Филмови кои ве оставиле да размислувате

Американски Психо е ремек дело!! Само пак ќе кажам мора прво да се прочита книгата за да се цени филмот :)
Смени го никот и аватарот и не заебавај многу :)
 
Бетмен.

Колку милијардери има во Готам Сити што можат да си го дозволат она што може да си го дозволи Бетмен, а не се Брус Вејн.

:icon_lol:

А за влијание, за да ме задума со денови... има неколку. Веројатно и тоа им е поентата, да исперат, да исплават мозок. А не ми текнува. А кога ке ми текне, ке пиашм. А не би пишал вака, ако веќе немав пишано, па да не бришам пост...

American History X
ete...:D
 
A.I. Artificial Intelligence

516506.1020.A.jpg


Taglines:

Journey To A World Where Robots Dream And Desire
(извор: imdb.com)

Дали ние (ака, луѓето) сонуваме и посакуваме? Да? А, што превземеме за да ги оствариме соништата и желбите? Токму така, скоро па ништо.
Секоја сцена од филмов ми отвараше нови прашања, за на моменти да се запрашам дали стварно е можно толку плитки да сме ние луѓето. Колку повеќе гледав од филмот, толку повеќе сфаќав дека живееме без цел. Со секоја сцена имав dafuq мисли.

И цела недела после филмов размислував. И неделата после таа. И годините после втората недела.
 
A.I. Artificial Intelligence

516506.1020.A.jpg


Taglines:

Journey To A World Where Robots Dream And Desire
(извор: imdb.com)

Дали ние (ака, луѓето) сонуваме и посакуваме? Да? А, што превземеме за да ги оствариме соништата и желбите? Токму така, скоро па ништо.
Секоја сцена од филмов ми отвараше нови прашања, за на моменти да се запрашам дали стварно е можно толку плитки да сме ние луѓето. Колку повеќе гледав од филмот, толку повеќе сфаќав дека живееме без цел. Со секоја сцена имав dafuq мисли.

И цела недела после филмов размислував. И неделата после таа. И годините после втората недела.

То good, филм посветен на Кјубрик.
 
Незнам како American Psycho ве натерал да размислувате со денови.. Што не ви излегло од глава, музиката од 80тите?
Мене филм кој ме има пореметено, со денови го мислев и друго немав пуштено а и немав реално желба е:

l_1191111_bd692415.jpg


Koмплетен филм според мене, во секоја смисла. Ќе ме извини Ио што вака 2-3 реченици, ама ветувам ќе се вратам со други, сега ме мрзи. :вонзем:
Да и мене ептен ми се допадна "No hotlinking please" МoviePosterDB.com како актер навистина блеснува во оваа улога
 
Koмплетен филм според мене, во секоја смисла. Ќе ме извини Ио што вака 2-3 реченици, ама ветувам ќе се вратам со други, сега ме мрзи. :вонзем:
Нема проблем и онака никој не те разбра ќе мораш одново :)
Пишете наслов покрај сликите, имам еден пост во една тема со 10-тина слики, секоја недела ми снемуваше по една слика. Нешто не може да се линкува, нешто го тргаат од ориналната локација. Пишете наслови.

Да не е само процедурално:
The Life of David Gale (2003)
images


На тема: смртна казна, за или против?
 
Vanilla sky (2001)

MV5BMjE3NDMzNzE2M15BMl5BanBnXkFtZTYwMjM4OTg4._V1._SY317_CR5,0,214,317_.jpg


http://www.imdb.com/title/tt0259711/

Теми за размислување: Која е разликата меѓу реалноста и сонот? Суровата реалност против нашите сништа? Дали патот до исполнувањето на нашите сништа мора да го најдеме или пак можеме да го направиме? Дали е клучот нашиот мозок и нашата перцепција за реалноста?

Сцена:
 
Со оглед на тоа дека повеќето веќе сте ги спомнале, еве еден од мене што ми текна, а не видов дека е напишан
Law Abiding Citizen
Колку само може лошо да исфункционира судството и општеството и на што се е спремен еден човек за да се одмазди за својата фамилија.
 
Одлична тема, Io. Ги обожавам ваквите филмови кои оставаат впечаток и траат многу повеќе од нивната предвидена минутажа. Тука е интересното, што еден обичен филм, најчесто фикција, може да ти влезе под кожа со своето дејство и да ти остане в глава со часови, денови. Овие филмови не се предвидени само за забава и релаксација, туку имаат за цел да те замислат, понекогаш и потресат. Од нечии туѓи измислени искуства да ти пренесат порака и одржат лекција за животот, луѓето, љубовта, ју нејм ит. Еве неколку филмови кои ме натерале да размислувам, презентирани според форматот на Io:

A Clockwork Orange (1971)
a-clockwork-orange-image-04.jpg


Што би те натерало на размислување? – Многу работи, но пред се` главната тема на филмот, а тоа е природата на луѓето. Портокалот поставува повеќе прашања: Со каква вродена природа се раѓаме? Дали по природа сме добри? Дали по природа сме лоши? Дали карактерот на една индивидуа може да се промени на природен начин? Што ќе се случи ако моралот се наметне вештачки? Кјубрик зема еден обичен хулиган и му прави низа работи за да види како тој ќе реагира, но и како ние, гледачите ќе ги доживееме неговите подеми и падови. На тоа додава и една друга тема, а тоа е политиката, желбата за власт, манипулацијата со која државата се служи и при која е неминовно да има колатерална штета.

Највпечатлива сцена: Кога започнуваат да му го перат мозокот на Алекс. Клик.

Dogville (2003)
dogville7.jpg


Што би те натерало на размислување? – Не можев, а да не го спомнам во темава, бидејќи ова е можеби филмот кој најмногу ме поттикнал да размислувам. Dogville започнува со една едноставна премиса – тајните на човекот и моментот кога некој од надвор ќе влета во затворен круг на луѓе. Промена, која изненадувачки е позитивна за сите. Како што се движи дејството, така картите се полека отвараат. Вистинскиот Догвил, но и луѓето во него, се` повеќе ја покажуваат својата ограниченост кон надворешниот свет. Таквата кратковидност резултира со злоба, алчност и насилство. Поради тоа е малку иронично што главното прашање одеднаш станува човековата мирољубивост, сочувството спрема другите и обидот да се оправдаат туѓите постапки, и лоши и добри. Разумот, правилните вредности, сето она поради кое човекот се разликува од животните. Dogville се обидува да испита до каде може да оди добрината кај луѓето, и на кој начин може да биде злоупотребена.

Највпечатливи сцени: Сцената во колата помеѓу Грејс и мистериозниот странец, и оние сцени кои следуваат потоа. Клик.

Babel (2006)
babel-movie-brad-pitt.jpg


Што би те натерало на размислување? – Поврзаноста на животите на луѓето во глобалното село наречено Свет, нераскинливата врска помеѓу луѓето од развиениот со оние од неразвиениот свет, оттуѓувањето во бракот. Сето тоа под закрила на основната тема, односно комуникацијата. Онаа комуникација која секој од нас треба да ја искористи за подобро да ги слушаме луѓето околу нас, нивните потреби и желби и нивните маки. Истовремно филмот како да сака да демонстира дека луѓето не се лоши по природа. Можеби, едноставно, понекогаш се добива погрешен впечаток бидејќи во денешните турбулентни времиња секој си гледа сам за себе. Звучи чудно, но можеби поради тоа и односот помеѓу луѓето се` повеќе станува условуван од парите и економијата.

Највпечатлива сцена: Како Американецот останува без зборови кога сиромашниот Арап одбива да му земе пари бидејќи и’ помогнал на неговата ранета жена. Гледачот не може, а да не биде запрепастен што во некои култури (и тоа неразвиени) човекот е оној кој го има приматот, а не парите.

Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004)
eternal-sunshine_l.jpg


Зошто би те натерал на размислување? – Бидејќи на интересен начин ни ја прикажува нестабилната рационалност на еден човек соочен со вистинската љубов. Филмот поставува едно интересно прашање: ако знаеш дека љубовната врска кога-тогаш ќе ја снема, дали ќе се обидеш да заборавиш на неа, и тоа буквално? Дали навистина она кое не го знаеш не може да те повреди, или пак е сепак најдобро кога ќе го искусиш она вистинското, без оглед на последиците.

Највпечатлива сцена: никоја посебно, што не значи дека филмот не изобилува со прекрасни сцени. Ако веќе треба да изберам, можеби би била оваа.

The Science of Sleep (2006)
scienceofsleep.jpg


Што би те натерало на размислување? – Филмот се занимава со внатрешниот конфликт на еден обичен човек, надокнадувањето на недостатоците во реалноста преку сонување на еден подобар свет и имагинацијата како средство кое може да помогне во освојувањето на саканата личност. Ликот на Стефан е совршен начин да се испита несигурноста која е присутна кај секој од нас, без разлика дали станува збор за несигурност во љубовта, работното место, или комуникацијата со луѓето.

Највпечатливи сцени: Најверојатно сите. На пример оваа.

Man on Wire (2008)
man-on-wire.jpg


Што би те натерало на размислување? – Колку и да звучи клише, темата на филмот е дека се` се може кога се сака, или на амерички only sky is the limit. Во овој случај буквално. Man on Wire ми е еден од омилените документарци пред се’ поради оптимизмот кој го шири. Личи на холивудски филм, но е крајно реален, ослободен од идеализации. Филмот не се обидува да направи супер-херој од протагонистот, туку едноставно да покаже како еден човек е спремен да жртвува многу за да си ја оствари желбата од детството. Желба која е далеку од разумот и правилата, но сепак остварлива.

Највпечатлива сцена: Кога Алекс си се шета по жицата, и се заебава со полицајците. Клик.

Rebecca (1940)
rebecca_1.jpg


Што би те натерало на размислување? – Филмот не разработува којзнае какви длабоки прашања, но бидејќи е можеби првиот ваков филм кој сум го гледал, и бидејќи е филмот кој ме запозна со Хичкок, го мислев со денови. Не дека филмот е обичен површен трилер. Основната тема, која уште на времето ми остави впечаток, е дека понекогаш (најчесто?) луѓето не се такви какви што изгледаат. Колку повеќе запознаваш некој, толку подобро знаеш што да очекуваш од него. Кога ќе откриеш се`, работите никогаш повеќе нема да бидат исти.

Највпечатливи сцени: сцените кога вистината излегува на виделина и пожарот на крајот.

The Little Prince (1974)
the-little-prince.jpg


Што би те натерало на размислување? – Исто како и книгата (која ми е една од омилените), специфично за филмот е што доживувањето е различно во зависност од тоа на која возраст го гледаш. Можеби филмот и не е најсоодветна адаптација на книгата, но сепак ми е многу драг бидејќи како дете го имав на касета и го утепував од гледање. Општо е познато дека во приказната има еден куп мудрости. Еден мал принц, кој е во потрага по знаење, и еден пилот, кој е заглавен во пустина, се спријателуваат и нивните животи остануваат променети засекогаш. Со едноставност и убавина, филмот изобилува со алегории за пријателството, животот и смртта. Приказната ја следиме преку призмата на наивната детска наивност, па така гледачот на поинаков начин приметува дека филмот се занимава со сериозни теми.

Највпечатлива сцена: Крајот.

Има уште некои филмови кои би сакал да ги спомнам во темава, ама за нив во некоја наредна прилика.
 
Бетмен.

Колку милијардери има во Готам Сити што можат да си го дозволат она што може да си го дозволи Бетмен, а не се Брус Вејн.

:icon_lol:

А за влијание, за да ме задума со денови... има неколку. Веројатно и тоа им е поентата, да исперат, да исплават мозок. А не ми текнува. А кога ке ми текне, ке пиашм. А не би пишал вака, ако веќе немав пишано, па да не бришам пост...

American History X
ete...:D
Бетмен е вистината, а Брус Вејн е маската...:)
 
Му го заборавив името, со вонземјани беше нешто поврзано, као според истинити случаи, амерички филм, ама не ми текнува никако името..Со денови потоа мислев дали е навистина можно да има такви работи..
И оној за Помранџата спомнат од ВЛЈ, главниот лик првин го мразиш, па браниш, па рамногдушен и на крај ...mindfuck.
 
Му го заборавив името, со вонземјани беше нешто поврзано, као според истинити случаи, амерички филм, ама не ми текнува никако името..Со денови потоа мислев дали е навистина можно да има такви работи..
И оној за Помранџата спомнат од ВЛЈ, главниот лик првин го мразиш, па браниш, па рамногдушен и на крај ...mindfuck.
Прочитај ја книгата. Оште поголем мајндфак е...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom