El Bohemio
Silver Gate


Стефан Пеев, дипломиран машински инжинер од Велес, до објавувањето на својот научен труд “Космос” не дојде случајно. Со новите видувања на космосот и со воведувањето мерни единици Пеев не само што го корегира гигантот во научната област за вселенските закони - Алберт Ајнштајн, туку ги негира и основите на современата наука, тврдејќи дека: “Современата наука нема целосно сознание за времето, просторот, и брзината на светлината.” Тој ги препорачува како нови мерни единици: маса на време и маса на простор, поврзувајќи ги како интегрална смисла на времето.
Во 1990 година научниот труд на инж. Пеев под наслов “Космос” беше доставен до многу соодветни институции во светските метрополи. Оваа македонска космичка програма станува значајна по добиените експериментални податоци од НАСА - Вашингтон за постоењето на рајот (декември 1996 година) и за ротирањето на светлината околу сопствената оска (мај 1997 година). Во овие експерименти се вклучени илјадници светски научници и засега нивните теоретски пресметки се совпаѓаат со оние на инж. Пеев кого што почнаа да го нарекуваат “втор Ајнштајн”. Д-р Пасхал Сотировски, врвен научник во областа на проучувањето на сонцето, еден од ретките светски познавачи на космосот, научен соработник на опсерваторијата Медон, во Париз, Франција, во својата рецензија, меѓу другото, вели дека трудот на Пеев содржи интересни мисли и идеи што заслужуваат да бидат публикувани. Исто мислење има и д-р Боназола, астроном исто така од париската опсерваторија чија специјалност е космологијата. Доктор Трајче Анѓелов од Институтот за астрономија од Белград смета дека во глобала, кога се чита трудот на Пеев, се стекнува впечаток дека се работи за интересна идеја која може да се следи и да се изучува и која дава можност за натамошно разгледување.
Според тврдењето на инженер Пеев, во светот нема ништо друго освен материја (којашто се движи), а движечката материја не може да се движи поинаку освен низ времето, просторот и вселената.
Ајнштајновите теории се темелат врз два постулата.
Прв постулат: Принцип на релативитет: механичките, оптичките и електро-магнетните појави во сите инерцијално - движечки системи, протекуваат еднакво. Толкување на Пеев: Првиот постулат го искажува сфаќањето на Ајнштајн за нашето движење низ времето. Инженер Пеев, математички докажува оти првиот постулат на Ајнштајн не е точно. Имено, појавите во Вселената не протекуваат еднакво, туку зависат од променливата брзина на времето, која на различни места во Вселената е различна.
Втор постулат: Брзината на светлината во вакуум не зависи од брзината на изворот, во сите инерцијални системи изнесува 300 000km/sek т.е. брзината на светлината не зависи ниту од движењето на набљудувачот (приемникот), ниту од движењето на изворот. Толкување на Пеев: Вториот постулат го искажува сфаќањето на Ајнштајн за нашето движење низ светлината. Инженер Пеев е против и овој постулат. Имено, брзината на светлината не е константна, таа е во зависност од променливите: брзина на време и брзина на простор.
Главен извод на Ајнштајновите теории е заклучокот: Енергијата ееднаква на масата по брзината на светлината на квадрат (E=MC2). Меѓутоа, во времето и просторот разгледувајќи ја оваа формула Пеев заклучува дека таа не е целосна. Имено, масата треба да ја разгледаме составена од два дела и тоа како маса на време и маса на простор, а брзината на светлината како функција на двете променливи брзина на време и брзина на простор. Тоа значи дека енергијата зависи од четири променливи, со што се добива поцелосно сознание, а не како што е кај Ајнштајн со две променливи, што не даваат целосна претстава за енергијата.
Против современата наука
Според Пеев, Современата наука прави основна грешка поставувајќи ја брзината на светлината во координатен систем време-простор. Брзината на светлината треба да се разгледува во координатен систем брзина на време и брзина на простор, бидејќи и таа е брзина, со што се добива целосно сознание за неа како променлива големина. Оттука следува дека современата наука нема точна претстава и за просторот, бидејќи: “Оценувајќи го просторот со посредство на константна брзина на светлината се добива лажна претстава за него”.
Кога во XVII век бил поставен современиот Декартов координатен систем со три простории и една временска димензија, не можело да станува збор за интегрална смисла на времето, бидејќи интегралното и диференцијалното сметање е поставено од Њутн малку подоцна. А според тврдењето на инженер Пеев, без интегрална смисла на времето се добива лажна претстава за вселенското време.
Пеев математички докажува дека Вселената може да се разгледа какко целина составена од седум светови, секој во различна енергетска состојба. Проучувајќи го животот и разумот во Вселената, Пеев докажува дека човекот на земјата е дојденец од друг свет и дека теоријата на Дарвин за потеклото на човекот од мајмун е сосем погрешна.
Според пресметките на Пеев, ние се наоѓаме во почетокот на седмиот свет, на човештвото му се отвара несогледлива перспектива во која човекот технички ќе дорасне да ги посетува сите светови во вселената.
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 00:47 ---
Интервју со Стефан Пеев, македонскиот Ајнштајн
Господине Пеев, дали планетата Земја била посетувана од вонземна цивилизација?
Пеев: Повеќе светски научници тврдат дека нашата земја некогаш била посетена од вонземна цивилизација. Трагите кои се оставени од тие посети се избришани. Меѓутоа, сепак нешто е зачувано кое треба само детално да се проучи со сознанијата на денешната наука.
Многу преданија на нашиот народ зборуваат за проблеми кои од денешната наука не се разрешени. Со помош на современата наука, виша математика, атомска физика (дешифрирајќи ги овие преданија) се добива конкретна мисла која е интересна не само за читање, туку претставува и револуција во научната смисла за современиот свет.
Поврзувајќи ги знањата од повеќе области на повеќе народи и нашиот македонски народ има знаење за минатото кое треба да се вклучи во светската ризница.
Конгресот на САД и има одобрено на Американската вселенска агенција “НАСА” сто милиони долари за да одговори на дамнешното прашање: “Дали сме сами во вселената”?
Според Вас дали сме сами во вселената?
Пеев: Со ова прашање сум преокупиран уште од детството. За време на школувањето секоја информација која би можела да ми користи на горнот прашање, посебно ја меморирав.
Сега ми преостанува уште некои од тие информации да Ви ги презентирам за да можам слободно да одговорам: “Ние во вселената не сме сами”. На милијарди планети животот се одвива како што се одвива на Земјата. Но човекот на земјава е дојденец од друг свет и патува кон свет кој ќе ја достигне универзалната интелегенција.
Која е соджината на вашиот проект?
Пеев: Пред се се работи за проширување на сознанијата за времето, просторот, светлината како и за микро и макро светот. Врз основа на математички пресметки треба да се направи ревидирање на Ајнштајновите теории:
Објаснувањето на различните резултати од експерименталните мерења на брзината на светлината, разгледување на светлината во координатен систем: “Брзина на време-брзина на простор”, докажување на постоењето и практична примена на новите категории: “пат на време” и “пат на простор”. Потоа треба да се изврши експериментално определување на “константата и Космосот”, со што и практично ќе се докаже дека Космосот е ограничен. Друга фаза е определување на масата на времето и просторот, определување на параметрите на движењето на Земјата, определување на формулата на Космосот, разгледување на енергетската состојба на Космосот.
Какви се состојбите и степенот на сознанијата во светот и кај нас во областа на која припаѓа проектот (програмата)?
Пеев: Во 1676 година данскиот астроном Олаф Рјомер (1644-1710), прв добил резултат за брзината на светлината = 215.000 km/sek. Современтото определување на брзината на светлината по тој метод дава резултат 300 870 km/sek. Со максимална грешка 2700 km/sek. Досега по различни методи за определување на брзината на светлината се добиени разалични резултати. Потребно е да се направат анализи на максималните грешки на различните методи.
Современата наука прави основна грешка поставувајќи ја брзината на светлината во координатен систем: ”Време-простор”. Брзината на светлината треба да се разгледува во координатен систем: ”Брзина на време-брзина на простор”, бидејќи и таа е брзина, со што се добива поцелосно сознание за неа како променлива големина. Оттука следува дека современата наука нема точна претстава и за просторот, бидејќи ”Оценувајќи го просторот со посредство на константна брзина на светлината се добива лажна претстава за него”.
Кога бил воведен постоечкиот Декартов координатен систем со три простории и една временска димензија, не можело да стане збор за интегрален смисол за времето, бидејќи диференцијалното и интегрално сметање е воведено од Њутн нешто подоцна. Без интегрален смисол на времето се добива лажна претстава за вселенското време. Мојата теорија треба да ги корегира овие неправилности.
Што мислат научниците за Вашата теорија за Космосот?
Пеев: Добив неколку позитивни рецензии од познатиот д-р Паскал Сотировски од Опсерваторијата “Медон” во Париз, од д-р Трајче Анѓелов од Институтот за Астрономија од Белград, од Академик Татомир Анѓелиќ вработен во институтот за математика од Белград. Негативна рецензија е добиена од нашиот Природно математички факултет, со што забавен е развојот на науката на светско ниво за неколку години затоа што моите истражувања со многу сознанија се потврдуваат како точни. Мојот труд е испратен и до НАСА, Вашингтон - САД, до Националната академија на науки, Вашингтон - САД, и до Британската Академија од Лондон. Но тие немаат соодветни одделенија за да ги испитаат резултатите.
Како да се ориентираме во Космосот?
Пеев: Со константна брзина на светлината не може да се зборува за никаква ориентација во Космосот. Со изнаоѓање на променливоста на брзината на светлината изведени се и параметрите на движење на Земјата во Космосот.
Пронаоѓањето на врската помеѓу времето и просторот овозможува да се изведе формулата на Космосот и да се пронајде константата на Космосот, потоа површина на Космосот, волумен на Космосот, волумен на Универзумот, волумен на Небото, волумен на Континиумот, масата на Космосот, средната густина на масата во Космосот.
Како да се ориентираме во Космосот?
Пеев: Со константна брзина на светлината не може да се зборува за никаква ориентација во Космосот. Со изнаоѓање на променливоста на брзината на светлината изведени се и параметрите на движење на Земјата во Космосот.
Пронаоѓањето на врската помеѓу времето и просторот овозможува да се изведе формулата на Космосот и да се пронајде константата на Космосот, потоа површина на Космосот, волумен на Космосот, волумен на Универзумот, волумен на Небото, волумен на Континиумот, масата на Космосот, средната густина на масата во Космосот.
Очекувани резултати од истражувањето?!
Пеев: Секако тоа ќе значи соочување на современата наука со вистината на нејзините фундаменти “ВРЕМЕ” и “ПРОСТОР”, со што ќе се добие реална состојба за нови истражувања што ќе ги изменат сегашните теории.
Пеев: Секако тоа ќе значи соочување на современата наука со вистината на нејзините фундаменти “ВРЕМЕ” и “ПРОСТОР”, со што ќе се добие реална состојба за нови истражувања што ќе ги изменат сегашните теории.