Пушти го телевизорот во моментов на...

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
После Nightmares & Dreamscapes на А1 телевизија почнува нова мини серија со хорор/фантастична содржина, Демони (2009). Денес во 23:40.
Оваа е британска, а главна улога е Филип Гленистер. Одличен глумец.

Добра работа што последниве неколку години се појавија неколку вакви мини-серии.

 
Вечер во 10 и 30 на Телма го имате Имагинариумот на доктор Парнасиус, последниот филм на Хит Леџер. Убав филм е и вреден за дискусија, затоа кој може нека го ѕирне..:)
 
^Фала на информацијата. :) И онака нема што да правам,ќе го гледам филмот.
 
На Алфа само што почна The Untouchables пуштајте побрзо. Одличен филм со одлична актерска екипа, еден од најомилените од тој криминалистички жанр ми е.
 
Канал 5.....Златна Бубамара на популарноста со легендата Сашко Коцев :)
 
Kramer vs Kramer го имате вечерва на А1 од 23 и 30 часот. Класика филм е ова со убава тематика.
 
На „прва“, Оскар Времеплов со нашата и ваша омилена Миленка Рашиќ. Вовед во Оскарите вечерва.
 
ма каква прва каква втора.. пуштете си дискавери и ушивајте пред телевизор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom