El Bohemio
Silver Gate
- Член од
- 6 јули 2009
- Мислења
- 1.058
- Поени од реакции
- 943
- Ние (САД) го донесовме на власт Садам Хусеин, му дадовме милијарда долари да создаде компании за хемиско оружје иако знаевме дека истото оружје ќе се користи врз Курдите и Иран“ е цитат од документарецот „Apologies Of An Economic Hitman.“
Скоро сите луѓе имаат пријатели, роднини колеги и познаници чии животи „добија лузни“ поради влијанието на психопатите, иако во јавноста сe уште владее дефиницијата дека психопат е личност со карактерно и ментално пореметувања, а никој не обрнува внимание дека нашето глобално општество има бројни психопатски одлики поради кои животот на обичните луѓе се претвора во кошмар и борба за опстанок.
Роберт Харе, истражувач во полето на криминалната психологија, пред 20 години го запишал следново:
- Повеќето психопати успеваат да ја сокријат нивната вистинска природа така што не убиваат директно, а со тоа успешно ги залажуваат луѓето околу себе бидејќи обичниот и нормален човек смета дека психопат е единствено некој што убил. Поради овој едноставен трик не ги гледаме работите со вистински очи; психопатите кои не убиваат имаат длабоко и деструктивно влијание врз нашите животи.
Др. Доналд Блек за време на едно истражување за психопатијата во „нормалното општество“ открил дека психопатските пореметувања може да се откријат во сите слоеви на општеството но во подолниот сегмент на општеството психопатите обично завршуваат во затвор додека во средната класа воглавно остануваат скоро незабележани се додека не достигнат до високата класа на општеството.
- Она што нас најмногу нѐ вознемирува кај психопатите е нивниот недостаток на емпатија кон обичните луѓе. Кај анти-социјалните психопати може особено да се забележи недостатокот од совест и чувството на жал без оглед колку тие психички и/или физички тие ги повредуваат луѓе со кои доаѓаат во допир. Психопатите без никаква грижа ги прекршуваат сите закони и правила бидејќи не можат да распознаат што е добро, а што лошо.
Колку сме малку спремни на есенцијалните психопати, најдобро покажува случајот на Теодор Роберт Банди (Теди Банди) кој е еден од најозогласените сериски убијци во модерната историја. Тој во неговата младост бил одлично дете, добар студент и ценет член на академската заедница со харизматична кариера на успешен адвокат.
Во текот на 70 и 80 години на 20 век силувал и убил повеќе од 30 девојки, полицијата не можела да го фати повеќе од 10 години, а уапсен е случајно за време на рутинска сообраќајна контрола. Никогаш не изразил каење за злочините кои ги направил, а во последните фази на судењето откако неколку пати се влечкал по судови за да се промене неговата пресуда (смртна казна на електричен стол), отворено кажувал пред семејствата на жртвите како уживал во секој момент додека ги силувал и убивал своите жртви. Но, тоа не е сѐ. Сведоците го опишувале Тед Банди како прекрасен човек со голема харизма во чиешто друштво уживале.
Роберт Харе тврди дека во населението се наоѓаат 1% есенцијални психопати и дека на 100 мажи психопати, се наоѓа 1 жена психопат, но дека жените се значително повеќе сурови и крволочни. Но, податоците на Харе се сметаат за конзервативни, а во последните години научниците кои се занимаваат со оваа тема тврдат дека постојат околу 6% психопати во глобалната популација и скоро сите се наоѓаат во главните градови, подрачјата со извонредна политичка и економска моќ, но интересен податок е тоа што психопатите исто така се наоѓаат во организации, компании и држави во кои владее хаосот.
Во потресната книга „Women Who Love Psychopats“ (Жени кои сакаат психопати) од Сандра Л. Браун на најексплицитен начин е објаснето како жените паѓаат во мрежата на предаторските психопати. Овие психопати нивните животи ги прават пеколни. Книгата не го обработува само семејното насилство; тука станува збор и за физичкото и психичкото насилство додека најспособните психопати не мораат физички да ги мачат бидејќи во потполност ги уништуваат и ги тераат на самоубиство.
Иако постојат многу истражувања со кои се покажува дека мозокот на психопатите е физички, хемиски и конструктивно различен од мозокот на обичниот човек, Браун на прецизен начин прикажува како физичките и генетичките разлики влијаат на однесувањето на психопатите и нивните предаторски карактеристики.
Оваа книга е особено важна поради сѐ поголемиот број на психопати меѓу машкиот дел на популацијата и поради едноставниот факт што поголемиот дел од општеството на планетата е патријархално ориентирано што ја отежнува борбата на жената против психопатијата.
Психопатијата не е новост, таа не е порок на модерното општество иако нејзината манифестација станува сѐ почеста, понасилна и повеќе глобално поврзана и во сите можни средства за уништување.
Недостатокот од едукација за психопатијата е основен проблем кој оневозможува борба против неа, што нас нѐ доведува до вториот и најважен дел за психопатијата, а тоа е патокрацијата или владеењето на психопатите.
Во 2007 година почина Андрзеј Лобацевски, научник и психијатар кој заедно со Казимиерз Дабровски, Стефан Сзуманом, Стефан Блачовски и многу други колеги синтетизирал 40 годишно истражување во Источна Европа од нацизмот до распаѓањето на комунизмот и за психопатијата која ја допира општествената пирамида која Лобацевски ја нарекувал патокрација односно, владеење на психопатите. Знаењето и изучувањето на злото го нарекол понерологија. патокрацијата е тоталитарен состав на владата која настанува кога психопатите ќе ги заземат најважните позиции во општествената хиреархија. Резултат на нивното владеење е вртењето на државата против сопствениот народ.
Откако Полска стана член на Варшавскиот пак, беше забрането изучувањето на пато-генетиката и психопатијата, а исто така беше забрането и истражувањето на карактеропатијата со која Лобацевски докажа дека психопатските карактеристики се налседни и дека во одредени семејства почесто се појавуваат.
Типичните карактеристики на карактеропатот (вид на спхипат) се: изразен егоизам, карактерно пореметување и желба за контрола, милитаризам, глорификација на политичката моќ, верски мистицизам и фанатизам, нарцизам, чувствителност, опседнатост со грандиозни идеи, интелигенција, харизма, егоцентризам, додека најважната карактеристика е прогресивно осиромашување на способноста на нормалните луѓе да го користат здравиот разум. Лобацевски откри дека поголемиот дел на карактеропати во детството претрпеле некои повреди на мозокот кои оставаат траги на телото (повредата на мозокот на Гоебелс во младоста и дефектната нога, царот Вилхлем II има повреда на мозокот при раѓање и парализирана рака, повредата на мозокот на Хитлер е предизвикана од ударите на неговиот татко и неговото спречување да ги изврши двете природни потреби со што се предизвикани сериозни пореметувања на дигестивниот тракт).
Во книгата „Political porenology“ - научно истражување за природата на злото прилагодено за политички цели, Лобацевски ја открива генезата на злото и психопатската деформација на општеството со неверојатна прецизност и јазик разбирлив за сите.
На пример, Лобацевски покажал како за време на владеењето на Вилхелм II, неговата војска започна да чувствува омраза кон сѐ што не е германско.
Историски гледано, факт е дека многу луѓе опстанокот на државата го поистоветувале со опстанокот на апсолутистичката влада, бидејќи тие исти влади ја поистоветувале државата со себе. Добар пример за тоа е францускиот крал Луј XIV кој често знаел да каже: “L’état, c’est moi” – „Државата, тоа сум јас“. Слични карактеристики покажувал и Хитлер и Џорџ Буш со својот нео-конзерватизам кој имаше јасна патриотска насока за владеење врз основа на тоа дека сите оние кои не се со нив, се против нив.
Лобацевски понерогеничниот пристап на општеството го објаснил со чувството на омраза и бес на Германците после Првата светска војна кога Германците не покажале ниту малку грижа на совест. Хитлер поразот го претворил во идеологија за предизвикување на Втора светска војна.
Но карактеропатите и есенцијалните психопати не се единствени. Лобацевски пишувал и за параноидно пореметување на личноста. Карактеристиките на ова пореметување е неверојатно важно за денешната состојба на општеството. Овие луѓе се релативно нормални и нормално размислуваат сѐ до моментот кога во комуникацијата со другите луѓе дојде до најмала разлика во размислувањето. Тогаш овие личности агресивно делуваат и навредуваат.
Интересно е тоа што луѓето со вакво пореметување на мозокот со години развиваат хистерија бидејќи неоштетените психолошки функции премногу се развиваат, а оштетените не можат да го стигнат тоа развивање. Сето ова влијае на инстинктивните и афективните реакции над рационализацијата, смиреноста и опуштеноста. Тогаш релативно смирените луѓе стануваат брутални, агресивни и воинствени, и тоа не само со зборови туку и со дела.
Сталин бил типичен пример за човек со напад на хистерија. Карактерот на Сталин изобилувал со егоизам и немилосрдност а често пати донесувал брзи одлуки без да ги разгледа фактите при што ги трауматизирал сите околу него. Сталин имал уште една интересна понеролошка карактеристика - бил зависен од есенцијални психопати како што бил Л.П.Бери кој го поставил како водач на тајната советска полиција.
Сигурни сме дека едуцирањето е основниот услов против борбата на патокрацијата. На нас останува да сфатиме кои се основните правила на слободата, како се губи слободата и како повторно се стекнува. На нас останува да живееме во страв, да живееме во незнаење бидејќи научниците дури сега го откриваат значењето и настанувањето на злото во луѓето.