Драги моји Македонци
Шта су то Животна осигурања, како лажу и варају људе уз помоћ преварантских уговора, агената осигурања, шта вам све говоре агенти, њихови приручници за шишање оваца, тј, продајни разговор, како се наплаћују одштете, и многе друге корисне ствари можете видети на блогу.. под називом КАКО СЕ ЗАШТИТИТИ ОД ПРЕВАРЕ ОСИГУРАВАЈУЋЕ КУЋЕ
http://gojko-prevareniodvinaera.blogspot.com/
Иначе г дине Путин, онај Тодор није из Ниш него из Новог Сада..
С поштовањем Гојко Родић
Господине Гојко...жална приказна но во конкретниот случај сопругата и детето се измамени од кумата а не од осигурителната компанија.
Имено, при потпишување на Договор потпишуваш низ прашања поврзани со здраствената состојба на осигуреникот. осигурителна компанија не можеш да превариш, многу пробале. тажна е целата приказна, меѓутоа ајде кажете ми вие кој алкохоличар се лекува на доктор? Цирозата одма удира и не можеш ти да тврдиш како црниот дроб му се оштетил од 1-2 години пиење. Измамата е од вашата кума којашто не смеела да крие податоци. Има посебно прашање колку алкохол неделно пиеш. Доколку се троа отпојке дотичниот господин ќе бил одбиен, односно со него немало да биде склучено договор.
Од тие причини се иде кај проверени брокери кои имаат долго искуство.
Јас работам со осигурување и со човек кој пие повеќе нема шанси да ме натераш да склучам договор. Впрочем, што ке ми ги неговите 50-100-200 евра провизија ако јас загубам доверба кај моите клиенти.
И на крај, јас би прашал дали воопшто тој го прочитал Договорот којшо го прочитал. Ако го прочитал, ќе барал да се измени договорот и заклучницата.
Нажалост заради погрешна упатеност, во овој случај, покојниот господин лажел кога го потпишувал договорот. Во моето кратко искуство сум имал неколку смртни случаи и сите биле без проблем исплаќани.
Жалам во секој случај.
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 00:13 ---
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 00:18 ---
Ова не е превара, ова е само неинформираност. Грешка на брокерот и грешка на фамилијата шо не си го прочитала договорот и не си барала измени. НИшто повеќе.
Земал да вложува, да штеди а не си прочитал основен договор. исто е и со штедни влогови во банки, кредити, хипотеки и овие договори. Сите знаат се а никој не чита.
Единствено полошо од човек што не знае ништо е човек што знае се.
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 00:29 ---
Еден пример вели
1.
Женско лице со пристапна старост од 30 години, траење на осигурувањето 10 години,
со годишна премија 600 Евра:
ОсигурувањенаЖивот
Евра
Осигурени суми и премија по лице
Осигуренасумаза смрт од болест
6.220,20
Осигуренасумазасмрт од незгода
12.440,40
тоа значи дека ќе двојам 50 евра месечно за фирмата во рок од 10 години, а потоа ќе ми ги исплатат тие 6220 евра? Или само во случај ако се разболам или загинам на децата ќе им исплатат 6220/12440 евра?
тешко е ова за сфаќање, се препотив од рачунање
Касно одговарам ама морам да прашам од кај ја најде понудава?
Да коригирам.
на Годишна премија од 600 евра твоја заштедена сума е 15 000 евра плус очекувана добивка од околу 50% или вкупно 22 500 евра (отприлика). Таа е сумата којашто ти ке си ја заштедиш и добиеш по истекувањето на договорот. ( Би дополнил дека нема договори на 30 години, највеќе е 25)
Доколку си вклучиш осигурување на живот ( и тоа е сега опционално, можеш и само да си штедиш) имаш 15 000 евра во случај на осигуран ризик болест со трагични последици и 30 000 евра во случаја на осигуран ризик несреќа со трагични последици.
Најтрагичното е од целава тема е што сите зборат за животно осигурување а тоа релано не постои веќе. Животното осигурување сега е само опција која сакаш да си ја внесеш во договорот. Сржта на сите производи на осигурителните компании е долгороно штедење на капитал за суштински прашања како што е пензија или образование на деца и слично. И уште повеќе не е алтернатива на банка, баш напротив комплементарни се баките и осигурителните компании.
И најдоговорно тврдам дека освен два- тројца на темава, другите имаат тоталан погрешна претстава за тоа какви договори се тоа. Јас имам таков договор, татко ми има, тетка ми има тетин ми има и брат ми има. цел свет го има.
Ама во Македонија се е превара, сите лажат а сите без никакво базично инфо тврдат дека знаат и дека е наводно превара.
Епа мили мои не ни е само државата трула и ние сме трули, конзервативни затворени ни најмалце отворено за интересен фамилијарен програм. не е трагично што нема многу договори во македонија, тоа е прашање на избор.....трагично е што никој не знае а не прашува, сите по дифолт знаат се. А појма немаат!!!