Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Некој од постариве колеги да ми каже какви се тестовите економија за прв колоквиум. Највеќе ме интересира за графиците, дали воопшто има графици, ако има дали се бара да ги цртаме или да знаеме да ги препознаваме?
И дали носат многу поени за да знам дали да си ја тупам главата со нив или само набрзинка да ги поминам?
 
Учи си ги графиците. Нема ништо за цртање, туку да препознаваш само...лесни се и едноставни :) Имаше лани неколку слични од прашањата од Либро така да можат да ти послужат тие.
 
Сметководство ќе има задачи само како од прашањата така, нема да има да составуваме баланси?
 
Макро нека ги купат од книжарта на факултет, јас лани за малце ќе се сјебев со тие од Либро, на прв колоквиум сите прашања беа од скриптата од факултет, а од таа од Либро помалце паднаа.
А економија на инвестиции мислам дека вторник и среда ќе дава асистентот задачи, бидејќи во понеделник треба да ја завршиме седма тема. Би требало на колоквиум да има задача за инвестициониот мултипликатор, за амортизација и да се нацртаат инвестиционите фази. Од прилика ова би можело да се падне. Знам само дека за вториот колоквиум потешки биле задачите, бар така слушнав од постариве. :)
П.с. Дај нека ми каже некој до каде треба да се учи регионална економија за прв колоквиум и дали има нешто скратено?

Слабо учење у вторник брат празник е:) да се нацртаат инвестиционите фази???:eek::sick:oффф муки
 
Слабо учење у вторник брат празник е:) да се нацртаат инвестиционите фази???:eek::sick:oффф муки

:pos: Скаран сум со датумите. :D
Абе не се толку тешки, ги пројдов завчера, ако го знаеш основиот цртеж, немаш проблем понатака. :)
 
Нема биланси :D

Мене економија ми е страв малце, вака лесно ми е за учење, ама тие графиците, не знам како ќе бидат. Таки нешто повеќе да не кажа, кај нас Предраг слабо за колоквиумот зборува...
 
Колеги, може некој да сподели инфо за колоквиумиве РЕГИОНАЛНА ЕКОНОМИЈА и ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ?? Дали се паѓаат прашањата од либро развој?Пишување/заокружување? И регионална до кај треба за прв колоквиум??? :)) Ваше искуство тешко/лесно??
 
Мене економија ми е страв малце, вака лесно ми е за учење, ама тие графиците, не знам како ќе бидат. Таки нешто повеќе да не кажа, кај нас Предраг слабо за колоквиумот зборува...
Таки да од време на време кажува за колоквиум. Ќе имаш четири дадени графици и да определиш кој е точен.
Мислам дека Економија пак ќе поминеме, јас незнам Математика што ќе правам :/
 
Таки да од време на време кажува за колоквиум. Ќе имаш четири дадени графици и да определиш кој е точен.
Мислам дека Економија пак ќе поминеме, јас незнам Математика што ќе правам :/

Не одиш на часови? Мене матриците ми се најлесни до сега, веројатноста ми е малце проблем но мислам дека со повеќе вежбање ќе бидам доволно спремен. Е сега Драги знае и покрај решеното да не ти го прегледа тестот, па да те кутне. Пред 2 години на 300 души не му ги прегледал. Повеќе среќа е кај него отколку знаење.

Патем кој е тој Димитар што чувал на математика, кај него најтешко било... :D
 
Основи на сметководство нема да има задачи и биланси ?
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 13:47 ---
Да ми каже некој како се оди на колоквиум.
Вонреден студент сум и сум малку постар студент и сум збркана.
Учам за прв колоквиум од Основи на сметководство а немам поим ни како се пријавува , ни како оди сето тоа.Знам само дека е на 31.10 и толку.
Ке ми каже ли некој дали треба да понесам пријава, таксена марка или некои такви ,,матеркуки,,....
Дали треба да се пријавам дека ке одам на колоквиум ?
 
Ако сака некој да му ги продадам задачите од кај Милан за прв и втор колоквиум, решени се, нека ме исконтактира во ЛП.... :)
 
Стратегиски менаџмент нешто многу битно или нешто скратено?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom