Леле колку филма имам да спомнам на темава и не знам од кај да го фатам редот, секој втор филм го мислам и го анализирам поради различни причини. Ај па да почнам од тие филмови што ми текнуваат во моментов дека сум ги мислел долго време и уште ги мислам (rabotev vo radio i uste rabotam)
The Straight Story
Најтоплиот филм на Дејвид Линч и еден од најубавите филмови воопшто. Секогаш го мислам, посебно ми е драг затоа што ја прикажува човековата душа онаква каква што е, добар пример кој може да се искористи во темата Постои ли душа и како да ја познаеме, претопла приказна која не те остава рамнодушен. Дека фамилијата е на прво место.
Најдобра сцена - старчето низ патот наоѓа една девојка која избегала од дома, и тој ја поканува покрај огнот и зема неколку гранчиња. Од тие неколку издвојува едно и и вели - пробај скрши го ова гранче вака одма ќе се скрши. После зеде повеќе гранчиња и ги спои и и рече - пробај сега скрши ги овие гранчиња што се заедно, нема да можеш да успееш. Тоа е фамилијата.
Преубава симболика за братската љубов и душата која те тера да се расплачеш од што е чиста и искрена.
Толку едноставен, а полн со емоции филм.
Le scaphandre et le Papillon (The Diving Bell and the Butterfly)
Биографска приказна за Жан Доминик кој доживува несреќа и е целосно парализиран освен неговото лево око. Еден од моите омилени француски филмови. Зошто мислам на него? И покрај тоа што е неверојатно доживување затоа што е снимен на несекојдневен и интересен начин, ме инспирираше психичката борба која ја доживуваше (на која си личен сведок како гледач цело време). И поради тоа што борејќи се за живот сфаќа дека материјалните работи и сите други нешта кои изгледаат "големи" се ништо во споредба со тоа колкава е големината на една душа и силината на мозокот, т.е. со што се може да се справи и да издржи човекот низ текот на својот живот.
Омилена сцена - сите, не можам да издвојам...
Papillon
Уште еден филм кој ми има оставено силен впечаток и често испаѓа да се сетам на него. Стив Меквин и Дастин Хофман се осудени на доживотен затвор. Го мислам затоа што е многу добар пример за слободата која ја цениш откако ќе ја изгубиш и издржливоста да не бидеш психички скршен од стравот кој ти е приреден. Нешто што ме потсети на Cool Hand Luke, ликот на Стив Меквин кој упорно се обидува да избега од пеколот во кој е оставен да гние, и колку само не се предаде покрај толку неуспешни обиди, а од другата страна оној на Хофман не издржа и се приврза на затворскиот живот кој одвај чекаше да му помине само механички. Приказна за едно необично пријателство, хоророт и агонијата која може да ја издржи човекот. За луѓето што сакаат да живеат.
Омилена сцена - средбата со лепрозните.