: имаат прецизност до одредена граница, т.е. до одредена дата во минатото, (како на пример, Ц 14, кој може да „мери„ до некои 15 00 г во минатото, но не и подалеку...).
Друга маана е тоа што истражувачите претпочитаат униформна Земја, онаква каква денес за познаваме, но не и онаква каква што била во минатото, кое за нас е емпириски недостапно за проверка, па истражувачите пак се приморани да тргнат од одредени почетни (претпоставени) услови на Земјава. Тоа свештеникот Тимотиј добро го забележува!
Резултатите од тие мерења се често контрадикторни, ако на пример, во еден земјин слој, кој е датиран со голема старост, пронајдеш остаток, кој сам по себе е далеку-далеку „помлад„ од самиот земјин слој!
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 09:50 ---
Па кажи ги тие вистини, па да знаеме т.е. продискутираме дали си ти во заблуда, во што си во заблуда или пак не си?! Ки знај!
За тие вистини, пишувам веќе 5 г на форумов...
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 09:54 ---
Патем, да во заблуда се, но не Верните, туку верниците... да бидеш Верен е едно, а да си Верник е сосема друо... И јас сум верен на „девојка ми“, но не сум нејзин Верник.... (како бе така ги мешаш работиве не ми е јасно?!)
Кога велам „верен„, воопшто не мислам на некоја верност на сентиментална основа, туку на „верните„ кои се и верници по својата верска определба, но воедно се и верни/приврзани кон Црквата, кон нејзиното учење и конечно, верни кон Христа Бога.
Самиот поим „верен„ не значи само емотивна приврзаност, туку значи и приврзаник кон вистината.
„Верно„ значи и „вистинито„!
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 09:56 ---
Ми се арчи.... имам слободно време и сакам ти да ми го пополниш...
Добро ти оди...

И не се нервирај, што си запнал на лична основа?
Не, не сум нервозен...Само сум троа заморен од објаснувања, кои веќе ги имам ста‘ено на форумов, па сега, таман работа ако на секој член на форумов, му кажувам иста прикаска.
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 10:01 ---
Брат....
Значи милијарда пати ти е објаснувано од не знам колку само форумџии овде како нешто се докажува, претпоставува, што е докажување, претпоставка, теорија, хипотеза, и сл исл..И не знам зошто имаш потреба така дефетистички да ги испревртуваш нештата?!
Проблемот кој го имаат атеистите со нивните „вистини„ е совршено едноставен: атеизмот/атеистите се потпираат исклучиво на своите способности, убедени дека се моќни да осознаваат вистини, ама тие вистини, очигледно, се од краток век!
Црквата пак, користи витни кои ни‘ се од Бога откриени и кои се трајни и непроменливи, а не дадени од обичен смртник! Така, црковните вистини имаа своја основа и своја потврда од сам Бог, за разлика од научните вистини, кои се вистини онолку колку што е жив и носителот на тие вистини...
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 10:02 ---
Не можеш да замислиш временски интервал од милијарда години, но не можеш да замислиш ни временски интервал од 7500 - 8000 години. Ниту ти, ниту друг човек кој некогаш живеел. Животниот век е 75 - 80 години. Земјата да постоела една година пред да се родам за мене тоа би била цела вечност.
Лео, па ја‘ уопште и не замислувам временски период од 8 000 г, оти не‘ам потреба од такво замислување, туку само исповедам црковен став за староста од Светов, кој сигурно не е стар 15 милј. години...
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 10:04 ---
Проблемот е што бараш апсолутна вистина.
Вистината ја бараа сите мудреци, од сите денес познати цивилизации, ама не ја најдоа.
Апсолутната вистина е сам Бог! Така, нема(м) потреба од трагање по апсолутната вистина, оти Вистината-Бог, самиот ни‘ се откри!