Со горниот дел од постот и работите околу бракот апсолутно се слагам.
Е сеа оној дел околу навредите, сметам дека е пред се некултурно така да се вреѓа.
Арно ама такви работи со бомбрадирања, гнаси, убивања, цркнувања и слично се дело на неколкумина, кои во јавност би биле бубалчиња.

Не можеш сите да ги ставиш у исти кош, како што јас не можам сите да ги ставам моите неистомисленици во исти кош.
А мислам дека токму тоа одредени членови го прават. А не се сложиш со нивното мислење одма си оцрнет како нецивилизиран, антилиберален, п аи хомофоб иако такво нешто е измислица, хејтер итн. Дали тие моменти се оправдани според тебе?
Јас, лично на таквите кои употребуваат краен и примитивен вулгаризам, имам реагирано особено на претходната тема и често пати и со полош речник од нивниот, без разлика што не спаѓам во оние што мавтаат со знамиња во корист на ЛГБТ популацијата.
Арно ама, некојпат треба да се препознае доза на сеир, сарказам и иронија од одредени постови